Томовски: Жерновски зема плата од 1000 евра месечно за градба на Клинички кој не се гради

​Аферата „Паразити“ со години го јаде системот. Од владата именувани функционери, звучни имиња, земале илјадници евра, додека народот мизерува.

Функционерите од аферата „Паразити“ не можат да ги оправдаат парите кои ги земаат со реална работа, придонесот кој тие треба да го даваат за тие пари не се гледа.

Со еден таков пример ќе ја отвориме оваа прес конференција, се работи за Андреј Жерновски, кој повеќе од година ипол е дел од проектната единица за Клинички центар, и за тоа зема месечен надомест од 1.000 евра.

Жерновски, до сега земал над 18.000 евра од министерството за здравство. А, намената за која што ги зема тие средства не е оправдана. Клинички центар нема, ниту се гради тој во Штип, а тој во Скопје не е ниту во фаза да почне да се гради.

Зошто се држи Жерновски на позицијата и зошто му се исплаќаат по 1.000 евра месечно, иако за тоа нема потреба, треба да ни одговорат од Владата.

Сосема неоправдано се трошат парите од министерството за здравство, а во исто време гледаме како секојдневно луѓе собираат пари за лекување преку донации.

Иста е ситуацијата и со Кире Станкоски, генерален директор на Тутунски комбинат Прилеп, кој зема месечна плата од над 2.000 евра.

И додека тутунарите се сѐ посиромашни, и едвај врзуваат крај со крај, генералниот директор на Тутунски комбинат за еден мандат ќе инкасира без малку 100.000 евра.

Неоправдано трошење на средства на граѓаните гледаме и во М НАВ, таму како што веќе објавивме двајцата директори земаат скоро 500.000 евра плата за еден мандат од четири години. Фахрудин Хамиди зема плата од 6 илјади евра месечно, додека Владо Крстевски зема 4.5 илјади евра месечно. И за двајцата јавноста не знае што прават, ниту дали ги оправдуваат овие високи плати, или пак целиот товар на работата во М НАВ паѓа на вработените стручни лица, кои имаат далеку помали плати од директорите.

Аферата „Паразити“, покажува како група функционери именувани од владата земаат огромни суми пари по основ на плата во време кога имаме економска криза, а притоа не гледаме со што тие ги оправдале овие примања. Нема нови инвестиции, нема позитивни биланси на компаниите, нема задоволни граѓани кои се корисници на овие услуги.

Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Сенатот го потврди Роберт Кенеди Помладиот за министер за здравство

Потврдата од Сенатот му го отвора патот да положи заклетва на позиција каде што ќе надгледува неколку големи медицински агенции, вклучително и Управата за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести.

Роберт Ф. Кенеди Помладиот, критичарот на вакцини, кој го поддржа претседателот Доналд Трамп, откако се откажа од сопствената претседателска кандидатура, беше потврден од американскиот Сенат за министер за здравство и човечки услуги и покрај противењето на медицинскиот естаблишмент и членовите на Конгресот.

Роберт Ф. Кенеди (71) беше потврден со 52 наспроти 48 гласови, а Мич Меконел беше единствениот републикански сенатор кој им се придружи на 47-те демократи кои гласаа против Кенеди, кој сепак вети дека ќе ги заштити постоечките програми за вакцинација во обид да ги обезбеди гласовите на неопределените пратеници.

Потврдата од Сенатот му го отвора патот да положи заклетва на позиција каде што ќе надгледува неколку големи медицински агенции, вклучително и Управата за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести.

-Откако Кенеди ќе положи заклетва подоцна денеска, Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба за формирање на комисијата МАХА, именувана по движењето „Направи ја Америка повторно здрава“ на Кенеди, и ќе го упати новиот министер да ја „истражи оваа хронична криза што ја зафати нашата земја“, рече портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит.

Кенеди, адвокат специјализиран за заштита на животната средина, долго време покренува сомнеж за безбедноста и ефективноста на вакцините кои помагаат во контролата на болестите со децении и спречуваат смрт на милиони луѓе.

Тој сега ќе раководи со Министерство кое управува со повеќе од три трилиони долари наменети за здравствена заштита.

Одделот, исто така, ги надгледува програмите Medicare и Medicaid, кои обезбедуваат здравствено осигурување на над 140 милиони Американци, и Националниот институт за здравство (НИХ).

Кенеди рече дека сака да работи на ставање крај на хроничните болести, да ги прекине врските меѓу вработените во американскиот регулатор за лекови и фармацевтската индустрија и да го отстрани флуорот од американските резерви на вода.

Противниците тврдат дека тој не е погоден за министер за здравство поради неговата истакната улога во движењето против вакцините.

Кенеди рече дека сака да се ослободи од многу вработени во ФДА и НИХ. /МИА

Украина вели дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск

Украина денеска соопшти дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск, територија што Киев има намера да ја користи како договор за пазарење со Москва.

-Имаме своја безбедносна зона на територијата на Руската Федерација ..., која зафаќа околу 500 квадратни километри“, изјави на Фејсбук врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.

Ова тврдење не е независно потврдено./МИА

Трамп: Украина нема да биде исклучена од можните мировни преговори со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина ќе добие место на маса во какви било преговори со Русија за ставање крај на војната.

Во изјавата за новинарите во Белата куќа, американскиот лидер повтори дека воениот конфликт во источноевропската земја мора да заврши. /МИА

притисни ентер