Томислав Николиќ гради црква во своето родно село

Српскиот претседател Томислав Николиќ гради црква на свое земјиште и со сопствени средства во родното село Бајчетина, во близина на Крагуевац.

Темелите на храмот, кој е посветен на Свети великомаченик Димитриј, се осветени на 15 октомври од шумадискиот владика Јован.

- Со долго очекувана радост истакнуваме дека откако Србија стана самостојна Република, господинот Николиќ е првиот претседател кој собра сила да изгради црква, и тоа во едно многу тешко време, нагласи владиката Јован.

Тој додаде дека со ваквиот потег Николиќ се вбројува „меѓу оние владетели на Србија, кои поколенијата ги паметат по градење, а не по уривање на цркви и манастири“.

Согласно црковните правила и договорот со Управниот одбор на Жичката епархија, земјиштето и новиот храм, по осветувањето, ќе бидат предадени во сопственост на Српската православна црква./МИА



притисни ентер