Во центарот на Москва според проценката на Ројтерс протестирале околу 40 000 граѓани. Инаку Навални на 17 јануари беше уапзсен од руската полиција веднаш по пристигнувањето на аеродромот Шереметјево по лекувањето во Германија .
Во центарот на рускиот главен град полицијата ги пречека демонстрантите и преку разглас им порача.
„Драги граѓани, овој собир е незаконски.Даваме се од себе за да ја осигураме вашата безбедност. Бидете внимателни, и ако е можно напуштете го овој илегален настан“, пренесе Индекс.
Според најновите информации на новинарите коие го следеле протестот, полицијата досега уапсила најмалку 1600 демонстранти, меѓу нив е и сопругата на Навални, Јулија.