Тинејџер е убиен , а уште еден е застрелан во автономната зона на демонстрантите во Сиетл

Едно 16-годишно момче е застрелано и убиено, а 14-годишник е сериозно повреден во автономната зона „Чоп“ во Сиетл, јавува Би-Би-Си.

Во изјавата на Медицинскиот центар се соопштува дека двајцата тинејџери биле донесени од автономната зона окупирана од демонстрантите против расизам во понеделникот во 3:15 часот по полноќ. Едно момче е донесено во сопствен автомобил, а другото во противпожарно возило.

Едниот тинејџер починал, а другиот е во единицата за интензивна нега.

Иако соседството за прв пат било окупирано од мирна група од неколку стотици демонстранти, ова е веќе четврто пукање во Чоп во последните десет дена кога беше убиен 19-годишниот Хорас Лоренцо Андерсон, а еден 33-годишник е повреден.

Следниот ден, 17-годишник е повреден, а во третото пукање, што се случи два дена подоцна, повредено е друго лице.

По последното пукање, градските власти размислуваат за укинување на зоната, односно повторно отворање на полициската станица што беше затворена при воспоставувањето на оваа област.

Шефот на полицијата во Сиетл, Кармен Бест изјави дека демонстрантите и жителите не соработуваат со полицијата, додавајќи дека зоната не била безбедна за никого.

Критичарите и од демократите и од републиканците сега бараат оставка на градоначалникот на Сиетл, Џени Дуркан, која инаку е од редовите на демократите. Тие веруваат дека таа го управувала градот за време на протестите и не знаела како да се справи со кризата во Чоп. Минатата недела, таа рече дека ќе разговара со демонстрантите за затворање на зоната, но барикадите се уште се на влезот во соседството.

Според локалните медиуми, областа Чоп е мирна во текот на денот, при што луѓето се релаксираат во парковите и се дружат со волонтери кои делат бесплатна храна. Но, во текот на ноќта, вооружени патроли шетаат низ областа.

Затворени гласачките места

Во  21 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Македонија можеа да гласаат на предвремените парламентрани избори. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

На денешните десети парламентарни избори, а петти предвремени избори право на глас имаа 1.814.263 граѓани, кои гласаа на 3.480 избирачки места. Овие избори се издвојуваат од досега одржаните во земјата бидејќи се организираат во состојба на пандемија на коронавирусот, гласањето за различни категории граѓани е три дена, а денешниот изборен ден трае два часа повеќе од вообичаеното и е прогласен за неработен.

Избирачките места во шесте изборни единици беа отворени во 7:00 часот, а гласањето заврши во 21 часот. Се гласаше за 15 политички партии и коалиции кои вкупно имаат 1.578 кандидати. Од нив, според статистиката на ДИК, 675 (42,78 отсто) се жени, а 903 (57,22 отсто) се мажи.

Денешниот изборен ден, според претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски помина мирно, со мали, спорадични инциденти, без нарушувања на изборниот процес.

До 19 часот на гласање излегле 830.370 граѓани со право на глас односно одѕивот е 45,77 проценти.

Сите вклучени во процесот и граѓаните кои одеа на гласање задолжително мораа да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од ширење на коронавирусот, а тоа се носење маска, држење растојание од метар до метар и половина, дезинфекција на раце при влез и при изле од гласачкото место.

Освен спецификата поврзана со коронавирусот, на овие избори првпат е дозволено да гласаат и лицата кои до 15 јули наполниле 18 години и се со важечки документи и не се организира гласање во дијаспората бидејќи немаше доволен број пријавени македонски државјани за гласање. Сепак, овие лица доколку беа во земјата денеска можеа да гласаат на избирачките места на адресата на која што се пријавени.

Вчера гласаа болните, немоќните и хронично болните лица, затворениците, лицата во домашен притвор и во старските домови. Според податоците од ДИК, вчера вкупно 7.861 болни и немоќни лица го оствариле правото на глас. Што се однесува до лицата кои се наоѓаат во домови за вонсемејна грижа, од вкупно 357 пријавени избирачи во оваа категорија, гласале 234, а во казнено поправни установи 1.235 лица.

Гласањето за овие избори почна во понеделникот, кога гласаа лицата со Ковид-19 и во самоизолација. Правото на глас го искористиле 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација.

Од гласањето во понеделникот и вчера ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност. Ливчињата остануваат запечатени во пликоата кои се наоѓаат во гласачките кутии до денот на изборите, односно до завршување на гласањето.

Првичните резултати од гласањето ДИК ги објавува во рок од 12 часа, а конечните 24 часа по завршувањето на гласањето.

Предвремените парламентарни избори во Македонија беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавируот и вонредната состојба беа одложени со Уредба со законска сила и одлука на ДИК. Потоа во договор меѓу политичките партии беше избран датумот 15 јули.

Изборите се одржуваат во ситуацијата кога во земјата недели наназад има троцифрени бројки на позитивни со коронавирусот. Но, Македонија е без Парламент од февруари година, а ја предводи техничка влада чија првенствена задача, според Пржинскиот договор, требаше да биде организирање фер и демократски избори.

Денешните предвремени парламентарни избори во Македонија ги следеа 2.709 домашни и странски набљудувачи. За изборите известуваа 57 странски новинари од 15 медиумски куќи, акредитирани од ДИК./МИА

Отворено студио на Канал 5: Немаше изборни прекршувања

Во Отвореното студио од 21 часот, кое го води Гоце Михајлоски, гостите Зоран Димитровски и Бранко Героски се согласни дека немало нерегуларности на изборниот ден.

Героски рече дека денот поминал мирен со релативно висока излезност. Димитровски пак додаде дека пандемијата влијаела на излезноста.Тој додаде дека има солидна излезност, но не се знае кому му оди во прилог.

Димитровски вели дека во регионот, каде што се одржувале избори, излезноста одела во корист на владејачките партии.

Героски вели дека предвидел тесен резултат, а смета дека разликата ќе биде изедначена со еден до два пратеника предност, но победува онаа партија што во периодов успеала да го мобилизира верното гласачко тело.

Деркоски: Излезноста до 20 часот е 50,86 проценти (Во живо)

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски изјави дека излезноста е 50,86 до 20 часот .

Според податоците што ги објави на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски, најголема излезност има во Четвртата изборна единица – 59,79 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 39,23 проценти.

Во Првата изборна единица излезноста е 52,17, во Втората е 47,97 проценти, во Третата 57,31 и во Петтата 50,16 проценти.

притисни ентер