Експертскиот тим во Вухан градот во кој по прв пат се појави вирусот Ковид-19 ќе биде околу еден месец, вклучително и двете недели карантин.
Петр Бен Ембарек, експертот на СЗО за животински болести кои преминуваат на други видови, го предводи тимот од десет независни експерти.
Виетнамскиот биолог Хунг Нгујен, кој е дел од тимот, истакна дека не очекува рестрикции на работата на групата во Кина.
Експертскиот тим на СЗО, по двонеделниот карантин ќе ги испитуваат вработените во истражувачките институти,, болниците и пазарите за морска храна во Вухан, каде се претпоставува дека се појави ковид-19.