Тимчо Муцунски на свечена вечера во Вашингтон за засилување на односите со САД и НАТО

Во рамки на посетата на Вашингтон, Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи на Република Македонија, ја имаше честа да присуствува на свечена вечера, организирана од државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. 

Вечерата, одржана во библиотеката на Конгресот, овозможи значајна можност за зајакнување на билатералните односи меѓу НАТО сојузниците и партнерските земји, како и за дискусија за актуелни глобални и регионални прашања.

„Во рамки на посетата на Вашингтон, присуствував на свечена вечера чиј домаќин беше државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Станува збор за настан кој беше организиран за министрите за надворешни работи на НАТО сојузниците и партнерските земји.

Вечерата која се одржа во библиотеката на Конгресот беше значајна можност за зајакнување на билатералните односи и дискусија за актуелни глобални и регионални прашања и уште една потврда за нашата посветеност кон градење на силно и стабилно партнерство со САД.“ - овјави Тимчо Муцунски на својот Фејсбук профил.

Доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година

Во Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) денеска напладне ќе се одржи доделување на традиционалните годишни награди за 2024 година.

Добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело е Жарко Кујунџиски за збирката раскази „Приказничар“, во издание на „Антолог“, а добитник на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка е Иван Џепароски за збирката песни „Посвети и пофалби“, во издание на „Дијалог“.

Наградата „Ванчо Николески“ за најдобро дело за деца и млади ќе ја добие Иван Антоновски за книгата „Бакнежи на небото“ од во издание на „Светулка“.

Добитник на четвртата награда „Димитар Митрев“ за најдобро дело критика или есеистика е Наташа Аврамовска за „Книжевни паметници“, во издание на Институтот за македонска литература, додека добитник на наградата „Мост“ за најдобро дело објавено од член на ДПМ на некој од јазиците што го зборуваат националностите во Македонија е Гордана Јовиќ Стојковска за делото „Била једном једна кућа“ („Беше еднаш една куќа“), во издание на „Слово љубве“.

Со овој настан, Друштвото на писателите ќе одбележи 78 години од своето постоење.

Во Гевгелија почнуваат натпреварите од купот „Благоја Георгиевски – Буштур 2025

 Гевгелија од денес до недела е домаќин на натпреварите од годинашниот кошаркарски куп „Благоја Георгиевски - Буштур“.

Осумте екипи во машка и четири во женска ќе се борат за вредниот трофеј.

Двојки за денешните четвртфиналиња:

ТФТ – Гостивар (почеток 13 часот)

Пелистер – Чаир (15:30 ч.)

Куманово – Кожув (18 ч.)

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 20:30 ч.)

Трофејот од ланскиот куп го брани МЗТ Скопје Аеродром.

Дебата „Вештачката интелигенција и културата: Револуција или еволуција?“

Францускиот институт во Скопје и Факултетот за информатика и компјутерски технологии организираат дебата на тема „Вештачката интелигенција и културата: револуција или еволуција?“, што ќе се одржи вечер

Францускиот институт во Скопје и Факултетот за информатика и компјутерски технологии организираат дебата на тема „Вештачката интелигенција и културата: револуција или еволуција?“, што ќе се одржи вечер, во 19:00 часот, во Europe House Скопје, во рамките на 10. издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“.

Настанот ќе го отвори Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција во земјава, а ќе учествуваат Жан-Габриел Ганасија, професор по информатика на Универзитетот во Сорбона и автор на десетина книги, вклучувајќи ја и последната, „Вештачката интелигенција објаснета на луѓето“ (2024), Андреа Кулаков, професор на Факултетот за информатика и компјутерски технологии и Илија Тирицовски, продуцент, кој ќе го претстави проектот „РеKреирање на иконите“.

Модератор на дебатата е Филип Аврамчев, организатор на Меѓународниот самит за вештачка интелигенција, што се одржа во Скопје, во октомври 2024 година.

-Дискусијата ќе се фокусира на тоа дали вештачката интелигенција може да создаде оригинална уметност или само ги репродуцира постоечките модели, дали може да ги замени уметниците и писателите или, пак, да служи како алатка која ја поттикнува иновацијата, потоа како да се дефинира улогата на авторските права при дела создадени со помош на ВИ, како и на начинот на кој оваа технологија може да ја демократизира глобалната пристапност до културата и уметничките дела.

За дебатата е обезбеден симултан превод.

притисни ентер