Главниот бугарски обвинител доаѓа во Скопје да ги преземе ДНК примероците за идентификација на жртвите.
Главниот бугарски обвинител Иван Гешев во ридружба на истражитела денеска ќе дојде во Скопје за лично да поднесе барање за правна помош до Обвинителството во Македонија. Бугарските обвинители треба да добијат ДНК профили од роднини на загинатите во автобуската несреќа заради идентификација на жртвите.
Денеска Бугарското обвинителство треба да објави нови информации за трагедијата.
Во меѓувреме, продолжува истрагата за тешката автобуска несреќа во која загинаа 45 лица на автопатот „Струма" во Бугарија.
Бугарската телевизија „Нова" јави дека шест истражители од Националната истражна служба и тројца обвинители од Подрачното обвинителство во Перник работат на предистражната постапка.
Во меѓувреме, седумтемина преживеани остануваат на лекување кај Пирогов. Нивната состојба е стабилна. Двајца од преживеаните вчера се оперирани. Еден од нив има длабока изгореница на двете раце. Здравствените власти размислуваат оние кои се стабилни да си одат дома кај своите најблиски.
Како што изјави портпаролот на Јавниот обвинител во Бугарија, Сијка Мишева за неколку бугарски медиуми, целта е да се идентификуваат загинатите во несреќата, а бугарскиот тим во Скопје ќе ги подигне ДНК-профили на роднините на жртвите за да ги спореди со ДНК-профилите на жртвите.
Во исто време, таа соопштила и дека екипа од шест истражители од бугарската национална истражна служба и тројца обвинители од окружното обвинителство во Перник ќе работат на предистражната постапка за тешката сообраќајна несреќа.