Тешко повредено лице откако возило „Рено клио" излетало од патот Чашка-Велес

На патот Чашка – Велес, после железничкиот премин во населба Превалец, вчера во 15.45 часот било пријавено дека патничко возило „рено клио", со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(74) од Велес, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата, информираа денеска од МВР, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

Откриен најсовремениот шверцерски тунел меѓу САД и Мексико (ВИДЕО)

Тунелот што се протега од американската држава Аризона до Мексико од властите е наречен „најсофистициран тунел во историјата на САД“.

Тунелот, кој не бил целосно изграден, наменет за шверц, се протега од местото Сан Луис во Аризона до мексиканска населба и има водоводна линија, електрични жици, вентилација и железнички систем.

Карл Е. Ландрум, вршител на должноста главен агент на Граничната патрола во секторот „Јума“, изјави за Асошиејтед Прес: „Ова се чини дека е најсофистицираниот тунел во историјата на САД и секако најсофистицираниот што сум го видел во мојата кариера.”

Според федералните агенти, камера била спуштена на длабочина од околу 7,5 метри, откако во областа на истрагата била откриена шахта. Фотографиите фатени од таа камера го прикажуваат системот широк 1,5 и 2 метри висок тунел.

Во јануари, американските власти објавија дека ќе го пронајдат најдолгиот тунел за шверц меѓу САД и Мексико, кој се протега од индустриската област во Тихуана од мексиканската страна, до патот кон Сан Диего, Калифорнија .

Слично како оној погоре, овој тунел висок 5,5 метри, исто така, располагал со железнички систем, вентилација и дренажен систем - дури имал свој лифт на влезот.

Ленс Леноар, супервизор за операции на граничната патрола, изјави дека сега откриениот тунел го „урна“ претходниот рекорд, тунелот долг 2.966 метри, пронајден во Сан Диего во 2014 година.

Тој додаде: „Никогаш не сме помислиле дека сторителите морале да одат толку далеку. Продолжуваат да ме изненадуваат“.

Центарот на Њујорк , Менхетн , во целосна темнина (ВИДЕО)

Поради прекин на електричната енергија, голем дел од Менхетен рано утрово останал во целосна темнина.

Десетици илјади луѓе во другите делови на Њујорк сеуште се без електрична енергија по минувањето на тропската бура Исаја.

Портпаролот на електроенергетската компанија ,,Cnsolidated Edison” изјави дека денешното затемнување започнало во 5.13 утрово (11,13 часот по Централноевропско време) во Харлем, горната западна и горната источна страна на Менхетен и дека биле погодени околу 180.000 корисници. Прекинот траел околу половина час, рече тој.

Уште 5.000 корисници останале без електрична енергија во посебен прекин во Квинс.

Засега не е позната причината за утринските прекини на електрична енергија, кои зафатија и неколку линии на метрото.

Екипите работат нон-стоп за да ја вратат електричната енергија низ градот, откако тропска бура го погоди американскиот источен брег.

Повеќе од 60.000 корисници во Квинс, Статен Ајленд и Бронкс уште се без електрична енергија, објави компанијата Кон Едисон, наведувајќи дека снабдувањето за многу од нив нема да биде повторно воспоставено пред недела навечер.

Германија и Франција демонстративно ги напуштиле преговорите за СЗО

Германија и Франција ги напуштиле преговорите за реформа на Светската здравствена организација (СЗО), лути на обидите на САД да ги водат разговорите и покрај тоа што тие  ја напуштија организацијата.

Нивниот потег е удар врз американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи Вашингтон, кој моментно претседава со Г7, се надевал дека ќе објави најави план за сеопфатна реформа на СЗО во септември, два месеци пред претседателските избори во САД.

Соединетите држави во јули објавија дека ќе го напуштат СЗО на една година откако Трамп ги обвини дека се премногу блиски со Кина и лошо управувале со пандемијата на коронавирус. СЗО ги негираше сите обвиненија.

Европските влади исто така го критикуваат СЗО, но тие не го следат Вашингтон.

„Никој не сака да биде вклучен во реформскиот процес и да добие нацрт за тоа од земја што штотуку самата ја напушти СЗО “, рече висок европски претставник вклучен во преговорите.

На прашањето за потврда на одлуката на Париз и Берлин, портпаролите на владите на Германија, Франција, Велика Британија и Италија немаа коментар.

Но, француското Министерство за здравство рече: „Соединетите држави не треба да бидат лидер во реформите во СЗО, откако објавија дека имаат намера да ја напуштат организацијата“.

Запрашан за ставот на Франција и Германија, висок функционер на администрацијата на Трамп рече: „Сите членови на Г7 експлицитно ја поддржаа суштината на идеите за реформа на СЗО“.

„Сепак, жално е што Германија и Франција на крајот избраа да не се приклучат на групата во прифаќањето на планот“, изјавија од Белата куќа.

притисни ентер