Терористите во Мозамбик обезглавиле 12 странци,не е позната нивната националност(ВИДЕО)

Дванаесет лица, најверојатно странци, биле пронајдени обезглавени по нападот на Исламска држава врз градот Палма во северниот дел на Мозамбик, во близина на проект за извлекување гас од 60 милијарди долари.

Командантот на полицијата Педро да Силва им изјавил на новинарите кои пристигнале во градот дека не може да биде сигурен во националноста на 12-те лица, но верува дека се странци затоа што биле бели.

„Тие беа врзани и обезглавени “, рече тој на ТВМ снимката емитувана вчера, покажувајќи на местото каде што, како што рече, ги закопал телата.

Веста доаѓа кога регионалните лидери требало да го одржат состанокот денеска за да разговараат за одговорот на бунтот во јужноафриканската држава.

Бунтовниците поврзани со Исламската држава се сè поактивни од 2017 година во северната провинција Кабо Делгадо, каде се наоѓа Палма.

Владата соопштила дека десетици луѓе биле убиени во последниот напад, кој започнал на 24 март. Се верува дека десетици илјади биле раселени, но точниот број на жртвите и раселените сè уште не е познат.

Снимките од ТВМ се направени пред хотелот „Амарула“, каде бунтовниците со денови по нападот држеле под опсада голема група, вклучително и странци и локални жители.

Ројтерс не успеал самостојно да ги провери извештаите за нападот врз Палма. Повеќето средства за комуникација со градот се прекинати по почетокот на нападот.

Групата која побарала засолниште во хотелот „Амарула“ се обидела да избега со колона автомобили на 26 март, но била во заседа непосредно пред вратата.

Седум лица биле убиени, соопшти владата, меѓу нив Британец и Јужноафриканец. Нивните тела се веќе земени од Палма.

Бојко Борисов е итно опериран- го скинал менискусот на фудбал

Бугарскиот премиерот Бојко Борисов вечерва бил примен во болницата во Пирогов  пренесуваат бугарските медиуми.

Борисов се здобил со повреда на менискусот при играње фудбал.

Во Пирогов бугарскиот премиер во оставка бил подложен на магнетна резонанца и е опериран во друга болница. За претходните спортски повреди на Борисов тој бил оперирани во Софијамед од водечкиот специјалист, Антони Георгиев.

Вучиќ за наводниот нон-пејпер на Јанша за прекројување на границите на Балканот: Спијте мирно..

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ја отфрла идејата за промена на границите на Западен Балкан, според која неговата земја ќе ја признае независноста на Косово, а за возврат ќе ја анектира Република Српска.

Во последните денови регионалната јавност се фокусира на наводниот нон-пејпер за промена на границите на балканските држави и нивна реорганизација според етнички линии, а медиумите како автори ги споменуваат највисоките словенечки функционери, што тие го негираат.

Во интервју за сараевската комерцијална телевизија „Фејс“, Вучиќ рече дека не видел никаков документ со кој некој, особено словенечкиот премиер Јанез Јанша, би се залагал за ново цртање на границите во регионот.

Тој истакна дека ваквите идеи се неприфатливи за него. „Поделбата на БиХ нема да се случи. Не ни треба територијата на БиХ“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека му ја пренел таквата порака на водачот на босанските Срби и претседател на колективното претседателство на БиХ, Милорад Додик, секогаш кога ќе се сретне со него.

Сепак, тој верува дека Додик има право да размислува како што сака, но не се согласува со него дека српскиот ентитет треба да биде држава.

„Спијте мирно ... Немате причина да се плашите затоа што апсолутен интерес на Србија е мирот и стабилноста“, рече Вучиќ, додавајќи дека мирот меѓу Бошњаците и Србите е од клучно значење и дека тој прави се за да го одржи.

Словенечкиот портал „Нецензуриран“ неодамна ја објави содржината на нон- пејперот без наслов и потпис и напишан на англиски јазик, а ја пренесоа многу други медиуми во Словенија, со предупредување дека не е потврден ниту од Европскиот совет ниту од Европската комисија.

Станува збор за неофицијален дипломатски документ за распарчување на БиХ, припојување на Република Српска кон Србија и обединување на Косово со Албанија и има наслов „Западен Балкан - патот напред“, тврди порталот.

Железничар во последен момент спасува дете пред брз воз (ВИДЕО)

Железничарот Мајур Шелхе му го спаси животот на дете на станицата Вангани во Мумбаи.

Имено, додека детето одело со својата мајка на платформата, тоа паднало на шините и не можел само да се искачи назад. Во тоа време, воз се приближува кон станицата. Мајур не се двоумел, туку веднаш тргна во акција. Скокна на шините и истрча кон детето.

Го зеде детето и го турна на платформата, каде што потоа се искачи. Секунди ги делеа од катастрофа. ЖелезничаротШелхе го ризикуваше сопствениот живот за да го спаси детето. Мајката била со оштетен вид и не можела да го спаси детето, туку очајно барала помош, пишува railpost.in.

Пијуш Гојал, почесен министер за железници, разговарал лично со Мајур Шелхе. Тој ја пофалил неговата храброст и најавил дека Мајур ќе биде награден.

притисни ентер