Телефонски разговор Ковачевски - Мелони: Воздушната НАТО патрола над нашето небо ќе ја реализир

Имаме целосна поддршка за евроинтеграциите.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во телефонски разговор со премиерката на Италија, Џорџија Мелони, разговараше за повеќе актулени прашања за нашата држава и за регионот.

Во фокусот на телефонскиот разговор, помеѓу премиерот Ковачевски и премиерката Мелони, беше претстојното патролирање на македонското небо, од страна на италијанските воздухопловни сили. Овој процес е согласно НАТО принципите на заменливост, а премиерите разговараа околу усогласувањето на потребниот технички аранжман помеѓу двете држави, по чиешто потпишување Италија и официјално ќе биде вклучена во оваа НАТО мисија над македонското небо.

Во разговорот, премиерот Ковачевски, изрази жалење за жртвите во полавите што зафатија делови од Италија овој месец, за што Македонија веќе понуди тимови за помош во санирањето на последиците, во форма каква што е потребна и можна.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за зајакнатата улога и лидерството на Италија, кога се работи за европските перспективи на Македонија и на регионот, односно за тоа што новата Влада, којашто ја предводи премиерката Мелони, го постави Западен Балкан високо на приоритетите во надворешната политика. Во разговорот беше посочено дека Италија целосно ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ и НАТО и дека процесот на европско обединување нема да биде комплетен без земјите од Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски и премиерката Мелони, го истакнаа значењето на следниот чекор на Македонија во европските интеграции, со изразено очекување сите политички лидери и субјекти во земјава да ја имаат предвид важноста на евроинтеграцискиот процес.

Во телефонскиот разговор, премиерот Ковачевски ја поздрави одлуката на Европската Унија со која стратешкиот инфраструктурен проект Коридорот 8 влезе во мрежата главни коридори во регионот и во Европа.

Во таа насока премиерот Ковачевски ја нагласи важната улога на Италија во истакнувањето на значењето на Коридорот 8, кон чијашто реализација е силно посветена и Македонија.

Во разговорот е констатирано и дека оваа година Македонија и Италија одбележуваат 30 години од воспоставувањето дипломатски односи, што е голем јубилеј којшто дава мотив за натамошна засилена соработка.

Оценето е дека политичките односи се традиционално добри и пријателски, а економската соработка го одржува долгогодишниот тренд во којшто Италија континуирано се наоѓа на листата десет држави со коишто Република Македонија има најголем обем на трговска размена.

Преку беби монитор „ја уловил“ сопругата, па се шокирал кога видел со кого е во кревет (ВИДЕО)

Деклан Фулер, 22-годишен Велшанец, тврди дека на „бејби мониторот“ ја фатил сопругата во интимна врска со татко му, по што решил да се разведе.

Деклан бил во брак со Стефани (22) со која ја има двегодишната ќерка Вилоу. Минатиот септември парот му дозволил на таткото на Деклан, Дарен (44) да се пресели во нивниот дом во Велика Британија, каде што се случила наводната афера.

Овој Велшанец тврди дека бил на работа денот кога сопругата го изневерила и решил да го провери „бејби мониторот“ на својата ќерка на мобилниот телефон. На видеото видел како Стефани оди во спалната соба со својот свекор за да се препушти на попладневната забава.

- Болно е, не е нормално - како можеше татко ми да ми го направи ова?, праша вознемирениот Деклан.

Вели дека тоа целосно го откачило и дека едвај го задржал бесот.

- Да не се вразумев, не знам што ќе му направев на татко ми - рече тој.

Кога се соочија со инкриминирачки докази, Стефани и Дарен негираа дека направиле нешто погрешно. Наместо тоа, тие тврделе дека едноставно биле во спалната соба за заедно да ги гледаат Симпсонови.

Деклан не поверувал во тоа објаснување и веднаш раскинал со сопругата, а таа веднаш започнала романса со бившиот свекор.

- Не го изневерив Деклан. Дарен и јас почнавме врска една недела откако Деклан ме отфрли, тврди Стефани.

Во неверојатен пресврт, Стефани сега е бремена со близнаци, чиј татко е нејзиниот поранешен свекор.

- Жал ми е за тие деца; тие доаѓаат во многу скршено семејство, рече Деклан, додавајќи дека неговата ќерка ќе биде и полусестра и братучетка на близнаците што наскоро ќе се родат.

И покрај неговото скршено срце, Деклан вели дека успева да ги игнорира семејните расправии.

- Се чувствувам изневерено, но подобро ми е без нив двајца, рече тој.

МААЕ предупредува: Украинската нуклеарка Запорожје три месеци е без резервно напојување

Украинската нуклеарна централа Запорожје три месеци е без надворешно резервно напојување, поради што е исклучително ранлива, предупреди шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

Постројката се потпира на еден преостанат оперативен далновод од 750 киловолти (kV) за надворешна електрична енергија потребна за ладење на реакторот и другите основни нуклеарни и безбедносни функции, соопшти МААЕ. Пред конфликтот, електраната имаше на располагање четири такви далноводи. Општата ситуација на електраната останува многу неизвесна и потенцијално опасна, рече Гроси.

Кревката ситуација со електрична енергија на централата останува извор на длабока загриженост и, како што покажуваат новоформираните принципи на МААЕ, има потреба од зголемени напори за да се обезбеди постабилно и попредвидливо надворешно снабдување со електрична енергија, додаде шефот на МААЕ. Електраната со шест реактори беше окупирана од руските сили во март минатата година.

Се шират гласини дека бракот на Натали Портман е во криза- сопругот ја измамил со 25 годишна

Натали Портман и нејзиниот сопруг, француски балетан Бенџамин Милепид наводно се во брачна криза откако се дознало дека ја изневерил со 25-годишна Французинка, изјавија извори за Page Six.

Изворот тврди дека парот минатата година одлучил да живее одвоено, но дека се уште се трудат да го спасат бракот, а на крајот на мај биле снимени како уживаат на концертот на Бијонсе.

Нивниот брак наводно е на работ на колапс откако францускиот магазин Voici објави фотографии од 45-годишниот поранешен балетан како се дружи со 25-годишната активистка за клима, Камил Етјен, пријателка на Грета Тунберг.

"Тие не раскинаа и се обидуваат да ги средат работите. Бен прави сѐ за да ја натера Натали да му прости. Тој ги сака неа и нивното семејство", тврди изворот, додавајќи дека актерката е позната по тоа што ја чува приватноста и дека сега најважно и е да ги заштити своите деца.

Американските медиуми пишуваат дека проблемите во бракот биле јавна тајна за време на снимањето на нејзиниот нов филм, кој се снимаше во ноември минатата година, а на промоцијата на филмот во Кан дошла без сопругот.

Да потсетиме дека Портман и Милепид се запознаа во 2009 година на снимањето на филмот Black Swan, за кој тој ја направи кореографијата. Тие се венчаа во 2012 година и имаат две деца, 12-годишниот син Алеф и 6-годишната ќерка Амалија.

притисни ентер