Техничка влада без министри од опозицијата ќе го намали нејзиниот легитимитет

​Техничката влада теоретски би можела да функционира и без учество на најголемата опозициска партија во неа.

Но со тоа ќе се отворат низа правни прашња кои ќе доведат до сериозни последици меѓу кои и оспорување на нејзиниот легитимитет, а може негативно да влијае и врз изборните циклуси, смета поранешен претседател на ДИК и екс генерален секретар на Собранието, Александар Новаковски. Во изјава за Канал 5 потенцира дека главната цел на формирањето на т.н Пржинска Влада беше учеството на најголемата опозициска партија во неа која преку клучните министерски позиции мвр и труд ќе ја контролира Власта при спроведувањето на изборите за да се спречат евентуални злоупотреби и оти се надева дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од неа.

„Ако опозицијата не се сложи да номинира може да се доведе во прашање и да се оспори законски таа техничката влада иако не носи суштински одлуки и нема мандат за тоа. Може да се доведе во прашање кој би ги пополнил и од која опозициона партија ќе се пополант празните места. Ако не се догвоорат и ако не учествува опозициската партија ќе се отворат многу прашања, а таа ќе мора да функионира и без опозицијата. Но ќе се отворат многу прашања кои е потребно во овој период да се отвораат“, истакна Новаковски.

Дека учеството на најголемата опозициската апртија е клчучно во техничката влада смета и политичкиот аналитичар Владимир Божиновски, кој вели дека на таков начин ќе се иизбегнат дополнителни тензии пред изборите. Но, вели дека нема да биде првпат една техничка влада да функционира без опозициски министри, посочувајќи го примерот со разрешувањето на Рашела Мизрахи од мнистер за труд и социјала во техничката влада во 2020 –та.

„Се очекува жестока камапања со висока поларизација за претстојните избори со оглед на случувањата во измнатите четири, односно седум години. Така да тоа ќе биде само дополнителна причина за уште поголеми тензии и поголема поларизација. Тоа може да се избегне доколку ВМРО-ДПМНЕ назначи министри и заменици и сметам дека со тоа нема да даде никаков дополнителен легитимитет на техничкиот премиер и на останатите министери затоа што тоа е исклучиво избор на СДСМ и ДУИ“, вели Божиновски.

Техничката влада се избира сто дена пред изборите. Во неа министри за внатрешни и за труд и социјала предлага опозициската партија со најголем број пратеници, а на предлог на премиерот Собранието именува дополнителни заменици министри во овие ресори од редовите на власта. Опозицијата добива и дополнителни заменици министри во финансии, земјоделство и информатичко општество. Основна задача на т.н Пржинска влада е организирање на фер и демократски избори.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер