Тажна жена

Нова играна серија на Канал 5! Од понеделник до петок во 21:00 часот.

Приказна за љубов како од бајките...

Но што кога љубовта ќе згасне и кога ќе остане само една тажна жена...

Тогаш животот се претвора во борба за опстанок.

Тажна жена е приказна за една самохрана мајка на две деца која после смртта на сопругот е оставена сама да се грижи за децата. Нејзиниот татко е починат а со мајка ѝ Хатиџе не е во контакт повеќе од 20 години, затоа што ја напуштила и се премажила за друг маж.

Борбата на Бахар е како да се продолжи понатаму кога судбината прерано и ја одзема љубовта? Што кога од таа голема љубов остануваат две деца кои во исто време се и најголемата радост но и грижа. Дали мајчинската љубов може да се мери?

Од понеделник до петок на канал 5.. Гледајте ја најтрогателната серија за една „тажна жена“.

Се разгоре конфликтот во Нагорно Карабах, над 500 загинати ерменски војници

Ерменските вооружени сили во судирите во Нагорно-Карабах претрпеа големи загуби – најмалку 550 лица се убиени и ранети, објави Спутник Азербејџан, повикувајќи се на министерството за одбрана.

Претходно, ерменскиот министер за одбрана Рафи Хованисијан изјави дека Баку загубил околу 200 војници, како и околу 30 тенкови и оклопни возила.

Портпаролот на ерменското министерство за одбрана Степанјан, исто така, објави за своите загуби, дека се убиени 16 лица и над 100 ранети, а претседателот на непризнатата Република Нагорно-Карабах пријави десетици убиени и ранети.

Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за започнување на конфликтот. Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека Карабах бил „подложен на воздушни и ракетни напади” од Азербејџан. Баку тврди дека ерменските сили први отвориле оган, а азербејџанските трупи започнале со контраофанзива.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш и голем број светски лидери ги повикаа двете земји веднаш да ги прекинат воените дејства.

Едукативни работилници за најдобри практики за рана детекција на рак на дојка

Едукативните работилници опфаќаат повеќе аспекти на дијагностиката.

Министерството за здравство информира дека во рамки на проектот Health info, кој е дел од ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Македонија 2014-2020, во текот на изминатите две недели се спроведоа едукативни работилници за специјалисти радиолози и радиотехничари, со цел обезбедување напреден тренинг за најдобри практики во врска со испитувања и рана детекција на рак на дојка.

Едукативните работилници опфаќаат повеќе аспекти на дијагностиката, меѓу кои: значењето на техничкиот квалитет на мамографијата, улогата на ултразвукот во скринингот, протоколот за скрининг, техниките на снимање за рано откривање на рак на дојка, како и значењето на раната дијагноза како најважен фактор во успешното лекување на ова заболување.

Учесниците на работилниците се доктори специјалисти по радиологија и радиoлошки техничари од Клиничката болница Битола и Општата болница со проширена дејност Гевгелија, а едукатори се квалификувани и искусни доктори специјалисти по радиологија и радиолошки технолози од Градската општа болница „8 Септември" и Универзитетскиот институт за радиологија . Покрај теоретски дел, работилниците се состојат и од практична работа во наведените институции.

Во рамки на проектот се набавени нов дигитален мамограф и ехо апарат во вкупна вредност од 140.000 евра, наменети за Клиничката болница Битола и Општата болница со проширена дејност Гевгелија, со кои веќе се спроведува пилот проект за скрининг на канцер на дојка (мамографија и ехо на дојка), како и скрининг на канцер на грло на матка (гинеколошки преглед, ехо и ПАП тест). На овој начин се добива можност за интегрирање на информациските системи меѓу овие болници и неколку здравствени институции во Грција, а воедно се унапредува комуникацијата со здравствените институции во Грција.

Инаку, овој проект се финансира од страна на Европската Унија која обезбедува 85% од финансиските средства,додека 15% од средствата се национално учество.

Целта на проектот е подобрување на системот на здравствена заштита во пограничните региони на двете земји (битолскиот и гевгелискиот регион), преку воспоставување на иновативен модел – унифициран електронски систем за размена на информации помеѓу двете земји.

Фокусот е да се опфати потешко достапната популација, како што се жени на возраст од 35-60 годиниво помалите рурални општиниво пограничниот регион со Грција,со цел да се адресираат нивните потреби,и истите да се вклучатво квалитетна превентивна програма за скрининг на канцер на дојка и канцер на грло на матка.

Раната детекција на овие болести овозможува поставување рана дијагноза и навремен и ефикасен третман, што во крајна линија има за цел намалување на стапката на морбидитетот и морталитетот предизвикани од овие болести кај наведената популација.

Општина Центар: За седум дена санкционирани се 296 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 296 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 21.09. до 27.09.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 157 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 139 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

притисни ентер