ТАВ за инцидентот со претседателката на Косово: Авијациската безбедност не беше загрозена

Во врска со објавата за инцидентот кој се случи денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје, во ВИП-салонот, би сакале да известиме за следното.

Во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство, ТАВ Македонија како аеродромски оператор има законска обврска за спроведување на безбедносен преглед на сите патници, багаж и стоки на летовите од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, вклучувајќи ги и патниците кои патуваат преку ВИП-салонот.

Оттука, Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија, постапувајќи во рамките на своите овластувања спроведе стандардна безбедносна проверка на споменатиот патник како и на неговиот багаж, на пунктот за безбедноста проверка во ВИП- салонот, со цел обезбедување на конкретниот комерцијален лет.

Сакаме да потенцираме дека авијациската безбедност не беше загрозена, поради тоа што споменатиот инцидент се случи во јавната зона на аеродромот, односно пред пунктот за безбедносна проверка на ВИП-салонот од каде ВИП-патниците откако ќе бидат проверени од Обезбедувањето се упатуваат во безбедносно-контролирана зона на аеродромот.

Исто така, сакаме да потенцираме дека ВИП-салонот е посебна зграда изолирана од главната терминална зграда на скопскиот аеродром, што значи дека е комплетно неточно дека била загрозена безбедноста на патниците.

Со цел точна слика за случката и спречување на ширење дезинформации, за сите детали во однос на инцидентот, ги упатуваме медиумите да се обратат до надлежните институции”, соопштија од ТАВ Македонија.

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер