Таткото на починатата 6- годишна Јана: Лекарите ѝ дадоа гликоза додека имаше 9- ка шеќер

„Мојата Јана која во септември ќе наполнеше шест годинки почина поради лекарска грешка бидејќи докторите на 9 –ка шеќер во крвта и дадоа ѝ дадоа гликоза во инфузија после што ѝ се крена шеќерот на 19.“ 

Ова во изјава за Канал 5 го вели триесет и шестгодишниот Стојче Христовски, од битолско Кравари, татко на девојчето што вчера попладне почина, неколку часа откако со неговата сопруга го однеле во битолската болница поради симптоми на настинка. Христовски раскажува дека со неговата сопруга сведочеле на она што се случувало откако настанале компликациите по првата инфузија, кога лекарите спремиле втора, ама не можеле да ја боцнат поради тоа што вените на детето му прскале.

„До колата си одеше, добра беше, влезе во автомобилот и отидовме до болница. За да не се мачи, дека беше омалаксана на раце ја однесов до детското одделение. Веднаш докторката рече да направиме крвна слика, направивме, а го измерија и шеќерот, беше 9-ка. Дури, во лабораторија ни напоменаа за шеќерот. Го вратив во детско одделение детето. Му дадоа гликоза, 100% гликоза, сопругата беше внатре, знаеше што ѝ ставаат. Протече инфузијата, но состојбата се влоши... Шеќерот се крена 19...Ви кажаа зошто? Ништо не ни кажаа, девојчето почина, а тие не ни кажаа од што, од срцето, мускулно заболување, не знам што. Детето немаше никакво заболување, немаше проблем, си играше, трчаше, не се задишуваше...

Христовски обвинува дека лекарите не знаеле што да прават па телефонски барале консултации. Вели, повеќе од два часа чекавме да ни кажат дека моето дете повеќе не е живо, а за утеха ни раскажуваа за сличен случај со двегодишно дете кое починало пред два месеци. Тој ни потврди дека обдукцијата е завршена, а семејството чека да ги види резултатите.

Директорот Обедниковски во телефонски разговор за Канал 5 не сакаше да ги коментира тврдењата дека девојчето починало од инфузија, но кажа дека примало, а по застојот на срцето на девојчето, имало обиди за реанимација кои траеле 40 минути.

Од Обвинителството за Канал 5 велат дека по насоки на јавен обвинител се превземаат дејствија за испитување на конкретниот случај, се обезбедува комплетната медицинска документација, а се чекаат и резултатите од обдукцијата. Кога ќе се заврши со постапките ќе има детали.

Здравко Чолиќ го слави својот 72 роденден: Енергијата не соодвествува со годините

Здравко Чолиќ денеска го слави својот 72 роденден.

Иако е во осмата деценија, неговата енергија не соодветствува со изводот на родените, како што покажа на неодамнешниот концерт во Тузла.

Роден е во Сараево во скромно семејство, а со децении е една од најголемите музички ѕвезди на овие простори.

Иако жените лудуваа по Чола, тој никогаш не го привлече вниманието на јавноста со љубовните врски.

Тој веќе подолго време е во брак со Александра која не се појавува со него во јавност, а имаат две ќерки.

Украина: Секогаш знаеме каде се Путин и Пригожин, ги следиме во реално време

Воената разузнавачка служба на Украина во реално време го следи местото каде се наоѓаат Владимир Путин и основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави портпаролот на службата.

Андриј Јусов рече дека „и покрај сите обиди и напори да се сокријат овие информации“ и наводната употреба на „различни технологии, вклучително и употребата на двојници“, Русија не успева да ги скрие локациите на Путин и Пригожин.

Што се однесува до нивното место на живеење, се разбира дека знаеме каде се тие во секое време“, изјави Јусов за Киев пост. „Путин е чуван, тој е добро чувана личност. Пригожин не е таков и тој се однесува можеби најслободно меѓу рускиот естаблишмент. Сите овие информации ни се познати нам и на нашите партнери и често се следат во реално време“, додава тој.

Тој вели дека во моментов Украина нема желба или намера да го убие ниту Пригожин, ниту Путин. „Во однос на приоритетните цели, сите воени злосторници мора да бидат казнети“, рече тој.

„Како цивилизирана земја, Украина е заинтересирана казнувањето на воените злосторници во рамките на меѓународното право пред меѓународен суд. Во овој контекст, приоритет број еден за Украина и Централната разузнавачка агенција е навистина да го доведат Путин до Хаг на судење пред овој суд“, заклучи тој, пренесе Индекс.хр.

„WhatsApp“ тестира интересна опција за „Android“

„WhatsApp“ е во фаза на тестирање на функцијата за споделување екран, која црпи инспирација од платформите „Zoom“ и „Microsoft Teams“.

Според веб-страницата „WABetaInfo“, функцијата ја снима и прикажува содржината на екранот на корисникот што се споделува со лицето на другиот крај на видеоповикот.

Оваа опција се прикажува како нова икона на телефонот со стрелка која покажува настрана од уредот. По притискање на новото копче, се појавува порака со која го прашува корисникот дали сака да започне да снима или прикажува содржина на „WhatsApp“.

Пораката е придружена со известување дека „WhatsApp“ ќе има пристап до која било лозинка, фотографија или детали за плаќање прикажани на овој начин. Ако корисникот се согласува со ова, тој може да кликнете на „ Start now “. Споделувањето екран може да се прекине во секое време.

Споделувањето екран моментално е достапно само за избрани тестери на „Android“, но би требало да стане достапно за повеќе корисници во наредните недели.

притисни ентер