Татко осомничен за убиство на тримесечно бебе во Скопје

Татко на четири деца од Топанско поле удирајќи му шлаканици и клоцајќи го со нозе до смрт претепал едно од нив, своето тримесечно бебе. 

Ова се сомненијата поради кои судот по барање на обвинител заради можност од повторување на кривичното дело, влијание врз сведоците, или бегство, веќе одобри мерка притвор за четириесет и четиригодишниот С.Б од Скопје. Според полицискиот билтен, семејното насилство се случило ноќта неделата кон понеделникот.

-Според пријавеното, околу 00.30 часот, С.Б.(44) го удирал бебето, а потоа физички ја нападнал и својата сопруга А.М.(36) од Скопје. После тоа, А.М. го однела бебето во клиника.- МВР

Сепак, кревкото бебе завршило со тешки повреди на главата, односно крварење во черепот, па иако било однесено во Детската клиника, обидите на лекарите да го спасат биле залудни.

Од обвинителство пак, појаснуваат дека обвинетиот се товари за убиство според член од Кривичниот законик кој предвидува казна затвор од најмалку десет години или доживотно да е зад решетки.

-Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 44-годишник, кој при вршење семејно насилство го лишил од живот сопственото дете, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.- Јавно обвинителство

Психијатрите велат дека случаите на семејно насилство се се побројни, но велат дека ретки се оние што завршуваат со трагични последици на најмалите членови на семејството.

За една година се пријавени околу стотина случаи на семејно насилство, а последен од оние кои завршија со смрт е од пред еден месец. Жена од Неготино почина откако невенчаниот сопруг брутално ја претепа со боксови по глава и таа не се разбуди од кома.

Хезболах истрела неколку десетици ракети кон Израел

Либанското исламистичко движење Хезболах синоќа соопшти дека истрелало десетици ракети врз северен Израел како одговор на смртта на двајца цивили во јужен Либан, во напад за кој е обвинет Израел.

Борците на Хезболах истрелаа „десетици ракети Катјуша“ врз северен Израел „како одговор на нападите на израелскиот непријател врз домовите на цивилите, особено за масакрот во Ханин и смртта на цивили“, се вели во соопштението на проиранското шиитско движење.

Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа на 7 октомври, секојдневно има размена на оган меѓу израелската армија и Хезболах, кој тврди дека го поддржува палестинското исламистичко движење.

Проиранскиот Хезболах, кој има арсенал ракети и прецизни проектили, гаѓа израелски воени позиции и локации во близина на границата, а Израел реагира со бомбардирање цели на либанска територија, претежно на југ, вклучително и целни напади врз припадници на Хезболах и Хамас. /МИА

Во Кавадарци отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата

 Во Кавадарци утрово навремено беа отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска. 

- Малку проблеми пак со убиг апаратите. Но, со помош на ИТ лицата, се е ставено во ред, нагласи таа за МИА.

Петровска потсети дека за вчерашниот ден, за гласање беа пријавени 110 болни и немоќни лица во домашни услови и 14 штитеници во Дом за вонсемејна грижа „Др.Јанески" во кавадаречкото село Чемерско.

- Согласно на законот, тие лица гласаа вчера, ден пред изборите за претседател на државата денеска. Во избирачкиот список за општина Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи, соопшти Петровска.

Таа појасни дека немаа пријавено лица од оваа општина што издржуваат казна затвор, а кои исто така можеа да гласаат во текот на вчерашниот ден.

Отворени се сите избирачки места во десетте општини во Југоистокот

Сите 273 избирачки места во десетте општини во Југоистокот се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во првиот круг на претседателските избори имаат 141.167 гласачи.

Според информациите од општинските изборни комисии, гласањето веќе тече, а освен неколку мали технички проблеми со фингер и УВ апаратите не се забележани други проблеми. Според изборните комисии техничките проблеми се надминуваат и не влијаат на изборниот процес.

Инаку, во Југоисточниот плански регион се гласа во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово.

Вчера гласаа болните и изнемоштените и затвореници од затворите во Струмица и Гевгелија.

притисни ентер