Тасевска: Инвестираме во инфраструктурата, 70 милиони евра за поврзување на локални патишта

Преку овој проект, со поддршка на Светска банка, досега се инвестирани 23 милиони евра за изградба и реконструкција на 93 локални улици во 44 општини и Град Скопје.

Проектот на Владата предводена од СДСМ, за поврзување на локални патишта во општините со вкупна вредност од 70 милиони евра, опфаќа реализација на проекти во локалната патна мрежа во општините и градот Скопје во вкупна должина од 450 километри локални улици.

Преку овој проект, со поддршка на Светска банка, досега се инвестирани 23 милиони евра за изградба и реконструкција на 93 локални улици во 44 општини и Град Скопје.

Инвестициите во патната инфраструктура го подобруваат квалитетот на животот на сите граѓани, а особено сега во време на најголемата светска криза, кога има лимитирачки фактори во градежништвото, го зголемуваме капацитетот на општините и вбризгуваме повеќе финансиски средства во економијата.

Меѓутоа, овој проект беше блокиран поради лицемерието и неодговрноста на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието цела година го блокираа Законот за заем од Светска банка за поврзување на локалните патишта.

Но по локланите избори и по преземањето на голем број општини од ВМРО-ДПМНЕ истите пратеници притискаа тој да се донесе што побрзо.

На ВМРО-ДПМНЕ и и на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, им се важни само личните, а не интересите на граѓаните.

Тоа јавно го покажаа со нивните меѓусебни кавги во Град Скопје за тендери, провизии и бизнис влијанија.

Граѓаните знаат кој работи за нивните интереси, а кој блокира и опструира се што е добро за државата и за граѓаните.

Прес-конференција на Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер