Таравари за Канал 5: Со премиерот ќе разговараме деновиве по моето одвојување од „Вреди“ - Канал 5

За викендот дожд, град, грмежи и ветер

 Под влијание на влажен бран утре и во недела ќе има врнежи од дожд проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70км/ч). 

За викендот дожд, град, грмежи и ветер

Локално врнежите ќе бидат обилни и поројни во форма на невреме со услови за појава на град. Од овој бран во јужните и источните делови се очекува вкупно да наврне од 30 до 50л/м2 дожд, соопшти УХМР.

Дневните температури ќе бидат во опаѓање, особено во недела и почетокот на следната седмица.

Во Скопје, во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, повремено пороен проследен со појава на грмежи и засилен северен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.

УХМР препорачува во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Пет години подоцна: Најсеопфатната анализа на науката за ковид третманите

Во првите месеци од пандемијата владееше страв и неизвесност поради вирусот кој глобално се ширеше и немилосрдно ги убиваше најранливите. 

Пет години подоцна: Најсеопфатната анализа на науката за ковид третманите

Официјално, ефективни третмани не постоеја, иако вистината е поинаква. Уште во април 2020 имаше високо ефективна терапија, но таа главно беше игнорирана и се тргна во развој на нови лекови и вакцини. Сега, 5 години подоцна, благодарение на истражувачите од веб страницата c19early.org, имаме многу јасна слика кои третмани за ковид се ефективни, а кои се неефективни па дури и опасни. Генералниот заклучок е дека најефективните третмани се најевтини, најнеефективните третмани се најскапи, а голем дел од скапите третмани не само што се неефективни, туку и го зголемуваат ризикот.

Списанието ЕМИТЕР на нивниот веб-портал објавува статија, од перото на д-р Марјан Божиновски, во која се дава преглед на научените лекции од истражувањата презентирани на веб страницата c19early.org со анализа на резултатите добиени од сеопфатните мета-анализи за клучните ковид третмани, во контекст на апсурдните политики на здравствените власти во најголемиот број држави. За оние кои не се запознаени со овој поим, мета-анализа е статистички метод кој комбинира резултати од повеќе независни научни истражувања (студии) со контролни групи за да се добие посигурна и прецизна проценка на проучуваниот ефект. На пример, ако 10 студии ја испитуваат ефикасноста на лек за ковид, мета-анализата ќе ги собере нивните резултати за да утврди дали лекот генерално функционира и со каква сигурност.

Иако беа брутално цензурирани, истражувачите од c19early.org продолжија неуморно да работат и да го информираат целиот свет во реално време на нивната веб страница за сите ефективни и неефективни третмани за ковид. Нивниот 5 годишен труд сумиран во неколку реченици:

“c19early анализираше над 5.700 студии за 145 третмани - над 17 милиони часови истражување. Американските власти веруваат дека само три високопрофитни третмани го намалуваат ризикот (ремдесивир, паксловид, молнупиравир). Всушност, многу третмани го намалуваат ризикот, а 25 третмани со ниска цена се одобрени во 163 земји.”

Бројни клинички студии покажаа дека првата линија на одбраната требаше да биде третирањето на примарниот извор на почетната инфекција (носот, устата и грлото) со помош на антисептички средства одамна познати во медицината (на пример, повидон-јод или Бетадине) кои драматично ги намалуваат ризикот од влошување на состојбата и ризикот од пренос на вирусот кон други луѓе.

Од исклучителна важност за имуниот систем се некои витамини и минерали како витаминот Д, за којшто западните здравствени власти и СЗО никогаш не препорачаа масовна суплементација, иако постоеја бројни солидни докази дека нивото на серумскиот 25(OH)D3 е во обратно-пропорционална зависност со ризикот од смртен исход, пришто една мета-анализа од 2021 утврди дека доколку концентрацијата на серумскиот 25(OH)D3 ви е над 50 ng/mL, ризикот ковид да ве убие е речиси НУЛА.

Мета-анализите на евтините лекови (без патент) хидроксихлорокин (423 студии со околу 600 илјади пациенти) и ивермектин (105 студии со околу 220 илјади пациенти) покажаа висока ефективност против ковид особено како профилактични и рани третмани. На пример, ивермектин ја намалил смртноста во просек за речиси 50% и покрај неколкуте сомнителни студии кои сериозно ја контаминираа мета-анализата, а ризикот од ковид инфекција го намалил за неверојатни 81% (од 16 студии со 14 илјади субјекти), додека хидроксихлорокин применет како ран третман достигнал редукција на смртноста од 76%. За жал, беа исмевани и некоректно прикажувани во мејнстрим медиумите или како токсични (хидроксихлорокин) или како лекови за коњски глисти (ивермектин), за разлика од миленичињата на медиумите - екстремно скапите, патентирани медикаменти како едвај ефективниот паксловид (Фајзер) и токсичниот ремдесивир (Гилеад) за чиишто набавки беа платени десетици милијарди долари од голем број држави во светот.

Целата статија, со вклучените референци, можете да ја прочитате на веб-порталот на списанието Емитер на линкот https://emiter.com.mk/vesti/21361.

Муцунски: Добредојде за високата претставничка на ЕУ, Каја Калас

Добредојде за високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Калас

Муцунски: Добредојде за високата претставничка на ЕУ, Каја Калас

Добредојде за високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во Скопје, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на неговиот Фејсбук профил.

- Пред нас е исполнета агенда со повеќе средби, на кои очекувам конструктивна и отворена дискусија. Во фокусот на разговорите ќе биде недвосмислената европска перспектива на нашата држава, целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на унијата, потребата од забрзување на процесот на пристапување, како и континуираната посветеност на спроведувањето на реформите, објави Муцунски.

Во рамки на посетата, информира министерот Муцунски, ќе се одржи и Првиот дијалог за безбедност и одбрана со Европската Унија, во контекст на Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано во ноември 2024 година, што претставува значаен во продлабочувањето на соработката со Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика.

притисни ентер