Таравари: „ВРЕДИ“ ќе биде забрзувач за што поскоро да почнеме со преговорите со ЕУ

Арбен Таравари од ВРЕДИ порача дека како коалиција ќе направат се во наредните шест месеци Македонија за ги започне преговорите со Унијата. 

Ваквата надеж како што кажа ја темели на заедничкиот став во Валдата по однос на евроинтеграциите на земјава.

Видео: Шесткатница во форма на слон изградена за „само“ 34.000 евра

Слонот Луси е името на прекрасна зграда во приморскиот град Маргејт во американската држава Њу Џерси.

Шесткатната зграда од дрво и лим ја изградил Џејмс В. Лаферти во 1882 година за да привлече туристи и да ја зголеми продажбата на недвижности во областа.

Тој ги ангажирал архитектите Вилијам Фрај и Мејсон Кирби да создадат зграда по моделот на Џамбо - познатиот слон од популарната циркуска драма „Најголемото шоу на Земјата“.

Изграден е по цена од околу 38.000 долари.

Наизглед незначајната структура во облик на слон некогаш беше дел од огромен број екстравагантни модели поставени покрај автопатите за рекламни цели.

Со текот на времето, таа прерасна во ретко парче од американската историја што е постаро и од Статуата на слободата и од Ајфеловата кула во Париз.

Зградата е висока 19,7 метри, долга 18,3 метри и широка 5,5 метри.

Тежи околу 90 тони.

Низ историјата зградата служела како ресторан, деловна канцеларија, хотел и таверна, а своевремено во неа престојувал и поранешниот американски претседател Вудро Вилсон.

Во 1960-тите, зградата била во многу лоша состојба, а градот сакал да ја урне. За среќа, Граѓанската асоцијација за спас на Луси била формирана, по што зградата била преместена на парцела во сопственост на градот - на околу 100 метри од првобитната локација.

Луси за среќа не успеала да ја урнат ниту поплави или удари од гром. Благодарение на донации од добри луѓе, зградата Луси била реновирана а одреден период дури и се идавала преку Airbnb.

ПСЖ ќе се обиде да го привлече Салах со тригодишен договор

Пари Сен Жермен ќе се обиде да го искористи тоа што договорот на Мохамед Салах со Ливерпул истекува на крајот од сезоната, а во моментов нема информации дека Египќанецот е блиску до нов договор со „црвените“.

Клубовите од Саудиска Арабија се обидуваат да го убедат Салах да се приклучи на локалната лига, но според „Сан“, 32-годишниот напаѓач претпочита да остане да игра на највисоко ниво во Европа.

Пари Сен Жермен планира да му понуди тригодишен договор, што е долг договор за играч на негова возраст. Сепак, Салах од почетокот на сезоната покажа дека се уште е во врвна форма, а на „Парк де Пренс“ веруваат дека вака ќе биде уште неколку години.

Според „Сан“, раководството на ПСЖ сака да донесе нова голема светска ѕвезда откако клубот во последните години го напуштија Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе.

Салах има постигнато пет гола на девет натпревари од почетокот на сезоната. Медиумите на Островот се убедени дека Ливерпул сепак ќе му понуди нов договор, но тешко дека под финансиските услови со кои ПСЖ и клубовите од Саудиска Арабија ќе го примамат.

Николов и Стерјовски на средба во МНР на Канада

Николов и Стерјовски на средба во МНР на Канада, побарале осуда на антимакедонските постапки на Бугарија.

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов и Васил Стерјовски, македонски активист за заштита на човековите права од Албанија и претседател на Македонската алијанса за европска интеграција - МАЕИ, оствариле средба со Џули Клотие, заменик директорка за европски и евро-азиски прашања на Министерството за надворешни работи на Канада.

- На средбата, Николов објасни дека сме сведоци на драматичен пораст на анти-македонски постапки на Балканот, кои произлегуваат од принудното менување на името од страна на Грција, кое ни беше илегално наметнато од страна на САД и режимот на поранешниот македонски премиер Зоран Заев, кого САД го инсталираа во Македонија. Се вршеше масовно кршење на меѓународното право и македонските закони и човековите и граѓанските права и слободи со цел илегално да се наметне крајно навредливото име „Северна Македонија“, кое беше измислено за да се избрише македонскиот идентитет, култура и историја, во замена за повлекување на грчкото вето за приемот на Македонија во НАТО, што ни беше наметнато од САД, информираа од ММДЧП.

Додал дека западните земји, вклучително и Канада, ги „поддржуваа грчките барања и им дадоа слобода на Грциј, Бугарија и Албанија да ги спроведат своите политики на негирање на македонскиот идентитет, и експоненцијално да го засилат кршењето на човековите права на Македонците“.

-Бугарија ги интензивираше своите напади врз Македонците во Бугарија, вклучително, меѓу другото, со напад врз културниот центар во Горна Џумаја, активности на тајната полиција и апсење на учесници на македонски собири и со експлозијата на анти-македонски говор на омраза од страна на бугарските политичари и медиуми, посочил Николов.

Понатаму, како што објаснил Стерјовски, Бугарија ги проширува своите анти-македонски активности и во Албанија, каде бара - и добива - поддршка од албанската Влада во своето тврдење дека македонското малцинство во Албанија одеднаш станало „бугарско“. Ова се прави во замена за бугарска поддршка за приемот на Албанија во Европската Унија.

- Како што истакна Стерјовски, кој воедно беше прв пратеник во албанскиот парламент, кој јавно се декларира како Македонец, Бугарија го злоупотребува своето членство во Европската Унија, и користи разни методи за да ги асимилира Македонците и да произведе „бугарско“ малцинство во Албанија. Информираше дека Бугарија поттикнува албански граѓани да извадат бугарски пасоши - за кои им наплаќа илјадници евра - со што ќе ги добијат привилегиите на државјанство во Европската Унија. Бугарија потоа овие луѓе ги прогласува за „етнички Бугари“, стои во објавата на движењето.

Нагаласил дека Бугарија неодамна испратила високи претставници во Албанија, кои „отворено се мешаа и провоцираа со своите анти-македонски постапки, и извршија масовно мешање во пописот што Албанија го спроведе во 2023 година“. При овој попис, двете земји се здружија со цел, за првпат во албанската историја, на еден попис Бугарите да се појават како малцинство. Сите малцинства во Албанија здружено го осудија пописот и побараа да се спроведе нов попис, со меѓународни набљудувачи.

-Николов ги осуди двојните стандарди на Западот кој селективно ги применува мерките за заштита на човековите права и не само што ги изостава Македонците, туку и намерно ги крши човековите права на Македонците. ММДЧП и МАЕИ ја повикаа Канада да ги осуди Бугарија, Албанија и Грција за нивните анти-македонски постапки, да побара итно враќање на името на Македонија и да загарантира еднаков третман и заштита на човековите права на сите Македонци, се нагласува во објавата на ММДЧП.

притисни ентер