Таравари: „ВЛЕН“ има целосен легитимитет

„Турската паерија да беше со нас ќе имавме 10000 гласови повеќе од ДУИ“

Најверојатно ДУИ им даде подобра понуда, но доколку Турската партија беше со нас ќе имавме 10000 гласови повеќе од ДУИ. „ВЛЕН“ има целосен легитимитет, ќе имаме стабилна влада со 80 пратеници, ако функционира правната држава, а админстрацијата да се департизира. За секоја политичка партија добро е да помине некое време во опозиција. Добро е и за ДУИ, за државата и за Албанците што живеат во Македонија да бидат некое време во опозиција, Најпаметно е Ахмети да направи мирна транзиција на власта, не очекувам дека нешто друго посебно ќе се случи. За евроинтеграциите да продолжат ни треба добро решение и за Македонија и за Бугарија, оптимисту сум дека ќе се изнајде решение за да ги почнеме преговорите со ЕУ, рече Арбен Таравари во Само Вистина.

Мусар: Во ова време на длабока тага, Словенија се солидаризира со Македонија

Длабоко сум тажна поради трагичниот пожар во Кочани, Македонија, кој однесе животи на толку многу млади луѓе, напиша на Х претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар.

Таа изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите, пријателите и целата заедница погодена од овој катастрофален настан.

- Во ова време на длабока тага, Словенија се солидаризира со Македонија, додаде Мусар

Гаши изрази сочувство до семејствата на загинатите

Претседателот на Собранието Африм Гаши изрази сочувство за трагичната несреќа во дискотеката во Кочани каде загинаа 51 лице, а над 100 лица се повредени. 

- Со длабока тага ја примив веста за тешката трагедија во Кочани, каде што во огромен пожар животот го загубија повеќе од 50 лица и десетици други се повредени. Во моето лично име и во име на Собранието на РМ, изразувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите. Ги повикувам надлежните власти да се ангажираат со посветеност за целосно расветлување на случајот, додека ние целосно се солидаризираме со оние кои поминуваат низ овие тешки моменти. Нашите молитви и мисли се со сите погодени од оваа трагедија, вели Гаши.

Демократски сојуз: Големата трагедија, сочувствуваме со семејствата на загинатите и повредените

Демократскиот сојуз сочувствува со  фамилиите на загинатите и повредените во големата трагедија во Кочани во која над 50 млади лица загинаа, а голем број се повредени.

Во овие тешки моменти неопходна е врвна здравствена помош на сите повредени, смиреност и соодветна брза реакција на државните институции.

Демокрарскиот сојуз инсистира на продлабочена истрага и кривична одговорност за сите кои придинеле да се случи ваква голема трагедија со тешки и ненадоместливи последици. Трагедија во која животот беше загрозен на голем број млади луѓе.

Треба да се направи детална анализа дали објектот ги задоволува основните критерииуми за одржување на масовен собир, дали имало излезни можности во услови на пожар или друг вид на хаварија, кој и дали имало дозвола за користење на пиротехнички средства, дали настанот бил обезбеден, дали била обезбедена екипа за брза помош, против пожарна заштита итн.

Очекуваме целиот истражен процес да се води транспарентно.

Демократски сојуз

притисни ентер