Таравари со апел до сите кои биле во Кочани, да се обратат кај нивните матични лекари - Канал 5

Таравари со апел до сите кои биле во Кочани, да се обратат кај нивните матични лекари

Таравари со апел до сите кои биле во Кочани, да се обратат кај нивните матични лекари
Министерот за здравство Арбен Таравари попладнево го посети Клиничкиот центар Мајка Тереза, и апелираше и до сите кои присуствувале на трагичниот настан да се пријават кај нивните матични лекари... Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Истрага за Универзитетот Харвард и неговото списание околу можна расна дискриминација

Веста за новата истрага дојде неколку часа откако федерален судија се согласи да ја забрза тужбата од страна на Универзитетот Харвард со која се бара да се блокира одлуката на администрацијата на Трамп.

Истрага за Универзитетот Харвард и неговото списание околу можна расна дискриминација

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека истражува дали Универзитетот Харвард и „Харвард Ло Ривју“, студентскиот весник на Правниот факултет на Харвард, ги прекршиле законите за граѓански права кога уредниците на списанието го забрзале објавувањето на статија напишана од член на расно малцинство.

Веста за новата истрага дојде неколку часа откако федерален судија се согласи да ја забрза тужбата од страна на Универзитетот Харвард со која се бара да се блокира одлуката на администрацијата на Трамп за замрзнување на 2,3 милијарди долари федерални пари, што се заканува да го попречи спроведувањето на клучни медицински и научни истражувања.

Во соопштението за истрагата од страна на Министерството за образование и здравство и човечки услуги на САД се наведува дека уредниците на „Харвард Ло Ривју“ можеби прибегнале кон „расна дискриминација“ кршејќи ги одредбите од Законот за граѓански права од 1964 година.

„Процесот на селекција на статии се чини дека избира победници и губитници врз основа на раса, користејќи систем во кој расата на научникот е подеднакво важна, ако не и поважна, од квалитетот на објавената работа“, рече Крег Трејнор, вршител на должноста помошник-министер за образование за граѓански права.

Откако ја презеде функцијата, американскиот претседател Доналд Трамп го заостри мерките против програмите за различност, еднаквост и инклузија кои имаат за цел да ја подобрат положбата на маргинализираните групи кои историски се соочувале со нееднаквост во Америка.

Трамп ги означи овие програми насочени кон помагање на малцинствата како дискриминаторски кон групи како што се белците и мажите.

Универзитетот Харвард во понеделникот соопшти дека ќе ја преименува својата Канцеларија за еднаквост, разновидност, инклузија и припадност во Канцеларија за живот во заедницата и кампусот. /МИА

САД: Возач со автомобил удри во училишна зграда, загинаа четири девојчиња (Видео)

Четвири ученички, на возраст од 4 до 18 години, загинаа кога возач со автомобил удри во училишна зграда во Чатам, Илиноис, соопштија локалните власти.

САД: Возач со автомобил удри во училишна зграда, загинаа четири девојчиња (Видео)

Жртвите се девојчиња кои биле прогласени за мртви на местото на настанот, објавија американските медиуми, повикувајќи се на полициско соопштение во кое се наведува дека три жртви биле надвор од зградата, а една внатре во неа. Полицијата соопшти дека неколку други лица се повредени, вклучувајќи едно потешко кое е префрлено во болница со хеликоптер.

Четворица ученици, на возраст од 4 до 18 години, загинаа кога возач со автомобил удри во училишна зграда во Чатам, Илиноис, соопштија локалните власти.

Средба на државниот секретар во МВР, Петрушевски со амбасадорката на Романија

 Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски денеска остварил средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

Средба на државниот секретар во МВР, Петрушевски со амбасадорката на Романија

На средбата, како што објави Петрушевски на неговиот фејсбук профил, изразиле заедничко задоволство од развојот на политичкиот дијалог и билатералните односи меѓу нашите две земји.

- Ја истакнавме одличната соработка меѓу Владите и министерствата за внатрешни работи и ја потврдивме подготвеноста за нејзино натамошно интензивирање и продлабочување. Упатив благодарност за досегашната силна поддршка и квалитетната соработка со Романија, која е на високо ниво, напиша државниот секретар во МВР.

Петрушевски на средбата потенцирал и колку е важна континуираната регионална соработка и брзата размена на информации, особено во борбата против организираниот криминал, илегалната миграција, криумчарењето мигранти и тероризмот.

Амбасадорката Аксинте ја потврдила поддршката на Романија за нашето членство во Европската Унија и изрази подготвеност за помош во конкретни области од заеднички интерес.

- Разговаравме и за нашето заедничко учество во меѓународни и регионални иницијативи, организирањето обуки во претстојниот период и можностите за понатамошен развој на билатералната соработка, објави на фејсбук државниот секретар во МВР, Сашо Петрушевски.

притисни ентер