Таравари подготвен да го поништи тендерот за паркингот на Клинички ако јавноста е против - Канал 5

Таравари подготвен да го поништи тендерот за паркингот на Клинички ако јавноста е против

Таравари подготвен да го поништи тендерот за паркингот на Клинички ако јавноста е против
Се уште не е потпишан договорот со албанската компанија Ѓока која треба да стопанисува со паркингот на Клинички центар, изјави министерот за здравство Арбен Таравари. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Чествување на 195 години од раѓањето на Прличев со промоција на книга од академикот Митевски

 Во книжарницата на „Матица македонска“ денеска ќе се одржи промоција на новата книга на потпретседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Витомир Митевски насловена „Прличев и епската традиција“. 

Чествување на 195 години од раѓањето на Прличев со промоција на книга од академикот Митевски

Со промоција на ова издание во рамките на манифестацијата „Книга во секој дом“, „Матица македонска“ ќе ја чествува 195-годишнината од раѓањето на Григор Прличев.

Промотор на делото ќе биде проф. д-р Ратко Дуев.

– Во суштина, книгата што е објавена годинава претставува синтеза на повеќестрани, споредбени анализи на двете главни поетски дела на Прличев, „Сердарот“ и „Скендербеј“, во потрага по изворната инспирација на поетот. Запазувајќи го строгиот научен пристап во истражувањето, Витомир Митевски длабоко навлегува во тајните на творечката поетска лабораторија и открива двојно влијание во овие две значајни поетски дела. Од една страна, тука е добро познатото влијание на Хомер, а од друга страна се издвојува до сега скоро незабележаното влијание на византиската епска традиција. Пристапувајќи му на поетското дело на Прличев од овие два аспекта, авторот остварува продлабочен увид во генезата на ова клучно творештво во македонскиот XIX век, соопштија од „Матица македонска“.

Манифестацијата „Книга во секој дом“ ќе трае до 15 мај. Покрај промоциите и средбите со автори, од „Матица македонска“ соопштија дека за над 300 книги од странската и домашната продукција е овозможен попуст до 70 проценти.

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до Еди Рама и Социјалистичката партија на Албанија по повод победата на парламентарните избори.

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

„Искрени честитки до Еди Рама и нашата сестринска Социјалистичка партија на Албанија за убедливата изборна победа. Му посакувам успех во новиот, четврти мандат“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека оваа победа е уште една потврда дека граѓаните силно ги поддржуваат социјалдемократските вредности и прогресивните политики.

„Убеден сум дека Албанија ќе продолжи по патот на напредокот, стабилноста и европска интеграција. Со Еди очекувам продолжување на одличната соработка меѓу нашите партии и зацврстување на пријателските односи меѓу Македонија и Албанија“, наведува Филипче во честитката.

СДСМ

Полицајците денеска излегуваат на протест, бараат повисоки плати

Независниот синдикат на полицијата денеска ќе излезе на протест на кој ќе бараат да се почитува законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови.

Полицајците денеска излегуваат на протест, бараат повисоки плати

Протестот е закажан да се одржи пред судовите во Скопје, на крстосницата кај „Мавровка“.

Од Независниот синдикат велат дека поддршка ќе имаат и од нивните колеги од полициските синдикати од Република Црна Гора и Република Србија.

„Утре е денот кој го поздравија и поддржаа речиси сите балкански полициски синдикати, освен нашите таканаречени, кои не собраа храброст ниту да го споделат повикот за протест. Утре е денот кога синдикалци од Црна Гора и србија ќе патуваат по неколку часа да застанат рамо до рамо со нашите колеги и да дадат поддршка, а нашите ‘синдикалци’ ќе се кријат по канцелариите од колегите на кои од утре ќе треба да им објаснат зошто постојат и зошто не се одзваа на поканата“, се вели во повикот за протест објавен на фејсбук-страницата на Независниот синдикат.

притисни ентер