Солидаризација со Арбен Таравари поради состојбите во Алијанса за Албанците и координација околу претседателските избори, биле главните теми на синоќешната средба во Гостивар на лидерите на опозицискиот Европски сојуз за промени Меџити, Касами и Гаши како и претставникот на косовското Самоопределување, Беким Ќоку. Од Европскиот сојуз за промени соопштија дека во наредните денови ќе донесат одлука околу изборот на претседателски кандидат, како и листите за пратеници
Дека причината за оваа средба е заедничката соработка, за Канал 5, потврди Таравари кој појасни дека работни групи од сите партии деновиве ќе работат и на официјално формализирање на коалицијата на опозицискиот фронт.
„ Станува збор за состанок на кој што се договоривме групи од сите партии да седнат и да направат договор. Инаку, повеќе беше средбата за поддршка кон мене, после сите настани. “-Арбен Таравари.
Официјалното формализирање на соработката на Европскиот сојзу за промени и Таравари се очекувува во текот на наредните денови , изјави Касами по завршувањето на средбата која се одржа во кабинетот на гостиварскиот градоначалник.
„Дојдовме на кафе-муабет со Таравари, градоначалникот на Гостивар и претседател на Алијанса за Албанците, за да разговараме за претстојните нестани што не очекуваат, за нашата визија, планови за настани и средби со граѓани и да му искажеме солдарност, поддршка поради случувањата во изминатите денови“-Биљал Касами.
Поддршката за Таравари од лидерите на опозицијата од албанскиот блок доаѓа откако во саботата поддржувачите на Села на Централно собрание донесоа одлука во недела да се одржи вонреден Конгрес каде ќе се бара разрешување на Таравари од функцијата претседател на партијата.
Лидерот на Алијанса , пак , на паралелното Собрание, кое се одржа во Куманово пред четири дена од неговите поддржувачи доби поддршка, која според нив била потвредена преку декларација со 85 потписи од членовите.
Партискиот раскол во Алијансата за Албанците произлезе од различните позиции меѓу раководството, каде што наспроти ставот на Таравари кој е за приклучување кон опозицијата од албанскиот блок на следните избори, екс претседателот на партијата Села е за самостоен настап.