Таравари ја елаборираше Претседателската платформа

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари на денешната прес-конференција ја презентираше Претседателската платформа која се заснова на четири столба.

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари на денешната прес-конференција ја презентираше Претседателската платформа која се заснова на четири столба, Македонија интегрирана во регионот и Европа, Македонија производител на безбедност, правната држава и консензуалната демократија.

„Интеграцијата во Европската Унија е наша неоспорна цел, тоа е нашиот единствен пат кон стабилност и одржлив развој и тоа е мојот највисок приоритет како претседателот. Во регионалната политика ќе се заложам за зголемување и продлабочување на регионалната соработка заснована на нашите вредности, меѓу кои е и Косово како независна, суверена и рамноправна држава. Моите главни цели во оваа област се: ќе барам гаранции од високиот претставник на ЕУ дека по уставните измени нема да има дополнителни барања за Македонија надвор од преговарачката рамка од 2022 година, мандатот за формирање на влада ќе му го доверам на партијата или партиите кои ќе докажат дека имаат мнозинство во Собранието, барајќи од мандатарот временски ограничен план за реализација на уставните измени врз основа на член 121 од Уставот, ќе му предложам на Собранието веднаш Македонија да излезе од иницијативата Отворен Балкан“, рече Таравари, додавајќи дека како претседател ќе се заложи и за целосно усогласување на нашата политика со онаа на ЕУ, особено во однос на санкциите на ЕУ против Русија.

За вториот столб, Македонија која произведува безбедност, Таравари рече дека ЕУ, САД и НАТО се незаменливи сојузници, па затоа Македонија е подготвена да игра улога во одржувањето на мирот и безбедноста во светот заедно со сојузниците.

„ Македонија е безбедна земја и нема директна надворешна закана. Но, тоа не значи дека Русија не претставува закана. Русија ќе продолжи да поттикнува страв и да создава нестабилност, се додека енергетската ефикасност и ранливост од сајбер нападите остануваат постојана закана за нас. Основниот принцип на кој се заснова мојата стратегија за безбедност е дека Македонија нема да биде само потрошувач на безбедноста, туку и производител на безбедноста ка. Како следен претседател, се обврзувам дека: Македонија ќе обезбеди стабилен повеќегодишен буџет за одбрана на ниво од 2% од бруто домашниот производ, во согласност со критериумите на НАТО, ќе се грижам за дејугословенизација на Армијата и Агенцијата за разузнавање со назначување само на најдокажани професионалци, вклучително и нивните про-западни вредносни системи, ќе помогнам да се стави крај на нашата енергетска зависност од Русија преку олеснување на формулација на државен концепт на енергија . Мојата цел е диверзификација на енергијата на сите нивоа, што е најдобриот начин да се постигне мир и стабилност ќе формирам Работна група за сајбер безбедност која ќе помогне во спречувањето и гонењето на сајбер криминалите“, рече Таравари.

Таравари рече дека најголемиот непријател е корумпираниот судски систем и ја држи земјата во заложништво и ги иселува младите и дека само 2 отсто од граѓаните веруваат во правосудниот систем.

„Како следен претседател ветувам дека ќе побарам од Собранието донесување на законодавен пакет за целосна реформа на судксиот систем и обвинителството. Овој пакет треба да го содржи законот за ветинг на судиите и обвинителите, реформа на изборниот систем, унапредување и дисциплинирање на судиите и јавните обвинители и целосна дигитализација на судовите, ќе ја терам напред идејата за формирање Комисија за стандарди во јавниот живот, врз основа на искуството на Обединетото Кралство. Ова тело би имало за цел промовирање на етиката и моралот во јавниот живот, како советодавно тело на претседателот и правна држава, ќе се ангажирам за поништување на измените во Кривичниот законик од 2023 година кои беа антиевропски и штетни во борбата против корупцијата со што уште повеќе се зголеми неказнивоста за слуќаи на корупција од високо ниво и како иден претседател на државата, ветувам дека нема да декретирам прогласување на лабави закони кои дополнително ја оддалечуваат земјата од европските норми како што се случувало во минатото“, изјави кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари.

Во однос на четвртиот столб, Таравари нагласи дека земјата има економска, политичка и етичка криза и овие кризи го поларизираа општеството, влијаејќи врз продлабочувањето на поделбите, растот на евроскептицизмот, зајакнувањето на екстремистичките наративи и поткопувањето на либералната и консензуалната демократија.

„Со следните измени на Уставот ќе побарам изборот на претседател да се направи во Владата преку механизмот за двојно мнозинство, за да претседателот биде претставник на народното единство. Доколку ниту еден кандидат не добие ⅔ од гласовите со Бадентер во првите два изборни круга, претседателот ќе биде избран на третото гласање со мнозинство од гласовите на сите пратеници на Собранието и мнозинството од гласовите на пратениците кои се припадници на заедниците кои не се мнозинство, ќе се погрижам од Уставот да се елиминира навредувачката дефиниција за албанскиот како „друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“ и да албанскиот јазик, според неговото писмо, да биде официјален јазик во целата територија на Републиката на исто ниво со македонскиот јазик, во соработка со граѓанските организации и медиумите, ќе покренам претседателска иницијатива за борба за слобода на медиумите, а особено проруските дезинформации. Руските медиуми и оние кои се финансираат од Русија ќе бидат затворени, внимавајќи постојано на почитување на правото на слободно изразување и информирање“, рече на крајот на елаборацијата кандидатот за претседател Арбен Таравари, се наведува во партиското соопштение.

Возачите користат бројни трикови за да ги „надмудрат“ камерите за мерење брзина (ВИДЕО)

Сè повеќе возачи прибегнуваат кон трикови за да избегнат казни за брзо возење, иако таквото однесување е сериозен прекршок што може да доведе до високи казни.

Еден од најчестите трикови е употребата на специјални налепници кои се лепат над постоечките бројки и букви на регистарската табличка.

Овие налепници ги збунуваат камерите, бидејќи ја рефлектираат светлината и не дозволуваат камерата јасно да ги снима табличките, па властите не можат да го идентификуваат возачот и да издадат казна.

Овие налепници се направени така што табличката изгледа целосно легално додека не дојде во контакт со радарски блиц, кога броевите и буквите привремено исчезнуваат.

Иако овие трикови се популарни кај возачите во Европа и САД, модерните радари и камери користат инфрацрвена светлина, така што трикот со рефлектирачки налепници не секогаш функционира. Покрај налепниците, некои возачи користат магнетни лажни таблички кои можат да ги отстранат од далечина, што им овозможува привремено да ја сокријат вистинската табличка кога поминуваат покрај камерите за брзина.

Казните за овие прекршоци можат да достигнат и до 2.000 евра, а доколку ве фатат, последиците може да бидат сериозни. Затоа е најбезбедно да ги следите сообраќајните прописи, за да избегнете високи казни и да заштедите пари.

Прв состанок на Социо-економскиот совет со новата влада

Со потпишување на спогодба денеска се конституираше новиот состав на Економско-социјалниот совет..на првата седница присуствуваа премиерот  и претставници на Владата синдикатите и рабодотавачите.

Министерот за економија Бесир Дурмиши, кој воедно е именуван за претседател на ркономско социјалниот совет вели дека иако станува збор за конститутивна седница, ќе се слушнат сите идеи критики и предлози на социјалните партнери, за што во иднина најави транспарентни заеднички одлуки.

„Ќе ги слушнеме барањата и од синдикатите и од работодавачите, односно од сите засегнати страни, па на крај ќе донесеме заеднички одлуки и мерки по што сите страни имаме една цел, а тоа е подобрување на стандардот на нашите граѓани.“

Од ссм на седницата мегудругото побарале раст на платите со брзо темпо и потпишување на општ колективен договор за приватниот сектор ..Иако оваа седница очекувал да се случи порано, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов вели дека сепак оптимистички се најавите за зачестени средби на овој совет.

„Сметаме дека аргументите за пораст на платите се на наша страна имајки предвид дека синдиканлната минимална кошничка е веќе 1000 евра, имајки предвид дека државите во нашите држави растат со навистина забрзано темпо.“

Работодавачите не се за како што велат паушално зголемување на платите, туку сметаат дека тие треба да растат согласно продукивноста. Посочија дека се соочуваат со недостаток на кадри и ќе се залагаат за изготвување на стратегија по ова прашање.

„ Она за што ние најмногу би сакале да разговараме е недостаток на работната сила, како да работиме на зголемување на продуктивноста, со тоа ќе ја намалиме сиромаштијата и бројот на луѓе кои примаат минимална плата и сите да бидат позадоволни и посреќни.“

Свое обраќање на седницата имаше и премиерот Христијан Мицкоски кој нагласи дека стабилна економија во државата може да се постигне со владеење на правото и со само со квалитетен дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.

Израелската војска пукала врз позициите на мировниците на ОН во Либан, има ранети

Израелските сили денеска пукале врз две позиции што ги користат мировниците на ОН во Либан и врз третата позиција вчера, соопштија силите на УНИФИЛ.

Силите на УНИФИЛ соопштија дека двајца нивни членови биле повредени во еден од инцидентите, кога израелски тенк пукал врз стражарското место во седиштето на силите во Накура, удирајќи во кула.

Во другите два инцидента нема жртви, изјави изворот од ОН. „Секој намерен напад врз мировниците е сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право“, се вели во соопштението на УНИФИЛ, додавајќи дека за ова прашање разговараат со израелската војска.

Засега нема коментар од израелската војска, која води засилена офанзива во Либан против силно вооружената група Хезболах, поддржана од Иран. Мировните сили УНИФИЛ беа формирани во 1978 година и се проширија по војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година.

Нејзини главни придонесувачи се Франција, Италија, Индонезија, Малезија и Гана. Италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето рече дека пукањето врз мировниците е „целосно неприфатливо“ и претставува јасно кршење на меѓународното право.

притисни ентер