Таравари: Ако има консензус би зборувале и за парламентарни избори заедно со локалните

Ако има консензус би зборувале и за парламентарни избори заедно со локалните, му порачувам на Ахмети прво да ја реформира партијата, а потоа да зборува за избори ова утринава го изјави министерот за здравство Арбен Таравари. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Јужнокорејските истражители ќе бараат продолжување на притворот на соборениот претседател Јун

Антикорупциската агенција на Јужна Кореја во понеделникот соопшти дека ќе побара од судот во Сеул да го продолжи притворот на уапсениот претседател Јун Сук-јеол, откако тој повторно одби да биде сослушан од истражителите.

Во средата, Јун стана првиот актуелен јужнокорејски претседател кој беше уапсен во врска со истрагата за тоа дали извршил бунт кога накратко воведе воена состојба на почетокот на декември. Тој е задржан во притвор во Сеул.

За да го задржат Јун подолго, истражителите од Службата за истраги за корупција на високи функционери, која ја води истрагата, мора да побараат од судот да одобри решение за притвор до 20 дена.

-Мислам дека можете да го сметате предметот речиси решен, им рече портпаролот на агенцијата на новинарите на прашањето дали истражителите ќе поднесат барање за дополнително притворање на Јун.

„Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“ на сцената на Националната опера и балет

Во Националната опера и балет вечер ќе бидат изведени балетските едночинки „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“.

„Шехерезада“ од Николај Римски Корсаков, работен по мотивите на приказните од „Илјада и една ноќ“, ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска. Кореографијата е на балет-мајсторот од Москва Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, костимите се на Маја Бурсаќ од Србија, концерт-мајстор е Верица Ламбевска.

Балетската приказна ќе ја раскажат: Наташа Трендафилова Гицев, Ивана Коцевска, Илијана Данилов, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Балаж Лочеи (Унгарија) и Валери Љубенко (Украина).

Во вториот дел ќе се изведе едночинката „Валпургиска ноќ“ од Шарл Гуно. Диригент е Бисера Чадловска, а кореографијата е на Михаил Лавровски. Пренел и режирал Јуриј Мјачин од Русија. Сценографијата е на Илија Аризанов, а костимографијата на Изабела Поњавиќ, концерт-мајстор е Верица Ламбевска.

Ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска, Христина Наќевска Митрашиновиќ, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Балаж Лочеи (Унгарија) и Валери Љубенко (Украина). Ќе настапат првенци, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

- „Валпургиска ноќ“ е всушност балетскиот дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно и е првата премиера на Балетот на тогашниот Македонски народен театар (МНТ), која се извела на 27 јануари 1949 година во кореографија на Ѓорѓи Македонски, соопшти Националната опера и балет.

СП: Македонија на мегдан со брзата Холандија

Најдобрата ракометна репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот во арената во Вараждин ќе го одигра вториот натпревар на Мундијалот во 2025 година. 

Во 2 коло од групата Д противник на црвено жолтите е брзата и незгодна селекција на Холандија.

По одличното издание против фаворизираната Унгарија, избраниците на Лазаров и вечерва ќе се сретан со селекција која ќе ја има улогата на фаворит. Но нашите ракометари на премиерата покажаа дека со поддршка од македонската навивачка фаланга, која е се побројна во Вараждин можат рамноправно да играат и против репрезенатциите од врвот на европскиот и светски ракомет.

За добар и позитивен резултат избраниците на Лазаров и вечерва ќе треба да го повторат изданието од мечот против Унгарија, посебно во одбраната.

Цврстата, подвижна и агресивна одбрана посебно над организаторот на холандската игра бекот на ПСЖ Лук Стајнс е клучот за успех против брзата Холандија.

Дуелот во Вараждин ќе биде и можност за поправање на впечатокот од натпреварот на СП во 2023 од Краков кога бевме поразени со убедливи 34-24.

Во првиот меч од групата Д пред два дена Холандија лесно и убедливо со 40-23 го декласираше дебитантот Гвинеја.

притисни ентер