Талибанците тргнале во претрес на напуштени амбасади, во чешката нашле склад со алкохол (ВИДЕО)

Сликите на талибанците меѓу купишта алкохол кога се појавија на социјалните мрежи, а подоцна и видео што ја заинтригира јавноста.

Како што секогаш се случува, не можело да помине без одреден хаос. Имено, на социјалните мрежи е објавено дека талибански војници провалиле во куќата на поранешниот авганистански министер за надворешни работи Салахудин Рабани, кој избегал од земјата пред талибанците да влезат во Кабул и се наоѓа во егзил во Пакистан.

Штом се појави таа информација, дека целиот алкохол во една соба во куќата на Рабани му припаѓа нему, лично се огласил поранешниот шеф на авганистанската дипломатија.

"Ова не е моја куќа, туку амбасадата на Чешка. Ова е пропаганда против мене", рекол Рабани, кој побегнал во Пакистан откако Талибанците ја окупирале земјата и кој веќе некое време остро се противи на движењето.

Оваа мистерија ја разреши чешкиот новинар Андреј Сокуп, кој на Твитер напиша:

„Внимателен поглед покажува дека ова е веројатно чешката амбасада во Кабул“, напишал тој.

Чешките медиуми го контактирале и поранешниот чешки амбасадор во Кабул, Јиржи Балоун, за овој случај, кој се согласил да го види видеото, но не одговорил од каде толку алкохол во чешката амбасада и дали талибанците пронашле повеќе од прикажаното во видеото.

„Можеме да потврдиме дека објавеното видео ги прикажува просториите на привремено затворената амбасада на Чешка во Кабул“, соопштило Министерството за надворешни работи.

Чешката амбасада во Авганистан била активна речиси петнаесет години. Амбасадата функционирала до средината на август, кога е одлучено да се повлечат дипломатите поради брзиот напредок на талибанските бунтовници. Според Балоун и командантот на Единицата за воена полиција, опремата што не можела да се земе била уништена за време на евакуацијата.

Сите тајни материјали биле изгорени, пред да заминат. Дисковите биле отстранети од компјутерите, а останатата компјутерска опрема е уништена со чекани. Дури четири автомобили Тојота останале на аеродромот во Кабул.

18 годишен тинејџер уби 8 лица во студенскиот кампус во Русија

Навидум мирниот студентски ден во Руски-Перм се претвори во ужас и борба за живот. 

18 годишен тинејџер уби 8 лица и повреди уште неколку во вооружениот напад во студенскиот кампус. Некои спасот го барале заклучувајќи се во амфитеатрите и кабинетите, додека пак други соочени со смртта скокаа од прозорците на објектите за да избегаат од заканата по нивниот живот.

Руските медиуми пренесуваат дека станува збор за Тимур Бекмансуров, 18 годишен студент, кој што непосредно пред нападот оставил порака за мотивот на она што следувало.

-Не сум припадник на екстремистичка организација, не сум религиозен и сум аполитичен. Никој не знаеше што ќе направам и дејствував самостојно. Од кога знам за себе секогаш размислував за смртта. Не знам колку луѓе можам да убијам, но ќе направам се’ за со себе да земам колку можам повеќе животи.- Тимур Бекмансуров.

Според информациите од руското мвр, напаѓачот давал отпор, се забарикадирал во една од училниците и пукал кон полицијата, која во престрелката го ранила, а потоа и го уапсила.

Засега истражните органи кажаа само дека станува збор за студент, кои што потврдија дека напаѓачот давал навистина голем отпор на полицијата, одбивајќи да биде уапсен.

Во Мај во Русија се случи сличен настан, во Катарстан, каде што во училиште беа убиени 9 лица, а преку 30 беа повредени. И тогаш оние кои што беа нападнати спасот го бараа скокајќи од прозорците, некои од нив на тој начин и ги загубија животите.

Во Русија на сила се строги закони за цивилно поседување на оружје, но некои категории, како тие за лов, самоодбрана или спорт, може да се купат по тестирање и исполнети услови. Бекмансуров во својата објава опишал детално како го купил оружјето за кое што вели дека долго штедел.

Ковачки: Дали експерти предупредиле да не се вградуваат пур панели?

Дали експерти предупредиле да не се вградуваат пур панели и дали струјата е поврзана без проект?!

12 дена по пожарот во тетовската модуларна болница од ВМРО-ДПМНЕ и денеска со барање на одговори за несреќата но и како што наведуваат непристрасна истрага.

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на предлог-законот за академија на судии и јавни обвинители

Во Собранието опозицијата побара повлекување на предлог Законот за судии и јавни обвинители, кој според ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со европско знаменце.

Повеќе детали има Андријана Лазова.

Андријана кои се аргументите на власта и на опозицијата околу овој закон.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер