Талибанците се пофалија со запленети балистички ракети (ВИДЕО)

Приказната дека Талибанците имаат балистички ракети датира од средината на 90-тите години, но тогаш никој не ги видел иако имало приказни дека биле користени.

Тогаш таа приказна се заборави и повеќе од 25 години, никој не ги споменувал балистичките ракети во Авганистан. Меѓутоа, ракетите „Скад“ повторно се појавија во Авганистан, а Талибанците ги откриле во очајна состојба во долината Паншир во делот што неодамна е окупиран.

Џихадистите побрзаа за да ги покажат балистички проектили. Судејќи според снимката, може да се види дека тие се во очајна состојба и дека ќе биде потребна стручна експертиза, како и поседување ракетно гориво за овие ракети да бидат во функција..

Во основа целата опрема потекнува од 1980 -тите години на минатиот век од војната на војската на ДРА и муџахедините.

Најинтензивната употреба на тактички балистички ракети била на крајот на советско-авганистанскиот конфликт. Пред повлекувањето на советската армија од Авганистан, била формирана 99-та ракетна бригада, која имала балистички ракети од типот Р-17 „Скад“,во градот Афшур. Првпат е користена во борба во ноември 1988 година. Јадрото првично било составено од советски војници, и како што Авганистанците ја завршиле својата обука, тие ги преземале должностите во самата бригада. Првите проектили се лансирани во складиштето за муниција на авганистанско-пакистанската граница. Тоа биле балистички проектили Скад Б.Во битката за Џалалбад во 1989 година, тие лансирале 438 Скада, а во Октомври 1989 година, дури 995 балистички проектили.

По пристигнувањето на американската армија во Авганистан во ноември 2011 година,американските војници ги пронашле последните четири оперативни системи „Скад“, како и проектилите во долината Паншир во 2005 година. Без разлика дали се исти проектили или складиште, колку и каде има проектили, се чини дека останува тајна и енигма во Авганистан.

Она што е утешно е дека ракетите се во очајна состојба. Дали има гориво за ракети, во каква состојба се боевите глави, мобилните фрлачи за истрелување ракети, се прашања на кои е тешко да се одговори.

Сончево и топло до 32 степена

Времето утрово ќе биде студено, а во текот на денот  сончево и топло.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 28 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека до понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури.

Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Дневен хороскоп за 25. септември 2021 година

Дневен хороскоп за сабота, 25. септември 2021 година. 

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е убав ден за дружење , било да се решите за излегување со саканата личност , било да се прошетате и се напиете кафе со познаници.

Кариера

Денеска лесно ќе излегувате на крај со обврските доколку работите со колеги , но ако сте сами на работното место , ќе ви недостига некој за да поразговарате.

Здравје и совет

Радувајте се на она што е добро.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Можно е решение на некој семеен проблем , што долго ве измачуваше. Веројатно ќе најдете заеднички јазик.

Кариера

Успешно ќе завршите една деловна фаза и ќе свртите нов лист.Ќе биде тоа чекор напред за вас.

Здравје и совет

Не се сомневајте ,туку работете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска е ден кога во љубовните теми ќе помешате скромност со високи идеали. Резултатот ќе биде збунетост на другата страна.

Кариера

Соработниците ќе ве подржат и ќе ви изразат симпатии , но кога станува збор за стручноста , никој нема да ви прогледа низ прсти.

Здравје и совет

Се е во ред.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашиот љубовен шоу ќе продолжи со поврзување со личност од надвор. Некои ќе добијат љубовен меил или порака од странство.

Кариера

Својата стручна способност денеска ќе ја надувате до крајни граници , но никој нема да ви замери , зашто ќе бидете уверливи.

Здравје и совет

Почнете да спортувате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе имате вистински баланс за уживање и љубов , апосебно во конкретни ситуации.Оние во врска ќе бидат многу задоволни.

Кариера

Денеска исправно ќе се поставите , зашто ќе знаете да ги испочитувате не само строгите правила, туку и човечките потреби.

Здравје и совет

Мала главоболка.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Мал чекор ве дели до помирување и поквалитетни односи , но потребно е само малку трпение.

Кариера

Веројатно ќе добиете добар договор за спонзорирање на еден проект за што се сомневавте.

Здравје и совет

Имајте малку повеќе верба.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Преодна несигурност би можела да биде поврзана со погрешно изразување или недоразбирање. Не навлегувајте во расправија.

Кариера

Вашите претпоставени денеска ќе бидат полни со елан и нови планови за развој на работата , а вие ќе имате помалку енергија. Издржете.

Здравје и совет

Одете чекор по чекор.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако имате лични проблеми , прифатете еден неврзан повик на кафе , зашто така ќе си ја олесните душата.

Кариера

Можеби ќе ви предложат да одите на кусо деловно патување за да ја согледате состојбата и да донесете нови информации од терен.

Здравје и совет

Средете го ритамот на работата и одморот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

За некои овој ден ќе биде за паметење , а особено вториот дел.Оние кои бараат сродна душа , секако треба да излезат.

Кариера

Ќе биде одлично , координирани и со вистинско чувство за секоја задача. За вас денеска нема препреки.

Здравје и совет

Уживајте во секој момент.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе одработите уште некои работи од минатото , за да можете посмело да тргнете натаму. Нема да ви биде лесно , но ќе бидете доследни.

Кариера

Ќе ви обрнат внимание и ќе може да си го изразите своето мислење. Вашите идеи ќе бидат разгледувани , но за нив ќе нема мислење.

Здравје и совет

Премногу се грижите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денеска малку ќе ве измачуваат стари мечти и неисполнети надежи , па затоа најдобро е да се повлечете и смирите. Не инсистирајте на ништо.

Кариера

Иако ќе работите посветено и без застој , денеска ќе ви изгледа како да работите недоволно.

Здравје и совет

Поработете на вашето трпение.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво на пријателите. Тие ќе бидат вистибнски мелем за вас.

Кариера

Конечно ќе ви стане јасно дека она што го работите вреди повеќе отколку што мислевте . Со тоа сознание полесно ќе работите.

Здравје и совет

Бидете искрени кон сите.

Русин си го убил пријателот,кој му ја силувал ќеркичката- го натерал сам да си го ископа гробот

Русинот кој признал дека го убил својот долгогодишен пријател, за кого се верува дека ја силувал неговата шестгодишна ќерка, го натерал самиот да го ископа сопствениот гроб, а потоа го прободел во градите, пишува британски Мирор.

Според полицијата, педофилот Олег Свиридов (32) на својот мобилен телефон чувал снимки на кои се гледа како злоставува неколку деца во селото Винтаи во рускиот регион Самара.

Работникот во фабрика за ракетни мотори, Вјачеслав М. (34), се пиел со Свиридов, кога видел снимка на мобилниот телефон на која се гледа како ја силува неговата ќерка, која сега има девет години.

Го нападнал Свиридов, кој набргу избегал. Педофилот бил близок пријател на семејството на Вјачеслав и знаел како да се приближи до малото девојче во неколку наврати, сексуално злоупотребувајќи ја.

Вјачеслав ги пријавил силувањата во локалната полиција, која започнала потрага по Свиридов, но таткото успеал да го најде пред полицијата и го избодел со нож. Таткото и рекол на полицијата дека се скарал со Свиридов во шумата и дека тој „налетал на нож“ за време на расправијата.

Тој рекол дека немал намера да го убие. Наводно, Вјачеслав им рекол на пријателите дека го натерал Свиридов да ископа гроб за да го исплаши, но потоа и рекол на сопругата дека Свиридов се обидел да го прободе, принудувајќи го да му возврати со лопата.

Телото на педофилот било пронајдено во близина на селото, повеќе од една недела откако Вјачеслав ја видел снимката на неговиот мобилен телефон. Полицијата го уапсила таткото и започнала истрага за целиот случај.

притисни ентер