Табуата главна пречка за развој на женското претприемништво

Жените во Македонија се застапени во претприемништво со 32 проценти, но не сите од нив ја вршат работата. Во компаниите претежно фигурираат во име на сопруг, брат или други членови на семејството. На високи позиции се само во услужните дејности. Значителни се разликите во износот на нивните плати, со тие на мажите.

Таквата состојба, според здруженијата и организациите на жени, може да се промени со надминување на табуата за амбициите на жените и нивна добра организираност.

- Жени на менаџерски позиции во Македонија се 12 проценти, но тоа не значи дека сме го пробиле стаклениот кров што го има секаде во светот.

Нашите жени се претежно директорки на училишта, на градинки, значи на услужни дејности. Застапени се во многу мал сегмент и тоа не го сметаме за добра бројка. Дванаесетте проценти треба да се зголемат и во други бизниси, изјави Валентина Дисоска, претседател на Здружението на жени на Македонија, организатор на денешната конференција за женско претприемништво, што се одржува во Скопје.

Разликите во платите меѓу мажите и жените, посочува Дисоска, постојат, а најмногу се изразени кај менаџерските позиции. - Сметаме дека ние жените сами не знаеме да се застапуваме и да си ги побараме повисоките плати, а не дека не сме ги заслужиле, нагласи Дисоска.

Според Јосет Дајхозе, претприемачка од Холандија, женското претприемништво треба да се стимулира и мотивира и да се разменуваат искуства, особено во делот на табуата, коишто постојат во Македонија како и во сите останати земји.

- Главни пречки се тоа што жените не се вреднувани на ист начин како мажите и поголеми се тешкотиите за жените да стигнат до финансии. Ние сметаме дека заслужуваме да стигнеме до одредено ниво на развој. Треба добро да се разјаснат улогите меѓу мажите и жените за да се постигне економска стабилност и зајакнување на женското претприемништво, изјави Дајхозе.

Главно табу, истакнува, е тоа што амбицијата на жената не е препознаена и разбрана од другите.

- Жените не влегуваат веднаш во ризик како мажите и дејствуваат полека, но стабилно. Создаваме вредности за вработување, но исто така и за развој на социјално претприемништво. Не само од аспект на БДП и бизнисот, туку и во рамки на семејствата, посочи Дајхозе.

Женското претприемништво во Македонија, оценува, од аспект на квантитет се наоѓа на исто ниво како и во Европа.

- Факт е дека степенот на образование е многу повисок споредено со одредени земји така што мислам дека можете многу побргу и поквалитетно да одите напред, нагласи Дајхозе.

Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на Македонија, смета дека жените може да бидат пример за водење бизнис поради сигурното корпоративно управување со компаниите и квалитетниот пристап во работењето, носењето одлуки.

- Генерално, моментно улогата на жената во колективниот дијалог и социјалното преговарање во заштитата на човековите права и градењето човечки ресурси и капацитети во компаниите не е на големо и завидно ниво. Сметаме дека тоа ќе може да се поправи со дејствување преку Здружението на жени, изјави Бошков. /МИА

Маж се заканувал со експлозив во иранскиот конзулат во Париз, уапсен е

Париската полиција уапси маж кој претходно беше осомничен дека се заканувал дека ќе активира експлозив во иранскиот конзулат во Париз.

Француската телевизија БФМ претходно објави дека непознато лице влегло во конзулатот, како што претходно изјавиле очевидци.

Мажот наводно бил виден со експлозивна направа, граната и се заканувал со експлозив.

Мобилизирани се специјални сили, а од безбедносни причини сообраќајот во областа, како и на една линија на метрото е прекинат.

Сајкоски од Битола: Платформата 1198 се обврзува на 150 милиони евра за домашното стопанство

Битола е на највисоко ниво на агендата што ќе ја предводи владата на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период.

Битола ќе добие економски развој, Битола ќе добие нова инфраструктурна мрежа. За Битола се предвидени голем број на инвестиции.

Денеска бевме во посета на стопанствениците во Битола од кои што слушнавме и со кои што разговаравме за проблемите со кои што се соочуваат.

Ние како луѓе кои што ќе работиме во идната влада која што ќе ја предводи Македонија сакаме да им изразиме гаранција дека ќе приоѓаме кон секој нивни проблем, ќе работиме за решавање на секој нивен проблем.

Исто така заедно со градоначалникот укажавме на компаниите и на стопанствениците дека и локалната самоуправа стои на располагање на битолското стопанство.

Укажуваме дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 150 милиони евра во стопанството.

Почитувани ова е начин да се помогне стопанството, да се помогне да не се иселуваат луѓето, да го подобриме квалитетот на живот, и да имаме подобар живот и во Битола и во цел наш регион, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.

МФ: Нема незаконитост во нашите одлуки, се поништува одлуката на ДИК

Со цел информирање на јавноста, а во врска со изнесените информации од страна на дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии, соопштуваме дека во однос на наведените случаи не станува збор за незаконски донесени одлуки .

Со цел информирање на јавноста, а во врска со изнесените информации од страна на дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии, соопштуваме дека во однос на наведените случаи не станува збор за незаконски донесени одлуки во постапките за вработување, унапредување и издавањето известувања за обезбедени финансиски средства за реализација на нови вработувања кај буџетските корисници.

Министерството за финансии од почнување на мандатот на Преодната Влада, во која во Министерството за финансии има дополнителен заменик-министер за финансии во духот на добра соработка, транспарентност и отчетност во работењето, а со цел заеднички и рамноправно да учествува во одлучувањето, сите предмети кои беа доставувани на потпис до министерот, беа доставени на разгледување и до дополнителниот заменик-министер, вклучително и документите кои се однесуваат на постапките за вработување и унапредување во МФ и издавањето известувања за обезбедени средства за нови вработувања кај буџетските корисници. Иако, согласно со Законот за влада Чл.46 е дефинирано дека дополнителниот заменик на министерот заедно со министерот рамноправно ги разгледува и ги потпишува сите акти и документи кои ги донесува министерот, а се однесуваат само на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организација на изборите. Исто така согласно членот 46 дополнителниот заменик-министер е должен веднаш, а најдоцна во рок од еден ден да го одобри или одбие актот во смисла на овој закон, за што дополнителниот заменик-министер не се одлучуваше по истите.

Министерството за финансии постапувајќи по чл.46 од Законот за влада, до дополнителниот заменик-министер ги доставуваше на разгледување сите предмети кои беа доставувани на потпис до министерот, не навлегувајќи во толкување на одредбата која и така е општа во однос на прецизирање на тоа кои документи и акти се поврзани со организација на изборите, а во однос на тоа самата да одлучи кои од нив ќе бидат потпишувани заеднички, а согласно роковите предвидени во чл. 46 од Законот за влада, и сето тоа во духот на добра соработка, транспарентност и отчетност и се со цел заедничко и рамноправно со министерот да учествува во остварување на надлежностите на Министерството.

Заради несогласувањето согласно чл.48 од Законот за Влада, Министерството за финансии се обрати до ДИК, како единствена надлежна институција да одлучува во врска со тоа дали одредено правно, финансиски и кадровско прашање се однесува на организација на изборите. По донесената одлука на ДИК, со која се потврди дека не станува збор за прашања поврзани со организација на изборите, беа покренати судски постапки од страна на дополнителниот заменик-министер за финансии пред надлежни судови, каде одлуката на ДИК беше потврдена од страна на Управниот суд, но по жалба пред Виш управен суд истиот ја поништи и ја врати на повторно одлучување. Оттука, произлегува дека не станува збор за незаконски одлуки на Министерството за финансии, туку се поништува одлуката на ДИК со која се одлучува дека ваквите акти не треба да бидат предмет на врзан потпис и се враќа на повторно одлучување во ДИК, соопштуваат од МФ.

притисни ентер