СЗО: Влегуваме во четвртиот месец од пандемијата и многу сме загрижени

Генералниот директор на Светската здравствена организација,Тедрос Аданом Гебресиус  изрази длабока загриженост за глобалното ширење на коронавирусот и бројот на луѓе што починале , пренесува Sky News.

„Додека влегуваме во четвртиот месец откако започна оваа пандемија, јас сум длабоко загрижен за брзата ескалација и глобалното ширење на инфекцијата“, рече тој.

Тој рече дека во изминатите пет недели, бевме сведоци на скоро експоненцијален раст на заразените лица скоро во секој агол на светот.

- Во наредните денови ќе достигнеме бројка од еден милион заразени и 50 илјади смртни случаи низ целиот свет - рече Гебриесус.

Тој, исто така, рече дека на многу земји им е потребна помош, особено во Африка, каде што рече, КОВИД-19 може да има сериозни социјални, економски и политички последици.

- Многу земји ги покануваат луѓето да останат дома, да го ограничат движењето, што помага да се намали преносот на овој вирус, но тоа може да има големи последици за сиромашните - рече тој.

Тој исто така објасни дека пред три месеци скоро ништо не се знаело за коронавирусот.

- Сите сега знаеме многу, учиме нешто ново секој ден. Ние сме посветени да му служиме на човештвото за да го заштитиме човековото здравје “, рече тој.

притисни ентер