СЗО : Се зголемува бројот на млади со многу тешки симптоми

Светската здравствена организација предупреди дека се повеќе млади луѓе се разболуваат сериозно или умираат од коронавирус ширум светот.

„Гледаме се повеќе млади луѓе кои имаат сериозни симптоми“, рече лекарот Марија Ван Керхоув, шеф на одделот за итни случаи и зоонози на прес-конференцијата во Женева, пренесува CNBC.

„Според податоците од бројни земји ширум Европа, можеме да видиме дека младите луѓе умираат. Некои од нив имаат и други хронични заболувања, а некои не“, додаде таа.

Засега, сè уште многу  непознати за експертите има во болеста „Ковид-19“. На пример, не е познато зошто болеста се развива кај некои лица со сериозни, додека други доживуваат релативно благи симптоми.

"Повеќето луѓе со сериозни симптоми на интензивна нега обично се постари и / или имаат други здравствени проблеми. Но, во некои земји има случаи на лица во нивните 30-ти, 40-ти и 50-ти години кои се заразени со новиот вид коронавирус, тие завршија на интензивна нега и починаа “, рече Ван Керхоув.

Во Италија, земја со најголем број смртни случаи од коронавирус во светот, од 10% до 15% од сите лица на интензивна нега се под 50-годишна возраст. Во Јужна Кореја, еден од шест смртни случаи се под 60-годишна возраст.

„Во последните неколку месеци често се слуша дека оваа болест лошо влијае на старите лица, но дека не е опасна за младите, но тоа сега не е така.

СЗО и претходно предупреди дека младите можат да се заразат со Ковид-19 и да развијат сериозни симптоми опасни по живот. Минатиот месец, светските здравствени експерти презентираа кинеска студија спроведена на 2143 деца за кои постоело сомневање или потврдено дека биле заразени со коронавирус. Студијата открила дека повеќе од 90% од случаите биле асимптоматски, со благи или умерени симптоми. Сепак, скоро 6% од случаите биле сериозни или критични (во споредба со 18,5% кај возрасните).

Други студии, исто така, покажаа дека возрасните имаат поголема веројатност (но не се сигурни) да развијат потешки симптоми или да починат отколку децата и тинејџерите и дека симптомите кај децата се често благи, за разлика од грипот кога децата се изложени на поголем ризик од компликации.

Иако децата имаат незрел имунолошки систем и посилен одговор на инфекции, коронавирусот се чини дека не влијае на нив на овој начин, пренесува BBC.

Но, тоа не значи дека децата или тинејџерите не можат да имаат сериозни симптоми или да го загубат животот. Во Лондон, на пример, почина 13-годишниот Исмаил Мохамед Абдулвахаб, кој беше заразен со Ковид-19 и немал други сериозни здравствени проблеми.

Пред една недела, едно 14-годишно момче за кое беше откриено дека е позитивно почина во Португалија, а во Белгија, на само 12 години, почина девојче минатата недела.

притисни ентер