СЗО објави колку луѓе треба да се вакцинираат за да се запре коронавирусот

Приближно 60-70 проценти од населението треба да се вакцинираат за да се запре ширењето на инфекцијата со коронавирус, соопштија лидерите на Светската здравствена организација, одбивајќи да шпекулираат дали болеста потекнува од Кина или не.

Стапката била утврдена врз основа на неколку студии, рече денеска на прес-конференција во Женева Кетрин О'Брајан, шеф на одделот за вакцинација на СЗО, пренесува ДПА.

О’Брајан, сепак, истакнала дека навистина потребната стапка на имунизација за оваа пандемија ќе стане појасна откако ќе се знае уште повеќе за вакцините што се тестирани досега.

„Навистина е важно да започнеме да добиваме повеќе информации“, рече таа.

Покрај знаењето колку добро вакцините можат да ја спречат инфекцијата со ковид-19, се поставува прашањето дали тие го отежнуваат вирусот да остане во носот и грлото на луѓе без симптоми и дали вакцините го отежнуваат пренесувањето на вирусот од едно на друго лице, додаде О’Брајан .

Светската здравствена организација исто така соопшти дека треба да се видат клиничките податоци и информации за добрата производствена практика за да може да се процени вакцината против коронавирус Спутник V во Русија, рече денеска асистентот на генералниот директор Маријангела Симао.

Руската вакцина Спутник V е ефикасна повеќе од 90 проценти, рече портпарол на руското Министерство за здравство овој месец, повикувајќи се на податоци собрани за време на јавната вакцинација, наместо тековниот процес на тестирање.

Еден од најдобрите експерти за итни случаи на СЗО денеска рече дека би било „многу шпекулативно“ СЗО да каже дека вирусот не се појавил во Кина, каде што за прв пат бил идентификуван на пазар во декември минатата година.

Кина се обидува да го протурка наративот преку државните медиуми дека вирусот постоел во странство пред да биде откриен во Вухан, град во централна Кина, повикувајќи се на спакувана увезена замрзната храна и преку научни публикации кои тврдат дека вирусот циркулирал во Европа минатата година.

„Мислам дека е многу шпекулативно за нас да кажеме дека болеста не се појавила во Кина“, рече Мајк Рајан на виртуелен брифинг во Женева откако бил прашан дали е можно вирусот првпат да се појавил надвор од Кина.

„Од гледна точка на јавното здравство, јасно е дека започнувате истрага каде се појавија првите случаи“, додаде тој, велејќи дека доказите потоа може да доведат на друго место.

Тој повторил дека СЗО планира да испрати истражители на пазарот во Вухан за понатамошно истражување на потеклото на вирусот.

Администрацијата на Трамп го обвини СЗО дека е „про-кинеска“, што организацијата го негирала во неколку наврати.

Грчкиот Парламент не го изгласа предлогот на опозицијата за недоверба на Владата

Како што соопшти претседателот на Парламентот Константинос Тасулас тридневната расправа траеше над 40 часа, а се обратија 163 говорници, меѓу кои пратеници, министри од Владата и сите лидери на партиите. 

Предлогот за недоверба на грчката Влада доставен од четири опозициски партии, како што и се очекуваше, не го доби потребното парламентарно мнозинство, не беше изгласан од Парламентот и не создаде проблеми за владиното мнозинство, јави дописничката на МИА од Атина.

Од 300 пратеници во Парламентот, за да помине предлогот, потребно беше да биде изгласан со најмалку 151 глас, а на синоќешното гласање, поддршка доби од 141 пратеник кои гласаа „за“, додека пак останатите 159 беа против, од кои еден независен пратеник и целата пратеничката група на владејачката Нова демократија.

Пратеничките групи на ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и на Курс на слобода во вторникот доставија заеднички предлог за гласање недоверба на Владата, по иницијативата на лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, поради новите информации за железничката несреќа во февруари минатата година кај Темпи, објавени од весникот „То вима“.

Како што соопшти претседателот на Парламентот Константинос Тасулас тридневната расправа траеше над 40 часа, а се обратија 163 говорници, меѓу кои пратеници, министри од Владата и сите лидери на партиите.

Текстот во весникот „То вима“ објавен во неделата за монтираните аудиозаписи за железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари 2023 година во која загинаа 57 лица, кај опозициските партии во Грција предизвика низа реакции, кои кулминираа со доставување на предлогот за гласање недоверба на актуелната Влада.

Синоќа, додека сè уште беше во тек расправата во Парламентот државниот министер Ставрос Папаставру и заменик-министерот без ресор Јанис Братакос си поднесоа оставки, кои беа прифатени од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Владини извори за грчките медиуми коментирале дека „присуството на социјален собир испратило погрешна порака“.

Оставките на Папаставру и Братакос дојдоа откако дел од грчките медиуми објавија дека двајцата министри се сретнале со бизнисменот Вангелис Маринакис, кој меѓу другото е сопственик и на групацијата чиј дел е весникот „То вима“ што во неделата го објави текстот за монтираните аудиозаписи по железничката несреќа. /МИА

Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо

Во синоќешните израелски напади врз северниот сириски град Алепо загинаа најмалку 38 лица, меѓу кои и борци од либанското шиитско движење Хезболах.

Претходно сириското Министерство за одбрана соопшти дека при израелските напади погодени се неколку области во и околу градот при што загинале одреден број цивили и војници.

По нападот на Хамас на 7 октомври, Израел ги засили нападите врз базите на проиранските групи на територијата на Сирија. Во некои операции мета беа и позициите на сириската воздушна одбрана и армијата.

Израел со години спроведува слични акции во Сирија, каде што влијанието на Техеран се зголеми откако Исламската Република почна да го поддржува претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна што изби во 2011 година. Борците од групите сојузници на Иран, како што е Хезболах, сега се зацврстија на големи делови од источна, јужна и северозападна Сирија, како и во некои предградија на главниот град. /МИА

ЛДП организира „Pet Friendly“ ден во канцеларијата „Либерално ќоше“

„Pet Friendly“ ден за дружење, разговори и идеи на граѓаните со претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова, ќе се одржи денеска во новоотворената канцеларија на ЛДП „Либерално ќоше“ во срцето на Скопје.

- Водејќи се од нашата совесност, свесност и одговорност, покренавме иницијатива за носење на нов закон за благосостојба на животните. Милениците, се семејство, не потрошен предмет и затоа секој сопственик кој го остава својот миленик на улица треба да сноси одговорност и да се обезбеди регулиран систем на одговорно одгледување и размножување. Воедно да се обезбедат соодветни услови за бездомните кучиња и мачки и при тоа да ги заштити граѓаните од несакани повреди, е пораката на Зајкова, стои во соопштението од партијата.

Граѓаните се добредојдени на петочното дружење заедно со своите миленици, а своите идеи и предлози, се додава, може да ги споделат и во писмена форма.

На полето на заштита на животните, ЛДП до Собранието поднесе и предлог за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, којшто ќе воведе построги мерки против оставање животни на улица, поодговорно сопствеништво и ќе ги подобри нивните услови, стои во соопштението.

притисни ентер