СЗО : Новиот епицентар на епидемијата е Јужна Америка, Бразил е најпогоден

Јужна Америка стана нов епицентар на пандемијата на „ковид-19“, при што Бразил е најзагрозен, соопшти денес Светската здравствена организација (СЗО).

Исто така, во некои африкански земји каде досега бројот на заразените бил мал, бројот на заболени се зголемува, пренесува Ројтерс.

Сега има повеќе од 100.000 случаи на зараза во Африка.

„Бидејќи првиот случај во Африка е забележан пред 14 седмици, тој се рашири до денес во сите земји “, се вели во соопштението на СЗО, додавајќи дека досега на континентот умреле 3.100 луѓе. Во девет африкански земји, бројот на случаи се зголемил за 50 проценти минатата недела, додека во другите има пад или состојбата е иста.

„На овој континент досега се избегнати масовни смртни случаи, како и во некои други делови на светот“, рече д-р Матшидизо Моети, регионален директор на СЗО за Африка.

„Но, не смееме да заспиеме затоа што нашите здравствени системи се слаби и имаат помалку капацитет да се справат со потенцијалното ненадејно зголемување на бројот на заразени“, рече таа.

Но, ситуацијата во Јужна Америка е многу посериозна. Д-р Мајк Рајан, експерт за итни случаи на СЗО, рече дека континентот станал нов епицентар на пандемијата.

Најпогоден е Бразил, каде властите дозволија широко распространета употреба на лек против маларија за третман на ковид-19. Тој додаде дека клиничките испитувања сè уште не покажале резултати што би ја одобриле широката употреба на лекот за борба против ковид-19.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

Девет лица приведени во Таџикистан поради поврзаност со нападот во Москва

Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан уапси девет лица за кои верува дека се поврзани со осомничените за нападот во концертната сала во Москва.

Светските агенции повикувајќи се на извори во безбедносните сили на Таџикистан, денеска наведуваат дека осомничените се уапсени и поради нивните врски со огранокот на терористичката организација Исламска држава во Хорасан (ИСИС-К).

Според нивните информации, сите девет лица биле приведени на 25 март во градот Вахдат и се одведени во Душанбе.

Истражниот комитет на Русија вчера соопшти дека е уапсено уште едно лице осомничено дека учествувало во финансирањето на нападот во Москва. /МИА

притисни ентер