СЗО: Нов дневен рекорд на заразени со коронавирусот во светот

Во светот во последните 24 часа се регистрирани над 230.000 ново заразени со коронавирусот, што е нов дневен рекорд

Земјите од Балканот никако да ги стабилизираат новите високи бројки на новозаразени со коронавирусот. Здравствените власти во соседна Албанија потврдија 117 новозаразени, што прв троцифрен број на инфицирани за 24 часа. Ова го запали црвеното светло во институциите, а владата во Тирана поради стравот од голем наплив на пациенти донесе итна одлука повторно да ја адаптира болницата „Шефќет Ндроќи“ во Ковид центар.

За време на последните 24 часа, беа направени 585 тестови на лица кои беа суспектни дека се инфицирани од Ковид-19, од кои 117 се потврдени дека се позитивни, зголемувајќи го бројот од почетокот на пандемијата 3571 случај.

Србија која изминативе денови се справува со антивладините протести, се соочува и со понатамошно зголемување на заразените со коронавирусот. Здравствените власти објавија дека вчера се регистрирани нови 287 заразени, а дополнително загрижува и состојбата со болничките капацитети кои се речиси исполнети, а се најавува и адаптација на нови ковид центри. Епидемиолозите предупредуваат дека Србија набрзо не може да очекува стабилизирање на ситуацијата, односно се најавува дуплирање на бројот заразени.

Нови случаи во регинот се регистрараа и во Хрватска и Словенија, а ситуацијата се влошува и на глобално ниво... Во последните 24 часа во светот се регистрирани преку 230.000 новозаразени, што е воедно и нов црн рекорд. На врвот листата и понатаму се наоѓаат САД, а во рекордерите на денот за прв пат се најде Флорида, која изминатово деноноќие потврди 15.000 нови случаи.

Болниците речиси го исполнија капацитетот, имаме околу 19 илјади пациенти со полесна клиничка слика, четиристотини на интензивна, двесте на вентилатори. Очигледно е дека сме преоптеретени во овој момент, што има влијание и врз пациентите кои не се заразени, а за кои треба да се погрижиме.

Доза оптимизам донесоа научниците од Оксфорд кои пред неколку недели објавија дека ја започнале третата и конечна фаза од тестирањето на нивната вакцина против ковид 19, соопштија дека таа ќе прилично евтина, ќе чини колку едно еспресо, односно неколку евра. Светло на крајот на тунелот влева информацијата дека истата ќе биде достапна веќе во септември, а први кои би се вакцинирале се медицинскиот персонал, полицијата и армијата.

Брнабиќ: Белградските и локалните избори ќе се одржат на 2 јуни

 Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека донела одлука да го прифати барањето на опозициските партии сите локални избори да се одржат заедно со изборите во Белград на 2 јуни. 

Брнабиќ на вонредна прес-конференција рече дека тоа би значело дека в сабота ќе се расправа за измените Законот за локални избори. Локалните избори ќе ги распише в недела.

„Одлучивме да го прифатиме барањето, во консултација со претседателот, на опозицијата околу СПН и коалицијата НАДА и да ги распишеме сите тие избори закажани за јули и август. За ова ќе биде потребна измена на законот за локални избори ... И секако е важно да го направиме тоа што е можно поскоро, затоа моето барање до службите и до сите пратенички групи е да го завршат попладнево“, изјави таа.

Песков: Американската помош за Украина нема да ја промени ситуацијата на фронтот

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека новата американска помош за Украина нема да промени ништо на бојното поле.

- Тоа на никаков начин нема да влијае на развојот на ситуацијата на фронтот … што е многу неповолно за украинската страна, посочи Песков.

Неговата изјава уследи откако претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон најави дека на 20 април ќе се одржи долгоочекуваното гласање за помош на Украина, Израел и Индо-Пацификот.

Гласањето е по повеќе од два месеци откако пакетот беше одобрен во Сенатот.

Надлежниот комитет претстави закон што ќе обезбеди 60,84 милијарди долари за Украина и регионалните партнери, од кои 23,2 милијарди долари ќе бидат искористени за обнова на резервите американско оружје и објектите.

Поддршката за Израел изнесува вкупно 26,38 милијарди долари, вклучително и средства за покривање на трошоците за американските воени операции како одговор на неодамнешните напади.

Средствата наменети за Индо-пацификот изнесуваат 8,12 милијарди долари.

Спасување мачка во поплавите во Дубаи

Полицијата во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по силниот дожд што го зафати тоа подрачје, спаси мачка од обилните поплави. Мигот на спасувањето стана видеохит на мрежите.

На снимките се гледа како црно-белото улично маче очајно се закачило за вратата од еден автомобил, сѐ дури спасувачите не го земат и однесат на безбедно, пренесува „Си-ен-ен“.

Според наводите, за само 24 часа во Дубаи наврнал дожд колку што вообичаено паѓа за две години во ова подрачје. Емиратските медиуми дождот од завчера веќе го нарекуват - „историски метеоролошки настан“ што надминал „сѐ што е документирано од почетокот на собирањето податоци“ (за времето) во 1949 година.

притисни ентер