СЗО најави нов тест за корона, со резултати по 15 минути

Тестот што точно може да ја дијагностицира инфекцијата со коронавирус, треба драматично да го забрза и зголеми опсегот на тестирање во земјите со низок и среден приход, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Новиот тест треба да чини околу пет американски долари и може целосно да го трансформира процесот на следење на ширењето на Ковид-19 во помалку богатите земји, кои страдаат од недостаток на здравствени работници и лаборатории, пренесува Би-Би-Си.

Се очекува во следните шест месеци да бидат произведени 120 милиони вакви тестови, а првиот човек на СЗО го нарече тоа „голема пресвртница“.

Имено, експертите предупредуваат дека во некои земји со високи стапки на инфекција, вклучително и Мексико и Индија, нискиот опсег на тестирање го маскира вистинскиот степен на ширењето на коронавирусот.

Новиот тест треба да биде „лесно пренослив и лесен за употреба“, а резултатите треба да бидат готови за 15-30 минути, наместо за неколку дена, објави на прес-конференција првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреизус.

Две фармацевтски компании, Abbott и SD Biosensor, се согласија со фондацијата на филантропот и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, да произведат 120 милиони тестови, изјави шефот на СЗО.

Договорот се очекува да опфати 133 земји, вклучително и многу јужноамерикански земји кои во моментов се најпогодени во однос на стапката на инфекции, како и смртноста.

„Ова ќе биде клучно за да им се помогне на нивните капацитети за тестирање, особено во тешко достапните области, кои немаат доволно лаборатории или доволно здравствени работници обучени да спроведат тестирање“, рече Тедрос.

Хашкиот суд му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа за да се спречи гладот во палестинската енклава.

Во едногласната одлука на највисокиот суд на Обединетите нации, беше речено дека Израел мора да дејствува без одлагање и да дозволи „обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош. Најпотребната помош вклучува храна, вода, електрична енергија, гориво, засолниште и облека, како и средства за хигиена и медицински материјали, пренесува Би-Би-Си. Израел обвинувањата дека земјата ја блокира помошта ги нарече „целосно неосновани“ и соопшти дека продолжува да промовира нови иницијативи за да овозможи континуиран проток на помош во газа по копно, воздух и море.

Фото: Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно?!

Скандалозна изјава на сопруга на украински фудбалер, „Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно“.

Сопругата на украинскиот фудбалски репрезенативец Александар Зубков, убавата Ани ја шокира јавноста со неодмерени.

Само ден по триумфот на Украинците над Исланд вреден пласман на ЕУРО 2024, јавноста повторно беше изненадена од убавата Ани.

На денот кога Украина го победи Исланд во бараж дуелот сексапилната Ани го прослави својот роденден.

За жал, нејзиниот сопруг Александар Зубков не доби шанса да игра против Исланд. Селекторот Сергеј Ребров го остави на клупата за резерви.

Крилниот напаѓач на Шахтјор има одлична сезона, одигра 19 натпревари во првенството на Украина, постигна четири гола и забележа пет асистенции.

Ана Зубкова го привлекува вниманието на украинските медиуми со своите неодмерени изјави, но и со својот изглед.

Ана Зубкова пред две години ги запали социјалните мрежи со следнава изјава:

- Не би можел да бидам со човек кој не заработува многу пари. Или премалку заработува. И што? Се прашувате која плата би била нормална за мојот човек? Да речеме 10 илјади евра.

Провокативната Ани потоа истакнала дека месечно само за себе и својот изглед троши околу 3000 евра.

Инаку Ана Зубкова работела како модел, додека не го запознала фудбалерот на Шахтјор. Таа позираше за украинското издание на „Плејбој“ и така стана многу позната во јавноста.

Сега таа редовно објавува жешки фотографии на социјалните мрежи и со тоа предизвикува реакција кај јавноста во Украина.

ФЕД: Имотот на еден отсто од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 билиони

Имотот на еден процент од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 трилиони долари на крајот на четвртиот квартал од 2023 година, пред се благодарение на растот на акциите, соопшти Американската централна банка ФЕД.

Вкупното богатство на еден процент најбогати луѓе, кои ФЕД ги дефинираше како оние со богатство над 11 милиони долари, се зголеми за два билиони долари во четвртиот квартал, а целата добивка дојде од нивните акции, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Вредноста на корпоративните акции и акциите на заедничките фондови во сопственост на првите еден отсто се зголеми од 17,6 билиони долари во третиот квартал од 2023 година на 19,7 билиони долари.

Невидениот раст на богатството започна во 2020 година, а оттогаш богатството на најбогатиот еден процент порасна за речиси 15 трилиони долари или за 49 отсто.

Економистите велат дека растечкиот пазар на акциите дава дополнителен поттик на потрошувачката преку таканаречениот „ефект на богатство“. /МИА

притисни ентер