СЗО: Над 3,4 милиони новозаболени со Ковид-19 се регистрирани изминатата недела во светот

Изминатата недела регистрирани се повеќе од 3,4 милиони нови случаи на заразени со Ковид-19 ширум светот, што е за 12 проценти повеќе од претходната седмица, соопшти денеска Светска здравствена организација.

СЗО проценува дека со оваа стапка на ширење, вкупниот број на потврдени случаи на коронавирусот од почетокот на пандемијата ќе надмине 200 милиони за три недели.

Во моментов, бројот на заразени се зголемува најбрзо во Западен Пацифик и во Европа.

Меѓу земјите со најмногу нови случаи се Индонезија, Велика Британија, Бразил, Индија и САД.

– Од друга страна, бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 продолжува да опаѓа, соопшти СЗО.

Во изминатата недела ртегистрирани се околу 57.000 смртни случаи ширум светот.

Според СЗО зголемувањето на бројот на новозаболени луѓе се должи на ширењето на новите соеви коронавирус, укинување на дел од рестриктивните мерки, како и тоа што голем број луѓе немаат имунитет, и покрај напредокот на кампањата за вакцинација во некои земји.

СЗО ги повика земјите да се посветат на вакцинирање на најмалку 40 проценти од нивната популација против Ковид-19 до крајот на годината.

Повеќе од три милијарди дози на вакцина се дадени на глобално ниво, но само околу еден процент во посиромашните земји.

Сања Лукаревска во Крива Паланка: Само кога СДСМ победува, победници се и државата и граѓаните

Важноста на овие избори не е во тоа дали ќе ги задржиме нашите позиции туку да ја сочуваме државата, нејзината стабилна и предвидлива иднина. 

СДСМ е силна, голема, моќна партија која поминала низ бројни премрежја од кои излегувала посилна. Не смееме да заборавиме низ што поминавме, и ние и нашата држава. Не смееме да ги заборавиме оние мачни години, години на прислушување, на закани, на молк, на навреди, рече носителката на третата изборна единица Сања Лукаревска, вечерва во Крива Паланка.

-Победивме заедно со народот, со слободољубивите граѓани, го исполнивме нашето најголемо ветување-живот во слобода. Сега ви ветуваме ИДНИНА, предвидлива, спокојна, европска. Затоа, клучно е СДСМ да победи на изборите. Сите добро знаете дека не претерувам кога велам дека само кога СДСМ победува, победници се и државата и граѓаните.

Лукаревска истакна дека во времето на кризи ниту еден граѓанин не беше заборавен.

-Се грижевме за сите граѓани, да им останат работните места, да добијат помош оние кои работат во приватниот сектор, непречено да тече исплатата на пензиите, социјалната помош, помошта за најранливите. Не ги заборавивме ниту земјоделците, ниту сточарите.

За нас проблемите се предизвик. И тука сме. Се бориме со проблемите, не ги сокриваме, не ги подметнуваме кај друг. И затоа ќе победиме. Сите ќе победиме.

Знам дека Крива Паланка и на 24 април и на 8 мај ќе го направи најдобриот избор- Стево Пендаровски и Социјал демократскиот сојуз на Македонија. Ви ветувам дека заедно ќе ја прославиме победата. Тоа е победа на граѓаните, победа на Европска Македонија.

Нема откажување од иднината, таму е нашата заедничка победа, рече носителката на третата изборна единица, Сања Лукаревска, се наведува во партиското соопштение.

Поради селфи, туристи ѝ одзеле мече на мајката- казнети се (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во вторник на 16 април во округот Бункомб, Северна Каролина.

Шест лица се снимени како извлекуваат младенчиња на мечка од гранки на дрвото, кои ги фатиле, се со цел да се фотографираат. Така земале две мечиња, а едно дури им испаднало од раце за време на снимањето.

Штом видеата од инцидентот стигнале до експертите за диви животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за ABC 13 News изјави дека кога стигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно младенче на мечка. Целото било влажно и замрзнато, па било однесен во болница да закрепне. Затоа, сосема е можно никогаш да не можат да се вратат во дивината, бидејќи мечките кои растат со луѓе не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да му го уништил животот на мечето само за да добие убава слика за социјалните мрежи.

- Сметаме дека мечката преживеа прилично трауматично искуство. На луѓето кои го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно младенче мечка да се одвои од својата мајка, а особено да се откине од дрво на овој начин – рекол Хобс, пренесува Унилад.

Подеднакво загрижена е и Џоди Вилијамс, раководител на Здружението Помош мечки од Ешвил.

- Сè поради слика. Повторувам, поради една фотографија. Многу ми е жал за ова мало мече и ми се гади од себичноста на овие луѓе. Токму тоа е - себичност - изјави Вилијамс.

По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од тоа што го направиле овие шест луѓе, а тие, покрај светската популарност што не ја барале, за сето тоа морале да разговараат и со полицијата.

Ковачевски: Просечна пензија од 30.000 денари за пензионерите кои ја изградија оваа држава

За нашите пензионери кои ја изградија оваа држава ќе обезбедиме просечна пензија од 30.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари во новиот мандат.

За нашите пензионери кои ја изградија оваа држава ќе обезбедиме просечна пензија од 30.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари во новиот мандат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија.

Изборот е кристално јасен. На 8-ми мај одлучувате помеѓу надеж за подобра, европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање назад со ДПМНЕ, потенцираше Ковачевски.

Јас ветувам, завет давам дека ќе работам ден и ноќ да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани да живеат во европска Македонија. Не се откажавме досега, нема да се откажеме ниту отсега. Ние не се откажуваме од иднината. СДСМ и Коалицијата за европска Македонија имаат конкретен план. План за обезбедување европска иднина за граѓаните, за уште поголеми плати и пензии, повеќе инвестиции, повеќе и подобри работни места, развиена економија по европски стандарди, рече Ковачевски.

Тоа ќе го потврдиме со формирањето на новата проевропска Влада по двојната победа на 8 мај на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, порача вечерва во Гевгелија претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер