СЗО: Ќе можеме подобро да се бориме со вирусот кога ќе знаеме се за него

По шест месеци, откако СЗО беше известена од страна на кинеските власти дека имаат пациенти со пневмонија, а не го знаат причинителот, истрагата за изворот на Ковид-19 започнува следната недела. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Заев на средба со граѓани: Рудник во Иловица нема и нема да има, на ВМРО-ДПМНЕ профитот му е поважен од граѓаните

При денешната посета на Струмичкиот регион, претседателот Зоран Заев беше на средба со жителите на населеното место Иловица.

Со граѓаните, претседателот зборуваше за спроведените мерки и политики, решенијата од новата Програма, а главен фокус беше ставен на темата со рудникот за бакар и злато Иловица - Штука.

Пред присутните претседателот Заев нагласи дека тој и СДСМ го одржаа зборот и затоа денеска во Иловица нема рудник кој би ја загрозил природата и животната средина.

- Кога во 2016 на парламентарните избори и во 2017 на локалните ја баравме вашата поддршка, дадовме збор дека рудници овде нема да има. Денеска стојам пред вас и со гордост можам да ве погледнам затоа што зборот го одржавме. Струмичката котлина, нашиот Огражден ги спасивме од рудникот на смртта. Тешка беше таа борба, ја водевме со години, но верувавме дека ќе успееме и успеавме. Денес, вие граѓаните од Иловица, но и целиот овој крај можете да бидете горди што не дозволивте да се отвори рудник и што заеднички успеавме да ја зачуваме животната средина и оваа наша плодна земја, оваа наша прекрасна природа, порача Заев.

Тој се осврна и на ветуваањата на ВМРО-ДПМНЕ за отворање на рудници и нивниот пристап кон интересите на граѓаните.

- ВМРО-ДПМНЕ донесе сериозен проблем со концесиите за рудници. Тој проблем посветено го решававме со вас граѓаните и за целото тоа време, ВМРО-ДПМНЕ не само што не се извинија, не само што не признаа дека погрешиле пред граѓаните, туку го гледаме нивниот носител Игор Јанушев, пак рудници ветува, пак нови маки за граѓаните. Тоа само покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ само профит ги интересира, не им се важни интересите и здравјето на граѓаните, заштита на природата, не, само профит и пусти пари им се важни. Е затоа ќе си останат во опозиција уште 4 години. Бидете спокојни, во Иловица рудник нема да има, заклучи претседателот Заев.

Делчевчани подарија 48 крвни единици на денешната крводарителска акција

Успешно спроведена редовната крводарителска акција за месец јули во Делчево. Денес, како што информираа од делчевскиот Црвен крст, хуманите граѓани ја надминаа очекуваната бројка, при што делчевчани подариле 48 крвни единици.

– Акцијата која ја организираше Општинската организација на Црвен крст, може да ја окарактеризираме како успешна, бидејќи очекувавме од 30 до 40 крвни единици, но и покрај топлото време на наше изненадување и задоволство собравме безмалку 50 крвни единици, за што искрено им се заблагодаруваме на крводарителите, истакнаа од Црвен крст Делчево.

Акцијата како што додадоа, се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје и Одделението за трансфузиологија при Јавната здравствена установа „Гоце Делчев" од Делчево.

За време на реализирањето на крводарителската акција беа почитувани сите мерки и препораки за заштита од вирусот Ковид-19.

Спасовски на средба со тимот што ја изврши првата трансплантација на срце: Извршивте зафат што претставува круна во кардиохирургијата и медицината воопшто

 Премиерот Оливер Спасовски денеска во Владата, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче се сретна со дел од тимот што ја направи првата трансплантација на срце на 23 мај годинава.

На кои им додели благодарница за историскиот подвиг, посебно именувајќи ги сите кои учествуваа во сложениот зафат.

На средбата, соопшти владината прес-служба, присуствуваше и синот на донорот Емилија Динева, Влатко Динев, на кого премиерот Спасовски симболично му врачи благодарница, изразувајќи му огромна благодарност од свое лично име и од име на Владата.

– Благодарницата за семејството Диневи, сакам лично да му ја предадам на синот на Емилија Динева, Влатко и да се заблагодарам прво за нејзината лична одлука, а потоа и за согласноста на семејството нејзината одлука да ја претворат во трајно сеќавање за нејзиниот исклучителен хуман гест и желба, своите органи да ги дарува на оние на кои им се во моментот најпотребни за да продолжи друг живот", рече премиерот Спасовски, кој ја искористи приликата да се заблагодари и на Иван Огненовски, кај кого беше извршена трансплантацијата и на неговото семејство, кои, како што подвлече, покажаа доверба во домашното здравство и во стручноста на целиот тим и му посака добро здравје.

Обраќајќи се кон тимот, лекари и медицински персонал, премиерот Спасовски истакна дека успешната трансплантација на срце е историски резултат и вистински подвиг и сведоштво за висината на експертизата и стручноста на целиот здравствен систем во нашата земја, бидејќи опфати голем број здравствени институции и поединци кои се вградени во ова историско остварување.

– Во време кога целото наше внимание, сиот наш здравствен систем е ставен во функција на справување со најголемата глобална здравствена криза заради пандемијата со КОВИД-19, вие се обединивте, ги здруживте вашите капацитетите, знаењата, искуството и стручност за да извршите зафат што претставува круна во кардиохирургијата и медицината воопшто, оцени премиерот Спасовски.

Посочи дека во изминатите години, Владата силно инвестираше во здравствениот кадар како столб на здравствениот систем – луѓето кои го обезбедуваат здравјето, кои што ја овозможуваат грижата и негата за сите граѓани, потенцирајќи дека тоа ќе продолжи и понатаму со целосна поддршка на министерот Филипче и Министерството за здравство, при што со медицинските работници разговараше за актуелните решенија и активности во здравството.

Министерот Филипче пред присутните истакна дека со оваа постапка се заокружија два големи сегменти во здравствениот систем во нашата земја: трансплантацијата и кардиохирургијата.

– Ова е само почеток на една успешна соработка. Со овој чин се подигна свеста да се донира орган. Ги направивме сите подготовки за тоа што треба да значи трансплантација на срце. За кратко време се организираше целата работа и се заврши во најдобар ред. Направивме еден т.н „heart" тим во којшто членуваат сите кои имаат познавање со кардиохирургијата. Од срце се заблагодарувам на семејството на починатата за хуманоста која ја покажаа на дело, рече министерот Филипче.

Директорот на Клиниката за Државната кардиохирурхија, Сашко Јовев им се заблагодари на претставниците на Владата за тоа што го препознаа нивниот труд.

– Трансплантацијата на срце претставува врв во срцевата кардиохирургија и во медицината воопшто. Но, ова што практично би требало да го препознаеме сега има научен, стручен, човечки мотивиран потенцијал, пред сè во државното здравство кој треба да биде препознаен. Единствено ни треба само малку ветар во грб, а се останато оставете го на нас. Сакам да се заблагодарам на синот на починатата затоа што спасија три животи. Со трансплантацијата не треба да престанеме тука. Оваа програма мора да постои, да опстои, да се развива, а ќе ја развиваме со помош од државата, медиумите и сите мотивирани стручни лица кои го претставуваат тимот, рече д-р Јовев.

притисни ентер