СЗО ја пофали Кина за мерките против коронавирусот

Строгите здравствени мерки спроведени од Кина го одложија ширењето на коронавирусот за два до три дена во земјата, или за две до три недели во странство, соопшти денеска  Светската здравствена организација (СЗО).

„Стратешкиот и тактичен пристап што Кина сега го презема е вистинскиот“, изјави директорот за управување со вонредни состојби на СЗО , Мајк Рајан, на прес конференцијата, прашан за карантинот и здравствениот надзор во Кина.

Рајан го оцени третманот на јапонските власти со крстосувачот „ Diamond Princess “ на кој се шири вирусот додека бродот е изолиран при пристигнувањето на пристаништето во Јокохама.

„Несреќен развој на настаните се случи на тој брод“, рече Рајан.

Тој истакна дека бродовите и хотелите се познати како добра подлога за ширење на вирусот и заклучи дека би било важно да се научат лекциите од случајот. На овој брод има и тројца македонски државјани , од кои едниот е позитивен на коронавирусот.

Зекири: Потпретседателите на партијата ги предлага претседателот по конгресот

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири денеска не откри детали дали повторно ќе биде предложен за потпретседател на партијата.

Прашан дали на престојниот конгрес на партијата ќе биде предложен за потпретседател, Зекири на денешната прес-конференција, рече дека тоа е право на претседателот на партијата.

Потпретседателите на партијата, како што појасни, не се бираат на конгрес, туку нив ги предлага претседателот на партијата по конгресот.

– На конгресот не се избираат потпретседатели на партијата. Тоа право го има претседателот на партијата. Тој ги предлага потпретседателите по конгресот. Согласно статусот, сега имаме четири потпретседатели, но ова е право на претседателот на партијата, рече Зекири.

Уписот на ученици во прво одделение во Карпош се одвива непречено

Уписот на ученици во прво одделение, во сите десет основни училишта во Карпош се одвива непречено, информира Општина Карпош.

Од Општината информираат дека откако родителот или старателот ќе ја достави документацијата, Комисијата за упис на првачиња, составена од педагог, психолог и еден одделенски наставник спроведува интервју со децата кои од престојниот септември ќе бидат првачиња.

-Согласно податоците од Министерство за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, во Карпош оваа година предвидено е да се запишат околу 778 првачиња, соопшти Општина Карпош.

Разговорите со идните ученици се спроведуваат согласно Протоколот за упис, а училиштата ги користат еко-училниците на отворено, каде што разговараат со ученикот и вршат проверка на основните вештини, се наведува во соопштението од Општината.

Расте бројот на жртви во израелско-палестинскиот конфликт

Во ескалацијата на судирите меѓу Израел и Хамас, бројот на жртви денеска се зголеми на најмалку 43 убиени во Газа и шест во Израел.

Палестинските сили истрелале стотици ракети кон Израел, кој изврши силни воздушни напади врз Појасот Газа.

Палестинските сили потврдија дека истрелале 210 ракети кон Тел Авив и Бершеба по израелскиот воздушен напад во Појасот Газа, а израелската армија соопшти дека соборила третина од тие ракети и оти ги гаѓала милитантите во Газа како одговор на ракетните напади врз Ерусалим и други области.

Една повеќекатна станбена зграда во Газа е урната, а друга е сериозно оштетена откако повеќе пати беше погодена во израелските воздушни напади.

Израел соопшти дека неговите авиони утрово гаѓале и убиле неколку разузнавачки лидери на Хамас, а други напади биле насочени кон други воени цели на Хамас.

Претставници на Министерството за здравство во Газа потврдија дека во воздушниот напад има 43 жртви, вклучително и 13 деца, а израелските сили соопштија дека ги проверуваат овие извештаи и оти приоритет е избегнување на цивилни жртви, и дека нивните акции ги ограничуваат на воени цели.

Израелските политички лидери и војската соопштија дека убиле десетици „милитанти" и извршиле напади врз објекти што ги користел Хамас.

притисни ентер