СЗО и 30 држави со иницијатива – Лекувањето на коронавирусот да биде јавно добро

Триесет земји, предводени од Светската здравствена организација (СЗО), денеска започнаа иницијатива за споделување на дијагностичките алатки, лекови и вакцини како „јавно добро“ во борбата против глобалната пандемија на коронавирус.

„Вакцините, тестовите, дијагностиката, третманите и други важни инструменти како одговор на коронавирусот мора да бидат достапни за сите, како глобално јавно добро“, рече Карлос Алварадо, претседател на Костарика.

СЗО изрази загриженост дека богатите земји, кои издвојуваат огромни суми пари за развој на вакцини и лекови против „ковид-19“, ќе „се пробијат на чело“, откако ќе се најде ефективен одговор на болеста и затоа ја започнаа иницијативата „Повик за акција за солидарност“.

Во моментов се работи на повеќе од 100 вакцини и лекови.

Швајцарија, дом на производителите на лекови Рош и Новартис, исто така се плаши од националистички пристап кон развојот на вакцините и има се повеќе луѓе ширум светот кои истакнуваат дека проблемот со вакцините против САРС-КоВ-2 не треба да се остава само на закононите на пазарот, бидејќи тоа може да доведе до проблеми со снабдувањето и астрономски цени.

Во моментов, дистрибуцијата на вакцините е оставена на законите на пазарот и силата на индивидуалните пазари.

Но, Меѓународната федерација на фармацевтски производители и асоцијации предупредува да не се поткопа системот за заштита на интелектуалната сопственост, за кој тврди дека фармацевтската индустрија дозволува соработка и ќе биде потребна по завршувањето на пандемијата, да се подготват здравствените системи за нови предизвици.

Фармацевтската индустрија смета дека „Повикот за акција за солидарност“ промовира ист модел за сите и целосно ги игнорира специфичните околности на секоја ситуација, секој производ и секоја земја.

Земји кои одговорија на иницијативата на СЗО се Аргентина, Бангладеш, Бразил, Белизе, Барбадос, Чиле, Доминиканска Република, Еквадор, Египет, Индонезија, Либан, Луксембург, Малезија, Малдиви, Мексико, Мозамбик, Норвешка, Оман, Пакистан, Палау, Панама, Перу, Португалија, Св. Винсент, Гренадини, Јужна Африка, Судан, Холандија, Источен Тимор и Уругвај.

Народна банка и ЕБОР потпишаа Меморандум на разбирање

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Народната Банка на Македонија со задоволство известуваат дека Народна Банка е основачки потписник на Финансискиот код на жени предприемачи во Македонија.

Народна Банка и ЕБОР потпишаа Меморандум за разбирање на настан во просториите на Народна Банка на 28 Март 2024, во Скопје, каде се обврзаа да работат заедно на имплементација на кодот и званично да го објават почетокот на истиот во Македонија. Финансискиот код за жени предприемачи е иницијатива поддржана од ЕБОР, Финансиската иницијатива на жени предприемачи и националната коалиција на јавни и приватни ентитети. Кодот има за цел да го зголеми финансирањето на микро, малите и средни претпријатија управувани од жени. Како потписник за Македонија, Народната Банка е горда што ќе овозможи лидерствово соработката со останатите домашни институции, со цел да ја подобри размената на информации и да превземе активности кои ќе помогнат да се отстранат ограничувањата и финансиските јазови за жените претприемиачи.

Финансискиот код за жени предприемачи е основан во 2017 година, од Светска банка со поддршка во вид на донации од 14 влади. До денес има дистрибуирано над 3 милијарди американски долари (2,8 милијарди евра) на над 150.000 бизниси управувани од жени во земјите во развој и оние со среден приход.

Ангеловска Бежоска, Гуренер на Народната Банка на Македонија изјави: ,,Поддржувањето на бизнисите управувани од жени е круцијално во борбата за родова еднаквост. Централната Банка ќе биде активно инволвирана во образување на клиентите за можностите и обврските кои кредиторите ги имаат кон нив, како и за обезбедување на информации за кредитирање на компаниите управувани од жени, кои ќе придонесат кон подобар пристап на жените претприемачи во финансирањето”.

Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Македонија истакна: ,,За нас во ЕБОР, промовирањето на родова еднаквост е еден од врвните три стратешки приоритети, а поддршката на жените претприемачи е клучен дел од тоа. Финансискиот код на жени претприемачи е неверојатно интересна можност за катализирање на постоечките напори во оваа област. Ни претставува задоволство да соработуваме со Народна Банка на Македонија".

ЕБОР и Народна Банка ќе работат заедно во зголемување на бројот на потписници на Кодот, обезбедувајќи ентитети кои даваат финансиски услуги, поттикнувајќи соработка со креаторите на политиките и другите играчи во еко системите, за да ја го зголемат генерирањето на податоци за родовата застапеност кај МСП, и да промовираат користење на креирани политики и производи кои се добри за микро, малите и средни препријатија, управувани од жени.

Македонија се приклучи на ЕБОР во 1993 година. До денес има инвестирано над 2,6 милијарди евра во над 180 проекти, од кои скоро половина во приватниот сектор. Приоритет на Банката за земјата е да ја поддржи конкурентноста, зелената транзиција и натамошната интеграција во регионалните и глобалните пазари.

ЕБОР

Руски воени бродови навлегоа во Црвеното Море, соопшти морнарицата

 Неколку руски воени бродови поминаа низ теснецот Баб ел Мандеб во Црвеното Море и покрај нападите на јеменските борци Хути врз трговски бродови, соопшти руската Пацифичка флота.

Телевизискиот канал „Ѕвезда“ управуван од Министерството за одбрана ја цитираше морнарицата дека рускиот крстосувач „Варјаг“ и фрегатата „Маршал Шапошников“ биле меѓу бродовите што навлегле во Црвеното Море.

Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права

 Кралот на Маорите на Нов Зеланд денеска повика на китовите да им се дадат основни човекови права за да се заштитат ранливите видови.

Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права како што е правото на здрава животна средина за да се овозможи обнова на нивната популација.

- Звукот на песната на нашите предци ослабна, а живеалиштето е загрозено. Затоа мора да дејствуваме сега, рече Тухеитија во редок јавен настап.

Во 2017 година, Нов Зеланд донесе закон со кој се дава правен субјективитет на планината Таранаки и реката Вангануи, кои се важни за Маорите, домородни луѓе кои сочинуваат околу 17 отсто од населението на Нов Зеланд, или околу 900.000.

Тухеитија смета дека давање ист статус на китовите би делувало како „наметка на заштита“.

Тој се обрати заедно со високиот поглавица на соседните острови Кук, Травело Ту Арики.

Тие се залагаат домородните знаења да се комбинираат со науката за да се обезбеди „похолистички пристап“ за зачувување на китовите.

- Китовите играат витална улога во здравјето на целиот наш океански екосистем, рече Травел Ту Арики. „Мораме итно да дејствуваме за да ги заштитиме овие прекрасни суштества пред да биде предоцна“, додаде тој.

Сините китови можат да пораснат до 30,5 метри и да тежат до 200 тони.

Но, големината не ги штити. Шест од 13-те големи видови китови се загрозени или ранливи, според WWF, светската организација за заштита на природата.

притисни ентер