СЗО ги повика САД и Кина да се обединат во борбата против корона вирусот

Светската здравствена организација вечерва ги повика САД и Кина да ги обединат своите сили во борбата со пандемијата од коронавирусот.

СЗО ова го упати како своевиден одговор на критиките на Трамп дека СЗО лошо се справува со пандемијата и оти Вашингтон можеби ќе го прекине финансирањето во оваа организација..

,,Ве молам не го политизирајте овој вирус. САД и Кина треба да се обединат и заедно да се борат со овој опасен непријател. „карантинот, политизирањето на Ковид-19 … не треба да губиме време во покажување со прст. Треба да се воздржиме. Во исто време, би сакал да ја искористам можноста и да им се заблагодарам на САД за дарежливата поддршка досега, која верувам ќе продолжи и понатаму.”, рече  директорот на Тедрос Аданом Гебрејесус.

притисни ентер