СЗО: Договорот со Фајзер ќе им овозможи на сиромашните земји да се вакцинираат од февруари

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека постигнала договор со „Фајзер“ за 40 милиони дози од нивната вакцина „ковид-19“, што ќе овозможи вакцинирањето да започне во февруари во сиромашните земји според програмата COVAX.

Програмата COVAX, чија цел е да обезбеди правичен пристап до вакцината против ковид-19 за сиромашните земји, потпиша договори за стотици милиони дози, но имунизацијата допрва треба да започне.

Вакцината на Pfizer е моментално единствената што има итно одобрување од СЗО, а разгледувањето на одобрување за двете кинески вакцини започнува следната недела.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, на брифинг изјави дека новиот договор со „Фајзер“ треба да овозможи во февруари да започне вакцинирањето на здравствените работници.

Директорот на „Фајзер“ Алберт Бурла изјавил дека 40 милиони дози од вакцината ќе бидат продадени на непрофитна основа. Тој рече дека тоа е првичен договор и дека во иднина повеќе дози може да се продадат преку COVAX.

Пешевска: Денес е денот на нејзиното височество – жената,среќен 8-ми март

Почитувани дами, Ви се обраќам на овој посебен ден за нас жените, Меѓународниот ден на жената, кој се празнува низ целиот свет. 

Своевремено, Клара Цеткин во 1911 година за прв пат го организирала овој ден на жената, како резултат на нејзината борба за женски права.

И во 21 век ние говориме и се бориме за женски права и рамноправност во сите сфери во општеството. И ако некој ме праша дали е доволно направено? Секако дека ќе кажам не.

Бидејќи и покрај многуте закони во нашата земја, сепак во изминатиов период бевме сведоци на низа дискриминации на жените,

Како што беше случајот со родилката од Дебар.

Текстилните работнички ширум земјата во време на пандемијата.

Жените вработени во приватниот сектор, кои и во време на пандемија одеа на работа.

Мобингот врз вработените во општина Лозово и мобингот низ многу институции во државата.

Скандалот со групата „Јавна соба“ на телеграм, преку која се вршеше насилство врз жени и девојчиња и уште многу други случаеви.

Пандемијата не уназади во женските права бидејќи откако се затворија градинките и училиштата, жените во поголем дел останаа дома, се грижеа за домот и семејството, некои ги загубија своите работни места и со тоа жената стана уште поранлива.

Сите податоци покажуваат дека во време на пандемијата има зголемување на семејното насилство за 45%, од кои што најголем број жртви се токму жените.

Владата носеше мерки, за кои немаше родова анализа и сите мерки допринесоа за устоличивување на родовиот стереотип дека жената треба да биде само мајка и домаќинка.

Не можам, а да не ги спомнам здравствените работнички кои беа најизложени во борбата со короната, со што ја заслужуваат сета наша почит и благодарност. Тие се херои на ова време.

Сите овие случувања покажуваат дека треба уште поревносно да се залагаме за женските права, треба да го кренеме гласот за секој еден случај на дискриминација или насилство, говор на омраза, па во таа насока, јавно ги повикувам сите женски политички организации да се обединиме и заедно да се избориме за заштитата и унапредување на правата на секоја една жена во Република Македонија.

Ние, жените го заслужуваме тоа.

Жената е таа која има дарба да дарува живот, жената го трасира патот на своите деца и ако таа е столб на семејството, тогаш можам слободно да кажам дека жената е столб на општеството.

Ние жените покрај тоа што сме успешни мајки и домаќинки, сме успешни деловни, вработени жени, во сите сфери во општеството.

Денес е денот на нејзиното височество - жената!

Бидете горди, што сте жени.

Мудри, достоинствени, храбри и силни, а истовремено нежни и внимателни.

Среќен 8-ми март!

Жаклина Пешевска, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ

За една недела се самопопишале над 32.000 лица од дијаспората

Во првата недела од пописот, преку електронската апликација се самопопишале 32.752 лица од дијаспората, соопшти заводот за статистика.

-Бројот на попишани расте секој ден. Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено. Ги охрабруваме и мотивираме иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат. – сооштија од заводот за статистика и потсетуваат дека иселениците можат да се самопопишат до 21 април.

Утре без струја делови од општините Ѓорче Петров и Кисела Вода

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 13:30 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од дел од улицата „Борис Сарафов", спроти поранешна полиција, улиците „Борис Сарафов" зграда 2 и 4, „Крсто Раковски", булеварот „Партизански Одреди" кон „ЈСП", Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 08:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од населбата Драчево: дел од улицата „Живко Фирфов" бр.85, 38, 40, 42, 44, 48, Општина Кисела Вода, а од 11:00 до 15:00 часот корисниците од населбата Драчево, односно улицата „Чупино Брдо", Општина Кисела Вода.

притисни ентер