СЗО: Богатите земји со правењето резерви на вакцини ја продолжуваат пандемијата

Богатите земји кои се расправаат околу вакцините против „ковид-19“ мора да ја разгледаат состојбата во посиромашните делови на светот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Официјалните лица на СЗО ја дадоа изјавата откако Европската комисија соопшти дека се согласила за планот за контрола на извозот на вакцини од Европската унија, вклучително и од Велика Британија, велејќи дека тоа морало да го стори за да си обезбеди сопствени залихи.

ЕУ, чии земји-членки се далеку зад Израел, Велика Британија и Соединетите држави во однос на вакцинацијата, се обидува да се снабди додека најголемиот западен производител на вакцини ја забавува испораката на вакцини до Унијата поради проблеми со производството.

„Ако натрупаме вакцини наместо да ги споделуваме, ќе се случат три големи проблеми. Првиот, како што реков, ќе биде катастрофален морален неуспех, вториот, пандемијата сепак ќе биде жива и трето, глобалното економско закрепнување ќе биде многу бавно. “, рече на виртуелен брифинг генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус.

„Изборот зависи од нас и се надевам дека ќе го направиме вистинскиот избор“, рече тој, скоро една година по прогласувањето вонредна состојба поради појавата на коронавирусот.

Мајк Рајан, главен експерт за итни случаи на СЗО, рече на брифингот, на кој присуствувала и бабица од Уганда и медицинска сестра од Пакистан, дека луѓето треба да мислат на овие колеги кои се во првите редови во борбата против инфекцијата.

Тој ги осуди земјите кои „се борат за колачот“, додека здравствените работници во сиромашните земји „немаат пристап ниту до трошките“.

СЗО вели дека светот треба да го диверзифицира својот синџир на снабдување за вакцината „ковид-19“ и дека треба да бара други снабдувачи.

Организацијата минатата недела соопшти дека постигнала договор со Pfizer и BioNTech за 40 милиони дози вакцини и дека треба следниот месец да започне со дистрибуција на вакцини за сиромашните земји, како и на оние со пониски примања, како дел од програмата COVAX.

СЗО се надева дека ќе добие итно одобрување за употреба на вакцината од AstraZeneca и од Универзитетот Оксфорд во рок од две недели, рече Соумја Сваминанатан, главен научник на СЗО.

Маријангела Симао, помошник генерален директор задолжена за пристап до лекови и здравствени производи, рече дека СЗО минатиот петок одржал состанок со руските производители на вакцини, а треба да се одржат повеќе состаноци додека чекаат дополнителни информации.

Дневен хороскоп за 20. април 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 20. април 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Оние кои се на удар на различни додворувачи , денеска ќе бидат малку под нивно влијание. Оние во врска ќе се чувствуваат добро.

Кариера

Зацртајте го минимумот што треба да го одработите и држете се до тоа. Се друго е добивка.

Здравје и совет

Дишите со полни гради.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Истражувањето на сопственото незадоволство не е начин да ги подобрите односите , ако притоа не понудите и некои конкретни решенија.

Кариера

Ќе ви треба добра доза на самоконтрола да се откажете од искушението за да напуштите некои деловни планови.

Здравје и совет

Поработете на себеси.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачи. Тоа ќе биде позитивен чекор и олеснување.

Кариера

Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено .

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Рак 22.6. -22.7.

Љубов

Ако сте во отуѓена и воинствена фаза со другата страна , денеска кон се че пристапите полежерно , а ќе постои и одредена блискост.

Кариера

Многумина денеска ќе мора да бидат услужливи кон своите соработници , но тоа нема да им биде тешко. Можна е мала здодевност на работното место.

Здравје и совет

Пад на имунитетот.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Некои ќе размислуваат за промени во односот со саканата личност , но подобро е ништо да не заклучуваат или да одлучуваат.

Кариера

Сега ви е веќе сосема јасно дека не ги држите сите конци во свои раце , но тоа не ве загрижува колку прашањето до кога ова ќе трае.

Здравје и совет

Бидете пореални.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои ќе се подготвуваат за голем говор во своите глави . Не го изразувајте се уште она што го мислите, но можете да го подготвите.

Кариера

Пред вас се нови можности , но за да се впуштите , ќе треба првин да решите една заостаната работа.

Здравје и совет

Никогаш не е готово.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе ве заинтригира една секојдневна ситуација , зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал.

Кариера

Добро ќе соработувате со сите , а најдобро со помладите соработници или со деца. Тоа ќе ви биде уживање.

Здравје и совет

Можете да ги решите недоразбирањата.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Нема да се збуните , ако другата страна малку ве испровоцира. Напротив , тоа ќе го искористите уште повеќе да ја зацврстите врската.

Кариера

На некои ќе им изгледа како се да им е однапред зацртано , па немаат многу простор за маневрирање.

Здравје и совет

Не се откажувајте.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Се што имате , би сакале да споделите со другата страна , освен амлите семејсни недоразбирања и грижи што денеска се појавуваат.

Кариера

Веројатно ќе се најдете веднаш до значајни вложувачи во вашата работа , но работите нема да бидат дефинирани ниту готови.

Здравје и совет

Прошетајте на воздух.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , бидете доследни.

Кариера

Можеби ќе ппсакате сите да ве остават на мир , за да го одработите со концентрација својот дел од работата. Ќе ви појде од рака.

Здравје и совет

Опуштете се во слободното време.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Весела дружба , провод и забава денеска ќе ви се мешаат со интуитивните видувања , со што лесно ќе читате меѓу редови.

Кариера

Веројатно ќе добиете меил , порака или повик во врска со еден деловен проблем , што не е мал , но сега може да се реши.

Здравје и совет

Можете малку да се опуштите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Можен е повик на личност од вашето семејство , што ќе ги засени вашите љубовни случувања или ќе ве оддалечи накусо од партнерот.

Кариера

Ако имате проблем како да го сработите она што требате , сетете се на вашите стручни знаења и бргу ќе дојдете до решение.

Здравје и совет

Наспијте се.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

притисни ентер