СВР Велес казни 65 возачи за брзо возење

Вчера,  од 12.00 до 18.00 часот, на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. 

Притоа, биле регистрирани и санкционирани 65 прекршоци, од кои 27 во Велес, 19 во Кавадарци и 19 во Неготино, информира портпаролот Верољуб Додевски.

На несовесните возачи им биле изречени соодветни казни поради прекршување на Законот за сообраќај.

Борис Џонсон и неговата сопруга Кери го очекуваат второто дете

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери очекуваат уште едно бебе, објавија денеска британските медиуми.

Нивното прво дете, синот Вилфред, се роди во април минатата година, објави Ројтерс.

Медиумите објавија дека Кери им напишала на своите пријатели на Инстаграм дека се чувствува „неверојатно благословена“ што е повторно бремена.

Хамилтон конечно дојде до пол позиција и шанса за стота победа

Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес) беше најбрз во денешните квалификации за ГН на Унгарија, 11 -та трка на Светското првенство во Формула 1.

Неговиот тимски колега, Финецот Валтери Ботас, го имаше второто квалификациско време. Трет беше Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), лидер во генералниот пласман, а четвртиот резултат го постигна Мексиканецот Серхио Перез (Ред Бул).

Во генералниот пласман, водечкиот Верстапен има 185 бодови, потоа Хамилтон со 177, додека на третото место е Британецот Ландо Норис (Мекларен) со 113 поени.

Две езера во Аргентина станаа розови, научниците загрижени (ВИДЕО)

Две езера во крајбрежниот регион Патагонија во Аргентина станаа флуоресцентно розови поради сеуште необјасниви феномени за кои локалните екологисти стравуваат дека можат да бидат предизвикани од индустриска контаминација.

Езерата, лоцирани во близина на индустриски парк во предградието на аргентинскиот град Трелев, се наоѓаат на прашлива рамнина Патагонија. Во објавите на официјалната веб -страница на општина Трелев стои дека службениците на таа општина неодамна наишле на камион кој фрла отпад во одводот.

Властите дале спротивставени мислења за локалните медиуми дали е ненадејна промената на бојата на езерото, но еколозите се многу загрижени.

Локалниот активист Пабло Лада, член на аргентинската Национална еколошка мрежа (РЕНАЦЕ), за Ројтерс изјавил дека ова потенцијално може да се должи на бојата додавана на ракчињата што се одгледуваат во близина, за да ја добијат нивната типична розова нијанса.

„Мислам дека оваа розова лагуна открива колку лошо се постапува со отпадот во близина и во самото езеро“, рече Лада.

Локалните и регионалните службеници за заштита на животната средина ги истражуваат причините и потенцијалните оштетувања на езерата, но сеуште немаат донесено заклучоци.

притисни ентер