Светскиот магазин eYs од Австралија со ново признание за Канал 5 ТВ

„eYs Global, eYs Magazine“ годишно им оддава почит на поединци, групи и организации кои создаваат глобално влијание преку нивната страст и визија, покривајќи ги сите континенти на нашата планета. Огромна чест е и ние да бидеме дел од ова семејство

Наградата од еYs Global магазинот за Канал 5 ТВ и директорот Иван Мирчевски беше соопштена од основачот на „eYs“ магазинот Јасмина Сидеровски, која при тоа издвои:

„Честитки, Иван Мирчевски и Канал 5 ТВ Македонија, за вашата извонредност во глобалната заедница. Вие сте витална движечка сила за медиумските организации. Добивте признание за вашата истакната извонредност, стои меѓу другото во соопштението“.

Во седиштето на ДУИ се слави

Пред седиштето на ДУИ во Мала Речица веќе се слави.

Претходно на прес конференција беше кажано дека денот на изборите поминал во фер и демократска атмосфера и велат дека очекуваат гоплема победа на нивниот кандидат Бујар Османи.

Тинејџерка во училиште во Британија со нож нападнала двајца наставници и девојче

Тинејџерка е уапсена откако на училиште со нож нападнала двајца наставници и ученичка, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил околу 11.20 часот.

„Токму по 11.20 часот утринава добивме повик да за инцидент во училиштето Аман Вали во Кармартеншир. Службите за итни случаи веднаш пристигнаа и училиштето беше затворено заради безбедноста на сите во просториите. Три лица, две учителки и една тинејџерка, беа пренесени во болница. Тинејџерката е уапсена поради сомнение за обид за убиство и во моментов е во притвор.

Додадоа и дека соработуваат со училиштето и даваат поддршка на секој што има потреба.

Апелираа и да се отстрани видеото од нападот од социјалните мрежи.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот се уште не се познати.

притисни ентер