Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА

Сто деведет и четири случаи на заболени од ХИВ/СИДА се регистрирани во Македонија од 1987 година досега. Од нив 25 годинава, а во 2012 година 23. Болни од СИДА биле 143 од СИДА, а 51 ХИВ позитивни. Од СИДА во Македонија умрело 71 лице.

Од новорегистрираните 25 лица годинава, 23 се од машки пол, а две лица се од женски пол. Според местото на живеење, од тие 25 лица, 18 се од Скопје, а по едно од Куманово, Богданци, Охрид, Крива Паланка, Штип, Струга и Тетово.

Според начинот на пренесување на ХИВ, 14 лица се заразиле со ХИВ при хомосексуален однос, 10 при хетеросексуален однос, а во еден случај има пренесување од мајка на плод. Од нив, единаесет се на возраст 20 до 29 години, осум - 30 до 39 години, три-40 до 49 години, и по едно на возраст до шест години, од 50-59 години и над 60 години.

Во Програмата за спречување и појава на ХИВ/СИДА за 2014 година од буџетските средства се одобрени 22 милиони денари од кои освен за превентивни активности, голем дел од средствата ќе ги употребат за набавка на антиретровирусна терапија за навремено и соодветно лекување на заболените пациенти.

За оваа година во Програмата за спречување и појава на ХИВ/СИДА предвидени се осум милиони денари кои се предвидени за активности за доброволно советување и тестирање, активности за предавања на учениците во училиштата, за психо-социјална поддршка на лицата со ХИВ/СИДА која ги спроведува Клиниката за инфективни болести и за обезбедување на антиретровирусна терапија.

Според најновите сознанија на СЗО, доколку навреме се открие ХИВ инфекцијата може многу подобро да се третира, се продолжува животниот век на заболеното лице, се намалува смртноста, но во голем процент се спречува пренос на други лица.

Во светот 35,3 милиони луѓе живеат со ХИВ/СИДА. Во 2012 година 2,3 милиони се инфицирале со ХИВ, а 1,6 милиони умреле од СИДА. Секој ден околу 6.300 луѓе се инфицираат со ХИВ, а секој час околу 262 лица.

Од почетокот на емидемијата во 1981 година на источниот и западниот брег на САД, досега, се регистирани повеќе од 75 милиони луѓе инфицирани со ХИВ.

Во светски рамки бројот на нови инфекции кај деца е намален 52 отсто споредено со пред десет години. Оваа календарска година има 260.000 инфицирани деца, а во 2001 година имаше 550.000.

Смртните исходи на лица со ХИВ се намалени за 30 отсто односно во 2012 година умреле 1,6 милиони лица. Од почетокот на епидемијата околу 36 милиони лица умреле од ова заболување. На антиретровирусна терапија во светот се ставени 9,7 милиони лица.

Средба на претставници на БиХ со Гутереш

Претседавачот на Претседателството на БиХ Денис Беќировиќ и членот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ разговараа со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш во седиштето на ОН во Њујорк, јавува босански Аваз.

Во седиштето на оваа меѓународна организација, Беќировиќ и Комшиќ му се заблагодарија на генералниот секретар на ОН за досегашната поддршка за активностите и мерките во борбата против негирањето на геноцидот, говорот на омраза и глорификацијата на воените злосторства во Босна и Херцеговина.

Тие му укажаа на Гутереш важни факти поврзани со Предлогот за резолуција за Сребреница во Генералното собрание на ОН, наведува весникот.

На средбата беше нагласено дека конечните пресуди на највисоките судови на ОН (Меѓународниот суд на правдата и Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија) ​​потврдија дека е извршен геноцид врз Бошњаците во безбедносната зона на ОН во Сребреница. Беше истакната важноста на Генералното собрание на ОН да усвои резолуција за Меѓународниот ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница извршен во 1995 година.

Тие нагласија дека ОН со усвојувањето на резолуцијата за прогласување на 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање и одбележување на геноцидот во Сребреница извршен во 1995 година, ќе укаже на важноста од промовирање на вистината за извршениот геноцид.

Гутереш истакна дека секоја форма на негирање на геноцидот е апсолутно неприфатлива и ја изрази својата целосна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

Во разговорот со Гутереш, Беќировиќ и Комшиќ истакнаа дека главната цел на резолуцијата е да се изгради мир, безбедност и доверба во Босна и Херцеговина и во регионот. Исто така беше истакнато дека усвојувањето на резолуцијата е важно за зачувување на кредибилитетот на ОН и укажување на важноста од почитување на пресудите на судовите на ОН, извлекување поуки од неуспехот на ОН во спречувањето на геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, како и укажување на глобалното значење на превенцијата на геноцидот.

Тие потсетија и на зборовите на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој на 25-годишнината од Дејтонскиот мировен договор, меѓу другото, рече дека изградбата на иднина на мир бара соочување со минатото.

Во зградата на Обединетите нации завчера се одржа презентација на нацрт-резолуцијата за геноцидот извршен во Сребреница во 1995 година. Текстот на резолуцијата го презентираа Германија, Руанда и Босна и Херцеговина, а присуствуваа и ко-спонзорите, кои се 17 на број.

Против резолуцијата зборуваа Русија, Србија, Венецуела, Кина, Северна Кореја и Никарагва

Инаку, Генералното собрание на Обединетите нации ќе гласа за предлог резолуцијата за геноцидот за Сребреница на 2 мај. Пред неколку дена и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи најави дека Македонија ќе биде ко-спонзор на резолуцијата и ја повика Србија да ја поддржи. И Италија и Франција најавија дека ќе ја коспонзорираат нацрт резолуцијата. Според Османи, резолуцијата досега ја поддржале повеќе од 17 земји, меѓу кои Ирска, Финска, Холандија, Албанија, Турција, Јордан, Малезија.

Засега, јавна поддршка за резолуцијата искажаа и Руанда, Германија, Нов Зеланд, Чиле, Франција, Лихтенштајн, Словенија, Соединетите Американски Држави и Италија.

За да се усвои резолуцијата потребна е двотретинска поддршка, т.е. дека за неа гласаат повеќе од 130 членки на ОН. Причината поради која беше одлучено да се предложи резолуцијата до Генералното собрание, а не до Советот за безбедност на ОН, е тоа што би било речиси невозможно СБ да ја усвои таа резолуција.

Klix.ba потсетува дека Велика Британија како една од петте постојани членки на Советот за безбедност во 2015 година предложи резолуција за геноцидот во Сребреница, но Русија како постојана членка, стави вето.

Од друга страна, нема механизам за вето во Генералното собрание, што значи дека одлуката на две третини од државите претставува конечна одлука. Имено, станува збор за принципот „една земја-членка, еден глас“, т.е. гласот на секоја држава е еднаков. Тоа значи дека Босна и Херцеговина ќе треба да вложи големи дипломатски напори за да обезбеди поддршка од повеќе од 130 земји. /МИА

Гасперини: Победата над Ливерпул е како трофеј за Аталанта

-Несомнено ни е важно да освоиме нешто, но победа е и да го видиме единството на овие момци, изјави Гасперини.

Тренерот на Аталанта, ЏанПјеро Гасперини по пласманот на неговиот тим во полуфиналето на Лига Европа, по победата од 3:0 против Ливерпул на „Енфилд“ пред една недела и тесниот пораз од 0-1 синоќа во реваншот, изјави дека елиминирале „одличен тренер и одличен тим“.

- Несомнено ни е важно да освоиме нешто, но победа е и да го видиме единството на овие момци. На полувремето ги прашав дали сакаат малку да се повлечат и да се бранат подлабоко, дали чувствуваат притисок, но тие рекоа апсолутно не! Ова е трофеј за мене, оваа победа е како трофеј за Аталанта, бидејќи тие размислуваат како мене. Кога клуб како нашиот ќе успее да постигне резултати далеку од историјата на Аталанта и Бергамо, морам да го сметам за исклучителен за мојата кариера, за Бергамо и за сите останати, изјави Гасперини.

Во полуфиналето Италијанците ќе ги одмерат силите со тимот на Марсеј, кој по продолженијата и пенали ја совлада португалска Бенфика. Средбите се на 2 и 9 мај. /МИА

За брзо возење вчера казнети 133 возачи низ државата

Во сообраќајна контрола на територијата на државата полицијата вчера казнила 133 возачи поради брзо возење, од нив две возила се  движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, 64 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 69 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.

притисни ентер