Светски препораки за заштита од земјотрес

Ова се дел од светските препораки кои треба да ги следат лицата кои живеат и работат во трусни подрачја – најпрво треба да се направи план а потоа и вежба дали при евентуален земјотрес секој ги знае препораките .


Се препорачува секој да има  подготвено мал пакет кој лесно би се носел и во кој би имало храна високо калорична која може да трае неколку дена , вода во пластични шишиња доволни за еден ден, прва помош, батерија, заштитна маска, прибор за хигиена и батерија за телефон. Хронично болните треба да имаат и резерви од лековите за најмалку 3 дена. 

Исти вежби треба да се направат и во училиштата каде што на учениците треба да им се објасни како треба да реагираат во случај на земјотрес. Но, она што е најважно е да се провери сеизмичката издржливост на објектите. Реакцијата ќе биде многу посмирена доколку се знае дека структурата на зградите е дизајнирана според сеизмички норми.

За време на земјотрес може да се снема струја, телефонските комуниккации да бидат прекинати и да не работи лифтот. Кога земјотресот ќе здрма, немојте да трчате, бидејки дел од предметите кои паѓаат ќе можат да ве повредат. Излезете надвор кога земјотресот целосно ќе запре. Може да се вклучи и алармот за пожар иако нема пожар. Не чекајте да видите дали земјотресот е силен или со среден интенизтет туку веднаш  наведнете се, покријте се и држете се цврсто. Избегнувајте ги прозорците што можат да пукнат –  доближете се до потпорниот ѕид и клекнете бидејки може ќе биде потешко да стоите. Заштитете ја главата и вратот со вашите раце.  Овие правила важат и за во канцеларија и за во домот.

Во правилата се предупредува и на афтершковите кои се појавуваат подолг период по силен земјотрес и кои можат  да следат  веднаш по првиот удар. Но главна напомена е дека сите овие правила треба да се применуваат само кога сме сигурни дека зградата нема да се урне.  Примената на овие техники ке не заштити само од повредите што може да ги предизвикаат предметите што ќе паднат. Во овие препораки јасно пишува дека никој не може да предвиди што ке се случи при посилен земјотрес кога  ногарките ќе попуштат, а објектот падне врз лицето под него.

За теоријата - таканаречениот триаголник на животот,  никој со 100 проценти не тврди дека ќе може да не спаси од катасрофален земјотрес и засега не е официјално препорачана од официјална организација. Според оваа теорија, по удар на земјотрес треба да се завземе положба на фетус  до голем и тежок предмет што се претпоставува дека ке биде заштита при евентуално уривање на големи плочи создавајки простор во форма на триаголник.

Факт е дека зградите формираат џебови кога се уриваатно исто така никој не може со сигурност да предвиди каде би се формирале таканаречените триголници за преживување. Откако ке помине земјотресот, ако можете помогнете им на повредените, на инвалидизираните луѓе, и не се враќајте во домот доколку не се провери дали има некакви оштетувања, протекувања на гас или мали пожари.
притисни ентер