Светски ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди

Секоја година, третата недела од ноември, се одбележува Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, соопштуваат од РСБСП. 

Овој ден е посветен на милионите загинати или повредени во сообраќајни несреќи на светските патишта и на членовите на нивните семејства, како и на сите оние кои се соочуваат со физички или психички последици од сообраќајни незгоди. Овој ден се одбележува од 1993 год., а во 2005 година ООН го прогласи за светски ден кој се одбележува секогаш во недела во третата седмица од месецот ноември. Многу релевантни институции и организации од целиот свет работат напорно на подигнување на свеста кај учесниците во сообраќајот за последиците од сообраќајните незгоди со цел да се намали бројот на загинати и повредени. Во Република Северна Македонија, минатата година, 116 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди. Жртвите и повредите на патиштата се ненадејни и трауматски настани чие влијание е долготрајно. Годишно, во светот, околу 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони лица се здобиваат со повреди. Покрај ова, последиците од ваквите незгоди дополнително директно влијаат врз животите на уште најмалку четворица од околината на секоја жртва во сообраќајна незгода. Оттаму, овој ден има за цел да ја потсети јавноста на лицата кои настрадале во сообраќајни незгоди, да им се даде помен на истите, но и да се допре до свеста на сите учесници во сообраќајот со цел тие да размислат за сопствената одговорност, како и за последиците од сообраќајните незгоди. Затоа РСБСП упатува апел: „Да ја поттикнеме свеста на учесниците во сообраќајот за почитување на правилата и прописите во сообраќајот, а со тоа и за намалување на сообраќајните незгоди, со што ќе се намали и бројот на загинати и повредени лица! СТОП ЗА СМРТТА НА ПАТИШТАТА!“

#ВозиОдговорно #СветскиДенЗаСеќавањеНаЖртвитеОдСообраќајниНезгоди

Британија нема да и врати на Грција делови од Партенон

Британската влада пред посетата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Лондон најави дека нема да го промени ставот за сопственоста на скулптури од Партенон. 

Скулптури од Акропол биле земени од Атина од лордот Елгин во 19 век и оттогаш се наоѓаат во Британскиот музеј и покрај силната кампања за нивно враќање во Грција, објави Политико.

Мицотакис пристигнува во Лондон и според британски медиуми, членовите на неговата влада одржале серија „приватни состаноци“ со високи претставници на Британскиот музеј за да разговараат за потенцијалниот договор за заем за античкото уметничко богатство. Секоја промена во статусот на скулптурите на Партенон, која минатата година доведе до жесток спор меѓу Грција и тогашната конзервативна влада во Лондон, ќе треба да биде одобрена од британската влада, бидејќи Законот за британскиот музеј од 1963 година спречува нешто да се отстрани од неговата колекција.

За време на спорот на Грција со ториевците минатата година, Кир Стармер, кој сега е премиер и во тоа време беше лидер на опозицијата, одлучи да се сретне со Мицотакис откако тогашниот премиер Риши Сунак ја откажа средбата со него поради жестокиот спор околу сопственоста. на скулптурите.

Портпаролот на владата во Лондон, синоќа рече дека „нема планови за промена на постојната политика на владата за реституција“.

Во пресрет на посетата на Мицотакис, од кабинетот на Стармер соопштија дека тоа прашање нема да биде на дневен ред на денешната средба. Наместо тоа, Стармер ќе инсистира на теми како што се континуирана поддршка за Украина и прекин на огнот во Газа.

Белата куќа настапи во заштита на одлуката на Џо Бајден да го помилува неговиот син Хантер

Од Белата куќа синоќа испратија пораки дека претседателот Џо Бајден го помилувал својот син Хантер поради стравувања дека неговите политички противници ќе продолжат да го гонат Бајден помладиот и во иднина.

Од Белата куќа синоќа испратија пораки дека претседателот Џо Бајден го помилувал својот син Хантер поради стравувања дека неговите политички противници ќе продолжат да го гонат Бајден помладиот и во иднина, во чисто политички мотивирани судски процеси.

Изјавата доаѓа во услови на гласни критики кон претседателската одлука како и од демократите, така и од републиканците.

Демократот Бајден, чииот мандат завршува на 20 јануари кога функцијата ќе ја преземе новоизбраниот претседател-републиканец Доналд Трамп, во неделата потпиша указ за безусловно помилување на Хантер Бајден. Шефот на Белата куќа изјави дека, според неговото мислење, неговиот син е предмет на селективна правда и е неправедно обвинет од политичките противници на претседателот.

Претходно, Бајден во два нарати изјаие дека нема намера да потпише одлука за помилување на својот син.

Оваа неочекувана одлука предизвика критики од страна на републиканците, како и од некои демократи, кои тврдат дека тоа ја поткопува довербата на јавноста во владеењето на правото – концепт врз кој Бајден и неговата партија ги засноваа нападите кон Трамп.

Хантер Бајден беше изведен пред суд за даночни прекршоци и обвиненија поврзани со купување оружје, по долгогодишен притисок од републиканците во Конгресот, кои го обвинуваа за склучување деловни договори користејќи го името на својот татко, но не успеаја да докажат јасна врска меѓу неговите дејствија и политичките функции на Бајден.

Прес-секретарката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, синоќа застана во одбрана на претседателот, изјавувајќи дека, според Бајден, Хантер би се соочил со понатамошни гонења од своите противници. Таа, исто така, нагласи дека Бајден верува дека ако не биде помилуван, ова ќе продолжи и по неговото заминување од функцијата. Жан-Пјер, која претходно повеќепати изјавуваше дека Бајден нема да го помилува својот син, појасни дека ситуацијата се променила.

-Една од причините зошто претседателот ја донесе одлуката за помилување е што неговите политички противници, најверојатно, не беа подготвени да ја свртат страницата. Изгледаше дека ќе продолжат да го гонат неговиот син. Тоје убеден во тоа, изјави таа за новинарите во авионот „Air Force One“ за време на летот на Бајден за Ангола.

Жан-Пјер забележа дека ова не е првпат претседател да помилува член на своето семејство. На пример, Бил Клинтон го помилува својот полубрат Роџер, а Трамп – свекорот на својата ќерка, Чарлс Кушнер.

Таа додаде дека Бајден продолжува да му верува на Министерството за правда, и покрај неговата изјава дека судскиот процес против неговиот син бил „политизиран“.

-Две работи можат да бидат вистинити истовремено: претседателот навистина верува во правичен систем и работата на Министерството за правда, но исто така верува дека неговиот син беше предмет на политички мотивирано гонење, изјави таа.

Жан-Пјер одби да даде детали за тоа зошто и како Бајден го променил своето мислење и не појасни дали резултатите од неодамнешните избори, на кои републиканците добија контрола над Белата куќа и двете тела на Конгресот, влијаеле врз оваа одлука.

Републиканците го обвинија Бајден за корупција, додека демократите се поделени во своите ставови: некои тврдат дека тој ги ставил интересите на семејството над интересите на земјата, а други укажуваат на именувањата на Трамп во судскиот систем како оправдување за оваа одлука.

Хантер Бајден во септември призна вина за даночни прекршоци во федералниот суд во Лос Анџелес, а изрекувањето на казната беше закажано за 16 декември, под претседателство на судијата Марк Скарси, кој беше номиниран од избраниот претседател Доналд Трамп. Поротата го прогласи Хантер за виновен во јуни за лажни изјави при проверка за купување оружје; пресудата за овие обвиненија исто така се очекуваше овој месец.

Во неделата, Бајден изјави дека неговиот син бил предмет на селективна правда и бил неправедно обвинет за разлика од други лица во слични околности. „Ниту еден разумен човек кој ги проучил фактите околу случајот на Хантер, нема да дојде до друг заклучок освен тоа дека Хантер беше избран само затоа што е мој син – и тоа е погрешно,“ изјави тој.

Доцна во неделата вечерта, адвокатот на Хантер Бајден поднесе барање за укинување на обвиненијата.

Трета тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет

 Во организација на Министерството за правда денеска во Апелацискиот суд Штип ќе се одржи тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет на Република Македонија.

Како што информираат од Министерството за правда, настанот е во соработка и со поддршка од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото.

-Целта на настанот е поттикнување стручна расправа за содржината на нацрт измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, подготвени од страна на работна група во рамки на Министерството за правда, велат од Министерството.

Тркалезната маса е трета од неколкуте настани за консултации кои Министерството за правда ги организира, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе придонесе кон унапредување на законската рамка која го уредува работењето на Судскиот совет. Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основ за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на Законот за судскиот совет.

притисни ентер