Светската економија тоне, рекореден пад во ЕУ и САД

Предвиувањата на ММФ и Светската банка се остварија.Поради пандемијата, светската економија е во хаос, а рекореден пад бележат и ЕУ и САД.

Евростат објави дека во ЕУ економската активност е намалена за околу 12 проценти во вториот квартал од оваа година, што е најголем пад од 1995 година.

Како што објавија во Вашингтон, американската економија, која е најголема во светот, потона за неверојатни 32,9 проценти на годишно ниво во вториот квартал, што аналитичарите веќе ја оценија како „историска“.

Според ММФ, просечниот пад на економската активност во развиениот дел на светот оваа година треба да биде 6,1 процент, додека падот во земјите во развој ќе биде значително помал, само еден процент... Кога станува збор за земјите во развој, руската економија би требало да „потоне“ 5,5 проценти оваа година, што покрај коронакризата, ќе влијае и падот на цените на енергијата.

Од друга страна, двете големи економии, Индија и Кина, треба да ја завршат годината во плус.

Сообраќајот во Панамскиот канал почна постепено да се нормализира

Администрацијата на Панамскиот канал соопшти дека од средината на мај значително ќе го зголеми бројот на резервации за транзит на бродови поради прогнозите за попуштање на сушата, која значително го намали транзитот во изминатите две години.

Од 7 до 15 мај низ каналот дневно ќе минуваат по 24 бродови, а од 16 мај 31 брод, соопшти управата. Во јуни ќе отворат можност за дополнителни резервации и за Неопанамакс и ќе додадат уште еден брод за транзит низ главниот канал.

Управата одлуката ја образложува со смирувањето на сушата, што беше видливо и во проценките за нивото на водата во вештачкото езеро, акумулацијата за полнење на каналот.

Во 2023 година тие во неколку наврати го намалија транзитот, а во јануари годинава беше за 42 отсто помалку отколку во најфреквентниот месец минатата година, покажуваат податоците на УНКТАД.

Транзитот на бродови се намалува веќе две години поради сушата, истакнаа од УНКТАД, потсетувајќи дека долгорочните нарушувања во транзитот, особено во контејнерскиот транспорт, може директно да ги загрозат синџирите на снабдување. Ова, пак, може да доведе до доцнење на пратката и повисоки трошоци и инфлација, нагласуваат тие.

Знаците за опоравување на сообраќајот низ Панамскиот канал се појавија во март кога властите првпат почнаа да примаат повеќе резервации. /МИА

Кавадарци одобри над два милиони денари за проекти на невладини организации

Општина Кавадарци одобри над два милиони денари за проекти на невладини организации. 

Во салата на општинската зграда, градоначалникот Митко Јанчев, заедно со претставници на граѓанските организации, денеска ги потпиша договорите за реализирање на проектните активности.

- Се работи за повеќе приоритетни области за 2024 година, согласно распишаниот јавен повик за прибирање на предлог проекти, наменети за организации, регистрирани на територијата на општината Кавадарци, појаснија од Општината.

Оттаму додадоа дека финансиски средства од локалниот буџет се одобрени на вкупно 22 организации, со одобрен буџет за финансирање од 2.210.000,00 денари. /МИА

О.Балкан и гласањето за Косово во СЕ „јаболко на раздорот“ меѓу Македонија и Србија?

Џафери од Приштина најави дека Македонија ќе го поддржи членството на Косово во Советот на Европа.

Џафери од Приштина најави дека Македонија ќе го поддржи членството на Косово во Советот на Европа, во интервју за Приштинскиот економија онлајн Џафери вели дека делегацијата на Собранието на Република Македонија ги има сите инструкции да ја поддржи иницијативата, бидејќи смета дека Косово и земјите од регионот „треба да бидат членки на сите меѓународни организации“.

„Како земја која го поддржува Косово, ги дадовме сите инструкции што треба да ги дадат нашите претставници во надлежните органи. Конкретно, во Стразбур, делегацијата на Собранието на Република Македонија ги има сите инструкции да ја поддржи иницијативата и гласот за членство на Косово“.

Вели Џафери во интервјуто.Непосредно по нивната заедничка средба и косовската претседателка Османи соопшти дека Џафери дал целосна поддршка за членството на Косово во Советот на Европа.

Речиси во истовреме во Скопје на прес конференција министерот Бујар Османи пак најави дека ќе и предложи на владата Македонија да ја напушти иницијативата Отворен Балкан, поради сомневањата дека Србија е инволвирана во инцидентот во Бањска.

За поранешниот амбасадор Јован Донев во овие чекори гледа тенденција на влошување на односите со Србија, што е најмалку потребно за регионот во актуелниот светски политички моментум.

На Парламентарното собрание во Стразбир денеска пратениците ќе се изјаснат околу документот подготвне од грчката пратеника Дора Бакојани, на што му претходеа и писмата што до европските лидери ги испрати српскиот претседател Вучиќ во кои ги повика уште еднаш да размислат за прифаќање на Косово во СЕ .

Инаку, во однос на Отворен Балкан албанскиот премиер Рама уште во декември кажа дека регионот сега треба да се фокусира на Берлинскиот процес.

притисни ентер