Светска банка за „ДВ“: Заштитата од пожари во модуларната болница е надлежност на директорот

Планот за заштита од пожари требало да го изработи и спроведе болничкиот персонал под раководство на директорот на болницата во Тетово. 

Ова стои во одговорот кој го доби Дојче Веле откако пред неколку дена ја објави проектната за тетовската модуларна болница во која беа наведени надлежностите на централната и локалната власт, како и на првите луѓе на тетовската Клиника. Од Светска Банка навеле дека модуларната болница била градена според меѓународните и домашни стандарди без да ги коментираат техничките спецификации на проектот за што посочиле дека очекуваат на истрагата.

-Проектната листа за изградба на модуларните болници вклучуваше конкретни мерки фокусирани на заштита од пожари и подготвеност за итни случаи за време на изградбата, а исто така постоеше обврска да се воспостави План за заштита од пожари на почетокот на работата на објектот. Тој план требало да се изработи и спроведе од назначениот болнички персонал под одговорност на директорот на болницата.-Светска Банка за Дојче Веле.

Оттаму укажале и дека согласно нивните препораки сите нови згради треба да бидат дизајнирани, изградени и раководени во целосна усогласеност со локалните закони за градење и регулативи, и во согласност со меѓународно прифатени стандарди за заштита на живот и заштита од пожар.

Според документот кој го обелодени Дојче Веле за тетовскиот ковид - центар надлежни биле општината и директорот на болницата Флорин Бесими кој понуди оставка. Тој фигурира како изведувач, во локалниот надзор, како и во делот на локалниот инспекциски надзор.

Во меѓувреме обвинителството ја продолжува истрагата за случајот а јавности ги очекува и наодите на германскиот тим форензичари. Оттаму засега не откриваат нови детали откако последно информираа дека интензивно се работи и се повикуваат на разговор повеќе лица.

Во меѓувреме, опозициската ВМРО ДПМНЕ во собранието инсистираше на анкетна комисија за случајот, партискиот лидер Христијан Мицкоски порача дека повторно ќе ја достават иницијативата до Џафери со новото уставно име на државава.

Пратениците од СДСМ останаа на став дека треба да се почека истрагата на институциите, обвинувајќи ја опозицијата за политизирање на случајот.

-Парламентот не е ниту истражен орган, ниту обвинителство, ниту суд. Да почекаме резултати од истрагата и тогаш ќе разговараме за фактите и аргументите во такво тело кое би се формирало.- Пратеничка група на СДСМ.

Бербок: Израел по војната треба да се откаже од контролата врз Појасот Газа

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека Израел тредба да ја отстапи контролата над Појасот Газа штом ќе заврши војната против Хамас.

Бербок во интервју за медиумската група „Функе“ истакна дека власта треба да биде предадена на „Палестинците – ослободени од Хамас, од терор, самоопределени и со демократски избрана влада на сите Палестинци, вклучително и тие од Западен Брег“.

- Тоа нема да се случи преку ноќ, но не треба да го изгубиме од вид политичкиот хоризонт, особено сега за време на војната, посочи Бербок.

Според неа, германската Влада работи со арапските партнери за да се осигури дека решавањето на конфликтот на принципот на две држави за двата народа, Палестинците и Израелците, нема да стане фатаморгана. Тоа вклучува изградба на цивилна инфраструктура, реформи на Палестинската управа, економско закрепнување и безбедносна структура, вклучувајќи безбедносни гаранции и за Израел и за Палестинците.

- И ова значи и потсетување за израелската Влада дека политиката на населување не само што го попречува создавањето на палестинска држава, туку и буквално го попречува мирот. Затоа само решението за две држави може да донесе траен мир и безбедност на народот на Израел, наведе Бербок.

Според неа Израел треба да биде уверен дека никогаш повеќе нема да се соочи со терористичка закана од Палестина, како и Палестинците да можат да водат безбеден и достоинствен живот на својата земја.

- Ова, се разбира, значи дека и соседните арапски држави мора да бидат вклучени, бидејќи таму им се верува, но и затоа што се блиски пријатели на Израел, затоа Германија, а исто така и САД и Велика Британија се толку загрижени за политички хоризонт“. /МИА

За два дена две деца каснати од бездомни кучиња во Тетово

Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците.

Во изминатите два дена, две деца се повредени поради напади и каснувања од бездомни кучиња, а граѓаните со разни дописи до нашата редакција алармираат дека и од дома не можат да излезат поради глутниците.

Во СВР Тетово вчера 59 годишник од тетовско Беловиште пријавил дека малолетниот син околу 20 часот бил каснат од куче скитник на крстосницата на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „Борис Кидрич“. Четириесет и седумгодишниот тетовец, С.С. на 27 март во 21 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека на улица „Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово, неговата ќерка била касната од куче скитник, се вели во информациите на СВР Тетово.

Жител на населбата „Борис Кидрич“ и истоимената улица испрати фотографија до нашата редакција на која се гледа како глутница кучиња застанале пред премин и сите што поминуваат се соочуваат со страв.

- Иако важи за фреквентно место населбата „Борис Кидрич“ и истоимената улица се предизвик за граѓаните да поминат да си отидат дома, до работа или каде било да се движат. Бараме да преземат соодветни мерки и итно да се најде начин за справување со бездомните кучиња. Утринава бев нападнат од нив, а верувам дека и стотина ученици кои наутро одат на настава со страв поминуваат, се нападнати и ја избегнуваат локацијата. На враќање од работа, истата случка, од толку многу кучиња не може да се помине, вели Александар од оваа населба.

На 14 март градоначалникот Биљал Касами на новинарско прашање кога ќе почне најде соодветна начин за справување со бездомните кучиња, се пожали дека има опструкции во подготовка на тендерот.

- Во делот имало некои компликации како што за жал се случува тука кај нас, за се да се прави препрека на општината. Во делот на подготовка на тендерската документација за да се објави, но работиме да се расчисти тоа да се објави тендерот за избор на фирмата која ќе се грижи за тие кучиња за да согласно тоа работиме во делот на тргање на тие кучиња од градот, истакна Касами.

СВР Тетово на 13 март бележи вкупно шест пријави од граѓани кои биле повредени при напад од бездомни кучиња. Повредени се четири малолетници, како и двајца мажи на 44 и 54 години. Според евиденцијата во СВР Тетово преку 30 луѓе годинава за повредите од бездомните кучиња побарале да биде евидентирано од полицијата.

ОН: Во Појасот Газа повеќе нема сигурно место за цивилите

Обединетите нации соопштија дека треба да се истражат снимките на кои се гледа како израелски војници убиваат двајца палестински цивили и ги закопуваат нивните тела во песок.

- Повеќе нема безбедно место за цивили во Појасот Газа. Секако не можеме да ја потврдиме снимката, но тоа е шокантен настан, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дужарик.

Тој додаде дека случајот мора целосно да се истражи.

На видеото објавено на Ал Џезира се гледа како израелски војници отвораат оган и убиваат двајца Палестинци кои се обидувале да се вратат дома во северниот дел на Појасот Газа.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 32.552 Палестинци, меѓу кои најмалку 14.280 деца и 9.340 жени, а повредени се 74.980 луѓе. /МИА

притисни ентер