Македонија со најмал економски раст во регионот од 2,1 процент за 2022 година, стои во есенскиот извештај на Светска банка. Проекциите на Владата дека годинвава ќе ја завршиме со 3,2 проценти според нив нема да се исполни, туку според нивните анализата на СБ се далеку пониски, а според очекувањата и наредната година нема да се надминат 3 проценти. Според прогнозите на банката Македонија се соочува со најголемата инфлација досега која и понатаму ќе трпи притисок. Не се исклучува ниту можноста за краткорочна рецесија иако постојат надежи дека нема да се продлабочува. Од светска банка советуваат да се преземат сериозни политики за придвижување на економијата. За ублажување на ценовните шокови, цените да не замрзнуваат, туку да се насочиме кон субвенции.
Забелешки има и за работата на собранието. Се кочат сериозни реформи за кои не требаат многу пари, а се значајни за општеството.
Според извештајот јавниот долг ќе продолжи да се продлабочува, но просторот за задолжување ќе се стесни. Поради ваквата состојба во земјава и регионот се потешко ќе можат да се носат мерки за помош. Годинава, најдобра економија на западен балкан имаат црногорците, а и во следните две години очекувањата се дека трендот на пораст во земјата ќе продолжи. Енергетски е најдобра Србија поради добриот однос со Русија и поради нецелосните санкции кон Москва, вели извештајот.
Во извештајот стои дека во земјава се намалува невработеноста, дури и кај младите. Па на прашањето дали станува збор за иселување или сепак наоѓаат работа, од светска банка велат дека станува збор за вработувања, додека пак оние кои работеле надвор, биле на сезонски ангажмани и не се иселувале, според анкетата и последните бројки од пописот..