Светска Банка: Македонија има Катастар за пример

Македонија има Катастар на недвижности кој е за пример во регионот. Ова е оценката на високи претставници од Светската банка кои денеска беа во посета на оваа институција.

„Преку реформите успеавте да ја претворите Агенцијата за катастар на недвижности од техничка организација фокусирана на инженерскиот аспект и геодетските премери во модерна и фокусирана на давање услуги на клиентите. Клиентите никогаш не се задоволни и сигурна сум дека има уште многу работи кои може да се подобрат. Многу импресивно е што сте успеале да го намалите просечното времетраење на трансакцијата за впишување од 60 дена на 1 ден. Реформите поврзани со земјишната политика во голема мера придонесоа Македонија да биде рангирана помеѓу десетте земји со најголеми подобрувања во тој дел и во леснотијата на водење бизнис“ изјави Сари Содерсторм, Светска Банка.

Целта на посетата на претставниците од Светска банка и делегацијата од Никарагва, е размена на искуства, во рамки на проектот за реформа во земјишната политика.

„Имаме слушнато многу убави работи за Македонија. Нам во Латинска Амерка ни имаат кажано дека овој проект со вашата Агенција за катастар е најуспешниот во рамки на соработката со СБ. Претставниците на СБ споменаа дека Никарагва е земја во која добро се спроведува овој проект и се надевема дека можеме да си покажеме многу работи и да научиме едни од други, наведе Естрада“ изјави Херман Естрада, директор на Катастарот на Никарагва.

„Соработката се темели на основниот проект почнат во 2005 година за регистрација на недвижен имот и воспоставување катастар на недвижности. Проектот во 2010 година беше прогласен за најдобар проект на Светската банка и продолжува по истиот назив до јуни 2015 година со носечни активности за дигитализација на катастраските планови, изјави Славче Трпески, директор на Агенција за катастар на недвижности.

Освен Никарагва минатата година и Хондурас го црпела искуството од успешните реформи на Катастарот. Во Романија и Србија исто така македонскиот Катасатар бил споменат како успешна приказна.


Петмина мигранти, меѓу кои и дете, се удавија при обид да го преминат Ламанш

Најмалку пет мигранти загинаа, меѓу кои и едно дете, додека се обиделе да го преминат Ла Манш и да стигнат до Англија во близина на брегот на Вимеру.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот и 30 минути, изјавил градоначалникот на Вимеру, пренесува БФМ ТВ.

Според градоначалникот, спасени се 48 лица, спасувачите се уште трагаат по чамецот, а плажата Вимеру е затворена.

Локалните власти соопштија дека во бродот имало 110 луѓе.

Претходно, во ноќта меѓу 13 и 14 јануари пет лица загинаа на брегот на Вимеру додека се обидуваа да заминат за Британија.

Околу 36.000 мигранти се обиделе да стигнат до Англија преку Ла Манш минатата година.

Прва објава на Кејт Мидлтон, откако откри дека има рак- има посебен повод (ФОТО)

Инстаграм профилот на Кенсингтонската палата објави фотографија од најмладиот син на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Луис, по повод неговиот 6-ти роденден.

Фотографијата ја направила неговата мајка.

На фотографијата е насмеаниот принц Луис, кој денес полни 6 години.

„Среќен 6-ти роденден, принц Луис. Ви благодариме на сите за убавите желби“, пишува на фотографијата.

Ова е прво јавно појавување на војвотката од Велс по долго време откако таа се повлече од јавниот живот откако објави дека боледува од рак. Фотографијата на младиот принц ја направила Кејт, која досега многупати фотографирала детски портрети.

Според Sky news, фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека е немонтирана.

Медиумите пишуваат дека Вилијам и Кејт ја објавиле фотографијата за да им се заблагодарат на сите што им испратиле честитки, а во исто време ја штитат нивната приватност.

Изминатите неколку месеци беа предизвик за семејството откако Кејт објави дека боледува од рак.

Иако се зборуваше дека таа најверојатно ќе се врати на кралските обврски по Велигден, тоа се уште не се случило.

Вооружените сили на Хондурас заплениле 2,7 тони кокаин, наменет за американскиот пазар

Вооружените сили на Хондурас соопштија дека заплениле 2,7 тони кокаин скриен во два глисери.

Запленети се вкупно 2.760 пакувања со дрога, тешки по еден килограм“, потврдил портпаролот на вооружените сили на Хондурас, Сантос Ноласко, пренесува парискиот весник „Фигаро“.

Дел од дрогата бил закопан на плажа на Карибите, а потрагата продолжува за да се најдат други пакети скриени во областа, рече Ноласко.

На 24 март, поморските сили на малата централноамериканска земја заплениле повеќе од 1,3 тони кокаин и уапсиле 10 осомничени шверцери на дрога кои дејствувале во регионот на Карибите.

Од 1970-тите, Хондурас е транзитна рута за кокаин од земјите производители во Јужна Америка до САД, но во јануари 2022 година, по доаѓањето на власт, новиот претседател Ксиомара Кастро вети дека ќе се бори против трговијата со дрога.

Неговиот претходник, Хуан Орландо Хернандез, беше екстрадиран и приведен во САД набргу откако тој ја напушти претседателската функција.

На крајот од историското судење, федералната порота во Њујорк на 8 март го прогласи Хернандез за виновен за олеснување на увозот на 500 тони кокаин во Соединетите држави помеѓу 2004 и 2022 година.

Хуан Ернандез ќе биде осуден на 26 јуни и се соочува со доживотен затвор.

притисни ентер