Истовремено, владата ги укинува ограничувањата воведени заради пандемијата за да и помогне на економијата.
Индија, држава со 1,4 милијарди луѓе, брзо станува светски епицентар на коронавирусот.
Во последните три недели, Индија пријави најголем број на новозаразени на дневно ниво, и по моменталната стапка најверојатно наскоро ќе биде пред Бразил и САД по вкупниот број на заразени.
Министерството за здравство денес соопшти дека 1.045 луѓе починале од последиите на вирусот во изминатите 24 часа, вкупно 66.333 од избивањето на пандемијата. Според податоците од Универзитетот Џонс Хопкин, Индија по бројот на починати е трета во светот.
Инфекциите брзо се шират од луѓето во големите градови во Индија до помалите градови и руралните подрачја.
Индија моментално прави 100.000 тестови дневно, но експертите велат дека тоа не е доволно, тоа и понатаму 32.000 на милион, што е помалку од од тестовите што ги прави САД, земјата со најмногу заразени.
Индискиот совет за медицински истражувања соопшти денес дека земјата спровела скоро 44 милиони тестови на вирусот од почетокот на пандемијата.